Брак... а деца кога?!

Член од
28 март 2006
Мислења
17.832
Поени од реакции
12.334
Јас мислам дека треба прво двојката во бракот да созрее, да се иживее убаво и после дечиња. Значи 3-4 години па деца:wink:
А вие ?
Кога би биле во брак, кога би имале децА?
И вие што веќе имате деца, кога ги добивте?:wink:
На збор е лесно, но ова со деца после волку толку години баш и не. Што знам, која е поентата всушност на тоа чекање. Има различни мислења по ова во темава -да се почека, но правата причина дали воопшто постои? На крај краишта секој си планира во својата фамилија, но што ако е мое мислење дека треба прво 10 години да се изнауживам па после деца? Што е значи поентата на конкретната одлука за после 3-4 години или после 1-2 години.

Ако е неспремноста/несигурноста на родителството, тогаш никогаш не си спремен ниту искусен за тоа.
Ако се парите, искуството од Гарфилд е и кај мене, без динар, без работа кога го добив првото дете, али еве уште мрдам :)
Ако е да се проживее, дали е тој период доволен? Дали пред тоа не проживеале, не се издувале? Или зарем со дете не се живее, ужива и проживува?

Тешко е да се одредува и дава рецепт и точен датум за првото дете. За второ и понатаму океј, состојбата малку е изменета со прво дете, но и тоа не е некој репер за чекање од не знам колку години. Кој кога се осеќа спремен можеби, но која спремност па и тоа е прашање -спремност за што.
Што знам, семејство треба да се планира, но не да се чека ради некои не знам какви причини (како во темата за кариера и брак). Кој чека...
Со оглед на тоа што бременоста во денешно време во Македонија е првата причина за да се склопи брак
Има доста случаи, но овде причината веќе не ја гледам од психолошка страна туку од самата состојба во која сме -а се однесува на моментот на склучување брак. Живееме 2-3 генерации во една соба, во една куќа...сиромаштија е. Барем во Бутел од една барака се доградуваат собички за другите генерации па во еден двор често има по 2-3 фамилии. Гунгула. Едноставно на синот му даваш една соба за спиење и тој треба да се одлучи за брак и после тоа за заеднички многу битни простории -вц, кујна, дневна. Но тоа е веќе друга тема, да не продолжувам.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Плодот кој со себе го носи бракот се децата.Нема поголема радост за младиот брачен пар од принова и продолжување на нивното име во семејството.
Е сега кога ќе се роди детето е индивидуален избор на секој пар.Некои се зимаат бидејќи девојката е трудна, некои одма што ќе стапат во брак зачнуваат дете, некои чекаат покасно од иск причини.Се е работа на индивидуален избор и мислиење.Секако тука е и спремноста.Не сите се чувствубаат исто спремно за донесувањето на свет ново живо суштество.
Сепак тоа е одговорна работа и јас сметам дека прво фамилија треба да биде финансиски а богами и емоционално стабилна и спремна за новиот член во фамилијата.Секој родител го сака најдоброто за своето дете, па така мислам дека треба даобро да се осмисли и испланира за се детето да расте во здрава средина и се да му биде пружено
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.938
Поени од реакции
900
После свадба одма на работа... :)
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
зависи колку време иделе претходно...ако иделе 3-4 години, па се земале, кое фајде од 1 година :) само меден месец (или два) да помине па време е за сериозност...
Се согласувам со ова.

Јас на пример засега не планирам брак, ама кога ќе се случи тоа сакам да биде комплет со дечиња и се што иде со тоа и што е можно побрзо после склучувањето на бракот. Секако тоа зависи и од одредени околности (кариера, стамбена обезбеденост, финансии и сл) но кога се сака се' се може. Впрочем една од главните цели на бракот е имањето дечиња во една таква нормална заедница за нивно растење и одгледување.
 

Аеродром

Faithful :)
Член од
15 август 2008
Мислења
2.217
Поени од реакции
256
Јас мислам после една-две години.Да се види на што си и дали сте подготвени.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.832
Поени од реакции
12.334
Од списанието -24 часа здравје

Жените не смеат да ја одложуваат бременоста до доцните 30-ти

Жените не би смееле да го одложат раѓањето до доцните 30 и 40 години бидејќи го зголемуваат ризикот од можни компликации, предупредуваат британските експерти. Британскиот Royal College of Obstetricians and Gynaecologist во своето соопштение, меѓу другото, ги охрабрува жените да раѓаат во своите најплодни години, меѓу 2 и 35 година, за подоцна да не жалат поради одложување на одлуката за мајчинство. Тие наведуваат дека жените треба да се освестат и да сфатат дека одложувањето доведува до потенцијални проблеми, неплодност, спонтани абортуси или компликации во бременоста.

