- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.832
- Поени од реакции
- 12.334
На збор е лесно, но ова со деца после волку толку години баш и не. Што знам, која е поентата всушност на тоа чекање. Има различни мислења по ова во темава -да се почека, но правата причина дали воопшто постои? На крај краишта секој си планира во својата фамилија, но што ако е мое мислење дека треба прво 10 години да се изнауживам па после деца? Што е значи поентата на конкретната одлука за после 3-4 години или после 1-2 години.Јас мислам дека треба прво двојката во бракот да созрее, да се иживее убаво и после дечиња. Значи 3-4 години па деца:wink:
А вие ?
Кога би биле во брак, кога би имале децА?
И вие што веќе имате деца, кога ги добивте?:wink:
Ако е неспремноста/несигурноста на родителството, тогаш никогаш не си спремен ниту искусен за тоа.
Ако се парите, искуството од Гарфилд е и кај мене, без динар, без работа кога го добив првото дете, али еве уште мрдам
Ако е да се проживее, дали е тој период доволен? Дали пред тоа не проживеале, не се издувале? Или зарем со дете не се живее, ужива и проживува?
Тешко е да се одредува и дава рецепт и точен датум за првото дете. За второ и понатаму океј, состојбата малку е изменета со прво дете, но и тоа не е некој репер за чекање од не знам колку години. Кој кога се осеќа спремен можеби, но која спремност па и тоа е прашање -спремност за што.
Што знам, семејство треба да се планира, но не да се чека ради некои не знам какви причини (како во темата за кариера и брак). Кој чека...
Има доста случаи, но овде причината веќе не ја гледам од психолошка страна туку од самата состојба во која сме -а се однесува на моментот на склучување брак. Живееме 2-3 генерации во една соба, во една куќа...сиромаштија е. Барем во Бутел од една барака се доградуваат собички за другите генерации па во еден двор често има по 2-3 фамилии. Гунгула. Едноставно на синот му даваш една соба за спиење и тој треба да се одлучи за брак и после тоа за заеднички многу битни простории -вц, кујна, дневна. Но тоа е веќе друга тема, да не продолжувам.Со оглед на тоа што бременоста во денешно време во Македонија е првата причина за да се склопи брак