Ништо мојот човек Роли нема да настапи. Позитивен на ковид. Ми падна интересот за 50 посто, делуваше пред неколку месеци многу јака оваа Олимпија, прво откажа Флекс, па Седрик сега и Роли, Хади не се знае уште дали ќе настапи, некако мех ми е целиов натпревар.
Него што ќе кажете вие, некоја прогноза. По мене Фил ако го средил стомакот, добива лесно, ако не го средил губи. Мислам дека не го има средено, прашање е колку ќе успее да го контролира и камуфлира на сцена.
Ако се лизне Фил мислам Брендон дека добива, евентуално Рами ако излезе во најдобра кондиција во кариера.
Штета за Роли мислам дека ќе излезеше малце помал и најизделкан од било кога, али тоа е.