- Компликациите во бременоста се почести кај постарите жени, кај нив процентот на царски резови и вештачки предизвикани трудови е поголем, што претставува ризик и за мајката и за детето. Но и покрај тоа ние ја поддржуваме одлуката на жената да роди тогаш кога сака. Голем број жени чувствуваат дека мораат да ја одложат бременоста додека не се докажат на работа, финансиски да се осамостојат или да бидат во стабилна врска. Но клучно е тоа што тие треба да ги знаат сите податоци за можните ризици на доцно раѓање, тврди Луис Силверстоун од Ројал Колеџот.
Податоците говорат дека околу 19% од денешните трудници имаат повеќе од 40 години, а овој број за два пати се зголемил од 80-те години.
Многуте истражувања докажуваат дека плодноста почнува значајно да слабее околу 35. година, а уште поголем пад се бележи кога жената ќе влезе во своите 40-ти години, додека во исто време значајно се зголемува ризикот од спонтан абортус.
Новите истражувања докажуваат дека ни вештачкото оплодување не е гаранција за успех. Жените постари од 40 години имаат поголем ризик од разни компликации, дијабетес во бременоста и зголемен крвен притисок.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Многу често нештата не се според планирато.. Убаво е тоа: ќе се земеме, па 2-3 години ќе работиме па кога ќе ја средиме детската соба може! Неќе да е така во реалниот живот!
На крајот на краиштата животот не би бил тоа што е доколку не е низа на неизвесни и непланираности. Каде е убавината на животот ако е се по протокол? Понекогаш „за жал“, но многу почесто со суштински причинско-последични дејанија секоја ситуација, секоја одлука на Горниот си има свое „зошто“ кое најчесто многу покасно се осознава.
Детето најчесто не се планира; обично доаѓа „неочекувано“:smir: а веста дека ќе имаш бебе секогаш е неочекувана и фрапантна. Со многу планирање многу често превладува рационалниот ум и најчесто се запливува во кариеристичеки води а после, може да биде и доцна.
Можеби е модерно во денешно време во 40-тите години да се раѓа дете, но што по 20 години? Па види, реално не е убаво да не можеш да му се радуваш на детето, кога ќе биде во најубавите години да бидеш пензионер (ако си веќе планер за деца-не значи дека осудуувам било кого)!?!?
Мора да постои баланс: прошетај, живеј па мажи се; неиживеаност е погубна за секоја врска.
Едно е извесно:
не се споделува убавината, возвишеноста и исполнетоста на човек што има дете. И сигурна сум дека еден ден ќе сложите со мене во мислата: „Да знаев колку е убаво-немаше да чекам“:smir:
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Едно е извесно:
не се споделува убавината, возвишеноста и исполнетоста на човек што има дете. И сигурна сум дека еден ден ќе сложите со мене во мислата: „Да знаев колку е убаво-немаше да чекам“:smir:
Вака можеш да си кажеш само откако ќе се го изживееш животот додека "чекаш". :) Кога ќе имаш доволно години и доволно поминати километри по улиците, доволно потрошено време по дискотеките, доволно поделено време со другарките/те, доволно добиено-дадена љубов со дечковците/девојките ... :smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.832
Поени од реакции
12.334
доволно потрошено време по дискотеките, доволно поделено време со другарките/те, доволно добиено-дадена љубов со дечковците/девојките ... :smir:
Тогаш ќе си кажам -доста беше, следната година идам у пензија :)
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Тогаш ќе си кажам -доста беше, следната година идам у пензија :)
А да не си кажеш: Мораше ли на овие години да бидам весела домаќинка? :)
Не мислев дека треба да поминат години како стаж во шетањето, туку дека треба внатрешно да почуствуваш кога ти е доволно. За некои тоа може да бидат 30 години, а за некои и 22 да завршат работа. Се` е индивидуално.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.832
Поени од реакции
12.334
Индивидуално, точно. А тоа индивидуално зависи и од домашно уредување и воспитување, околината, друштвото, самата личност која носи генче во себе и која истовремено се гради врз оние погоре спомнати надворешни услови...
Но колкава и да е желбата за слобода, живот, уживанција, не мислам дека 10 години (ако претпоставиме дека од 14, 15 се интензивира па до 25 години) се малку за таа намена. Секој ден, 20 саати, цела година, десет години. И предоволно за необврзан и лагоден живот. Во однос на чекање финансиски услови не би ни зборувал во услови кога 2-3 фамилии (и покрај тоа што се вработени) се во една куќа (наследство од родител)-што по логика значи дека тие нема да се одлучат за проширување на семејството.
Инаку и на мои години некои си сакаат живот без обврски.
 
Член од
4 октомври 2009
Мислења
257
Поени од реакции
13
Vo brakot ke osetite deka nesto fali a toa e bebence koe ke place , edvaj cekam da mi se sluci toa dovolno e edna godina vo brak pa da imas bebence spored mene :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ја читам темава и не можам да се начудам. Ќе се земете ама нема да направите деца туку ќе чекате 2-3 години за да видите дали сте еден за друг. Па зошто сте се земале бре? За заебанција?
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.774
Поени од реакции
5.094
Познавав се повеќе млади брачни парови , кои се земале - поради деца , девојката останала бремена , па следен чекор - свадба.

Се поретко да одат во брак , па да чекаат дали се еден за друг.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Гледам повеќето се сложиле прво заеднички живот, предбрачен се разбира(како превенција од несакан развод па растурени фамилии а најлошо е кога деца се вмешани па растат без еден родител) па потоа брак и деца и се останато, според мене доволно е 1 до 1,5 година,предбрачен заеднички живот, за да се испита теренот, да се научи партнерот и да се впушти во безбедно пливање во брачни води....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom