Брак без деца

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Еден збор, Да ти се измочам во таквиот брак без деца.

Па бракот освен што е љубов значи и проширување на фамилијата т.е деца.

Така да мојот одговор околу тоа дали ќе ја напуштам, оставам итд е ДА.
А што ако виновникот за немање деца не е таа, туку ти? Според твојов критериум саканата треба да те остави и око да не и трепне. Ццццц....:facepalm:
--- надополнето: 18 јуни 2012 во 01:00 ---
Зарем ти исто гледаш на тоа што е твое и на тоа што не е твое .???
Зарем исто ги цениш парите кои ги заработуваш и оние што ги добиваш како поклон од твоите родители од ливче на спортска итд.???

Така е и со децата, ниеден родител неможе да му подари толку многу љубов како љубовта спрема своето дете.
Не ми се верува што читам. Да споредуваш деца со пари и ливчиња на спортска е навистина невкусно... Личност со пари не се споредува. Во духот на твојата компарација, јас парите ги ценам подеднакво, без оглед на тоа дали ми ги дале или се заработени. Според твојата логика, никој не би требало да посвои ниту едно дете, бидејќи нели, не можеш никогаш да го сакаш како твоето.

Овие двајца подеднакво ги сакаат и своите биолошки, но и усвоени деца...Што ќе кажеш на тоа?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Многу тешко прашање. Многу.
Во суштина моето мислење е следново: Ако не можеме да имаме деца од биолошки причини (стерилитет на еден од двајцата, пу, пу, скраја да е), би останала секако. Денес медицината е многу напредна, ин витро има милион начини да се зачне дете. Плус ако и тоа изостане, секогаш постои можноста за посвојување дете, можност која не е воопшто лоша, напротив, одлична можност да се донесе среќа на некое дете, а воедно и да се добие можноста да се стане родител.

Но...НО, ако причината за немање деца е амерички филм од типот: Маче, ај да немаме деца да бркаме кариери, до 35 да не праиме деца, тогаш тоа веќе би било пречка. Или па да ми каже дека воопшто не САКА да има деца...:eek: Тоа би било невообичаена комбинација, не би се гледала со некој кој би имал толку дијаметрално спротиставени ставови од моите.

Значи, ако е причина биолошка дисфункционалност, а има желба од двете страни - тогаш ДА би останала и би се борела со сето срце тоа да успее. Но, ако причината е дека тој не сака да има деца, а може тогаш тешко... Едноставно целите што ги имаме двајцата би биле преразлични, па најдобро ќе биде да се разделиме и секој да си ја бара својата среќа.
 
nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
А што ако виновникот за немање деца не е таа, туку ти? Според твојов критериум саканата треба да те остави и око да не и трепне. Ццццц....:facepalm:
Да
Не ми се верува што читам. Да споредуваш деца со пари и ливчиња на спортска е навистина невкусно... Личност со пари не се споредува. Во духот на твојата компарација, јас парите ги ценам подеднакво, без оглед на тоа дали ми ги дале или се заработени. Според твојата логика, никој не би требало да посвои ниту едно дете, бидејќи нели, не можеш никогаш да го сакаш како твоето.

Овие двајца подеднакво ги сакаат и своите биолошки, но и усвоени деца...Што ќе кажеш на тоа?
А мене не ми се верува дека ти си толку плитка што го зема ова здраво за готово, дали воопшто знаеш што значи зборот: Споредба .??
Кои двајца ти тоа на сон да не виде, тоа е така но 10 во 1000 луѓе, така да воопшто и не се приметува.

Немој воопшто да се трудиш да ми објаснуваш како ти би била поинааква од останатите и дека во светот е различно, знам јас многу добро на своја кожа како е да живееш без еден родител а можам да замислам како е без ниту еден.
Затоа не ми попувај за тоа кој и што треба да направи за да биде подобро, како што се различна големина прстите на рацете така сме различни и ние сите овде.
 
O

Orion.

Гостин

За што збориш? Како без родители? Па посвоителите им се родители на посвоените деца...
 
nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
За што збориш? Како без родители? Па посвоителите им се родители на посвоените деца...
ај направи вака, прашај 100 луѓе кои биле посвоени и потоа пиши колку од нив се пофалиле т.е одговориле позитивно а колку од нив негативно и колку сите заедно се среќни па види кое преовладува.
 
Не те разбирам уопште. . .
Еве под пресумпција денес мојве родители да ми кажат дека сум посвоен односно дека тие не се мои биолошки родители, воопшто нема да ми биде лошо и ништо нема да ми смени во мојот целисходен однос со нив.
 
nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
Не те разбирам уопште. . .
Еве под пресумпција денес мојве родители да ми кажат дека сум посвоен односно дека тие не се мои биолошки родители, воопшто нема да ми биде лошо и ништо нема да ми смени во мојот целисходен однос со нив.
Ако не биле твои биолошки родители верувај дека тоа ќе си го дознаел многу одамна, пошто претпоставувам според начинот на изразување дека не си постар од 25 години.
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
78
Поени од реакции
78
Ако проблемот е во мојот партнер нема да го напуштам, би посвоиле деца... Ако проблемот сум јас, нема да се лутам и да го осудувам доколку реши да ме напушти...

