Ова е една од оние теми за кои ретко говорам во последно време
Да бидеш во брак не значи да треба да родиш деца
Да родиш деца не значи дека треба да бидеш во брак
Бракот е само правно средство за регулирање на односите помеѓу партнерите во случај ако дојде до разводи такви слични глупости
Доколку партнерот не може да ми направи дете, во ниеден момент не би помислила да го оставам, затоа што сум помислила многу пати како би ми било мене доколку ме остават поради таа причина.
НО..од друга страна пак, јас сама си носам пресуда. Лошо ќе речат, но ако не можам да му родам дете на тој што најмногу го сакам во животов (а не сум во брак сеуште) тогаш ќе си се повлечам и ќе ја прекинам врската.
Човекот со кој што сум сега ги сака децата премногу. Срце не ми дава да го осудам на таков начин. Да нема свои деца. Не е исто да посвоиш и да имаш свое.
Доколку не можам родам би посвоила. НО .. далеку од оваа личност со која сум во моментот.