Сакам малце и за Физик категоријата да напраам муабет.
Повеќето фанови на бб оваа категорија не ја сакаат и нормално не е толку атрактивна кога речиси пола тело не се оценува. Нозете не се оценуваат, видлив е само долниот дел од нозете и затоа често делуваат безвезе на сцена а речиси сите од овие момци апсолутно ги вежбаат и нозете. И во главната категорија (open) да им стават шорцеви, многу ѕверови ќе изгледаат непропорционално и како да не вежбаат нозе зашто едноставно делот под коленото е најтенкиот дел на телото, едино листовите се видливи како некаков мускул.
Ова е категорија која највеќе одговара на описот на
@desolat т.е. нема ништо претерано, не висат стомаци, нема гротескни фигури и широки неатлетски струкови, како и преголема количина на мускул. Иако, сметам дека категоријава почнува да се доближува до Класик, и апсолутно треба да убацат лимит на тежина во однос на висина, нешто што во класик веќе постои.
Најмногу се оценува ширина на рамења и тенок струк, значи однос рамења и струк е вајда главен параметар за оценка во оваа категорија. Рамен стомак и стомачни исто е еден од главните параметри. На сцена се настапува со позирање а не со стегање како во другите категории. Океј направив некој осврт иако повеќето веќе знаете што е како е категоријава.
Победа во оваа категорија сметам дека е најтешка за еден учесник, од проста причина што има премногу конкуренција, премногу слични типови на тела и најмногу учесници, дупло повеќе него ли во останатите класи.
Брендон Хендриксон тепаше годинава, втора негова титула, иако сметам дека Андре Дуи романецот апсолутно најдобар беше на сцената. Џереми Буендиа е четирикратен шампион во оваа категорија, не учествуваше две години по ред и сметам дека ќе ги растуреше сите на сцена ако беше присутен. Рајан Тери е според мене секогаш потценет натпреварувач и можеби од сите на сцената го има најмногу она Физик, Beach-Body присуство на сцената.
Не го прават овие момци тој wow фактор што го прават поголемите категори, сосема јасно и нормално, али имам респект зашто многу од нив вложуваат максимум во тоа што го прават. Секако дека овој тип на тело е поздрав и пооптимален за нормално функционирање во животот, затоа не секој може и е спремен да учествува во друштво на најголемите момци. Така да не би менувал премногу овде, ако е до мене, би вовел само лимит во килажа со однос на висина, бидејки веќе и овде почнуваат да забегуваат пропорциите.