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
271
Поени од реакции
232
nescafe Ај земи пример дали ќе можеш да ги наречер родители оние коишто само те родите и те оставиле, или пак оние кои те израснале, се грижеле за тебе и направиле се за да бидеш среќен и задоволен?
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Да

А мене не ми се верува дека ти си толку плитка што го зема ова здраво за готово, дали воопшто знаеш што значи зборот: Споредба .??
Кои двајца ти тоа на сон да не виде, тоа е така но 10 во 1000 луѓе, така да воопшто и не се приметува.

Немој воопшто да се трудиш да ми објаснуваш како ти би била поинааква од останатите и дека во светот е различно, знам јас многу добро на своја кожа како е да живееш без еден родител а можам да замислам како е без ниту еден.
Затоа не ми попувај за тоа кој и што треба да направи за да биде подобро, како што се различна големина прстите на рацете така сме различни и ние сите овде.
Не сум јас таа што прави плиток муабет овде. Ти да не ги анкетираше сите кои имаат биолошки и посвоени деца, па извади некаков просек дека посвоеното помалку го сакаат??
И да имам свое дете, би посвоила уште едно, бидејќи нема похумано нешто од тоа да подариш љубов на некое отфрлено сираче. И подеднакво би ги сакала. Извини, ама не сме сите себични како тебе.
Ако ја оставиш жената заради тоа што не може да има деца, тогаш ти или таа не знаете што е љубов. Бракот важи во добро и во зло, во здравје и болест...таак е барем со луѓето кои знаат искрено да сакаат.

Има родители кои раѓаат деца и не ги сакаат. Ги даваат на посвојување или ги фрлаат бебињата по контејнери. Обратнопропорционално со посвоителите кои со душа посакуваат дете, но не можат да го имаат. Според твојов муабет, мајката која ќе го фрли бебето во контејнер, повеќе го сака од онаа што го посвоила, пошто нели, го родила.

Најлесно е да направиш дете, но вистински родител е оној кој ќе се грижи за него и ќе му пружа безрезервна љубов.
 
Па затоа реков дека сите не сме исти, како рацете на прстите што се различни така и луѓето, а прост пример сме јас и ти, гледаш и сама ти имаш едно размислување а јас сосема различно.
А за луѓево што да ти кажам, се е изменето, светов не е ист како некогаш пред дваесетина години, пред 20 год за ова ќе лежеа затвор а денес е сосема Ок , резултат на драматична промена во начинот на живот е и ова, а за жал сето ова е само дел има уште многу вакви или различни случаеви.
nescafe Ај земи пример дали ќе можеш да ги наречер родители оние коишто само те родите и те оставиле, или пак оние кои те израснале, се грижеле за тебе и направиле се за да бидеш среќен и задоволен?
Се зависи од тоа како си живеел, тоа има голема разлика.
 
Член од
1 септември 2011
Мислења
177
Поени од реакции
113
ууууууф, колку болна тема... се мислев каков став да завземам ама подразмислив и решив да го пишам само следново ( со оглед дека сеуште не сум мајка а секако најголем успех би ми било кога ќе се реализирам и на тоа поле, и ќе нема поголем трофеј за мене освен детето/ децата што ќе ги имам): не сакам ни да помислам дека не дај Боже нема да можам да имам деца, без разлика во кој од партнерите е проблемот, тоа не знам како би го поднела...Не сакам ни да помислам кои би биле последиците, дали ќе го оставам или ќе бидам оставена, НО знам дека вистински родител не е оној што ќе го створи детето туку оној што ќе го одгледа, ќе му подари љубов, внимание, грижа, заштита и ќе му ги приушти основните задоволства.
Не секој родител е родител во вистинска смисла на зборот, и не секој родител заслужува да биде родител. Апсолутно го поддржувам посвојувањето на деца, но пред да се даде дете на посвојување убаво да се разгледаат условите, и сум против оваа организирана мафија што гледаат како бизнис на посвојувањето.
ДАЈ БОЖЕ СИТЕ ДА СИ БИДЕМЕ ПЛОДНИ, И ДА НИ СЕ РАЃААТ ЗДРАВИ И ПРАВИ ДЕЦА!
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Во ова денешно нечовечко време, ако ми се посреќи да најдам партнер кој ќе го сакам и со кого ќе се решам да го поминам животот - би било повеќе од доволно. Е сега, треба да немам мозок воопшто, за тоа да го фрлам во вода само затоа што тој не би можел да направи дете. За мене знам дека немам проблем де.:)
Не мислам дека е лесно да прифатиш туѓо дете како свое, да не се лажеме и да не зборуваме за тоа како да е купување чоколадо, но доколку има љубов во таа заедница, секако ќе има и доволно мотиви за да би научиле како да го постигнеме тоа. :pipi:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom