Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Што мислите за Класик? Типувам дека Крис ќе ја одбрани титулата. Мислам и во 212 дека Камал ќе ја одбрани, на речиси 50 години возраст.

+1 за Крис одлична форма, само бицепсот го кине најслаба пратија ама освен тоа генерално многу добра фигура.

Рече Рами "Winter is coming", монструозно изгледаше на сцена :eek:
Фил добар ама не заслужува 8-ма титула.

80ejexrer2661.png

at0it9c2u2661.png
 
Треба да се сменат драстично работите вечер за Фил да победи. Стомакот уште му е лош и тоа е тоа, нема оправање.
Рами конечно ја погоди работата, вечер да влезе самоуверено само и негова е титулата. Историски би било ако тепа зашто влезе со специјална покана, немаше бодови за да настапува.
Брендон исто е остар и изгледа достојно за актуелен Мистер Олимпија, ќе видиме интересно ќе биде, Хади е коска, подобар од Бонак за мене, али мислам дека Фил нема да победи веќе на оваа сцена.
Кларида го победи Камал бе, свака част, многу изделкан, голем upset во 212, што би рекле америве :)
 
Мислам дека Фил го зезна стомакот после операцијата. Сега го контролира, успева да го држи вовлечен ама како исплакнат му е.

01.jpg
 
Во колку е ова по наше време и дали ќе може негде да се гледа?
Обично кај 5-6 наутро е, лани најдов стрим али годинава изгледа многу тешко зашто е напраен скроз да се плаќа преносот, ради намалена публика во живо... Rx muscle и nick's strength and power каналите на јутјуб обично се најбрзи во известување...
 
Sedi be


@nE0n1nja Ne gu igraj igru ss mene, golem batko od teretanu takoj mi kaza
Автоматски споено мислење:

 

Attachments

  • Screenshot_20201219-090357_Instagram.jpg
    Screenshot_20201219-090357_Instagram.jpg
    652,2 KB · Прегледи: 25
Последно уредено:
Бидна Рами :) Бидна и Крис. Заслужено тепаа дечките, Брендон го доби Фил, заслужено заврши пред него, добро е не победуваат стомаци во последно време :) Маана на Брендон се нозете, доколку му беа попропорционални со горниот дел од телото може и ќе победеше пак, едноставно мора да ги зголеми, што сега на овие години којзнае колку е возможно, турка накај 40.

 
Ги згази сите Рами, апсолутен монструм, заслужена победа конечно. Уште малце само долниот грб да го подобри и ако ја задржи формава ќе гази на уште неколку Олимпии.
Фил толку се курчеше на пресот, не му било гајле за никој бла бла и на крај трет :pos:

big-ramy-2020-mr-olympia-750x938.jpg


Во класик Крис не само што ја одбрани титулата него дојде комплетно подобрен во секој аспект, очекувана победа.

2019 vs 2020 :zver:

2z0mfa0gv6661.jpg
 
Ги згази сите Рами, апсолутен монструм, заслужена победа конечно. Уште малце само долниот грб да го подобри и ако ја задржи формава ќе гази на уште неколку Олимпии.
Фил толку се курчеше на пресот, не му било гајле за никој бла бла и на крај трет :pos:

Прегледај го приврзокот 277638


Во класик Крис не само што ја одбрани титулата него дојде комплетно подобрен во секој аспект, очекувана победа.

2019 vs 2020 :zver:

Прегледај го приврзокот 277639

Претходно од самоувереност Фил се курчеше стално али овојпат изгледа од што немаше веќе муниција. И Хади требаше пред него да биде, Хади повторно како лани веројатно најизделкан од сите натпреварувачи.
Брион го критикуваше Крис за грбот, праење грб годинава Крис од земја го акна и Брион, кој патем заврши трет и тоа е изненадување.
 
Сакам малце и за Физик категоријата да напраам муабет.
Повеќето фанови на бб оваа категорија не ја сакаат и нормално не е толку атрактивна кога речиси пола тело не се оценува. Нозете не се оценуваат, видлив е само долниот дел од нозете и затоа често делуваат безвезе на сцена а речиси сите од овие момци апсолутно ги вежбаат и нозете. И во главната категорија (open) да им стават шорцеви, многу ѕверови ќе изгледаат непропорционално и како да не вежбаат нозе зашто едноставно делот под коленото е најтенкиот дел на телото, едино листовите се видливи како некаков мускул.
Ова е категорија која највеќе одговара на описот на @desolat т.е. нема ништо претерано, не висат стомаци, нема гротескни фигури и широки неатлетски струкови, како и преголема количина на мускул. Иако, сметам дека категоријава почнува да се доближува до Класик, и апсолутно треба да убацат лимит на тежина во однос на висина, нешто што во класик веќе постои.
Најмногу се оценува ширина на рамења и тенок струк, значи однос рамења и струк е вајда главен параметар за оценка во оваа категорија. Рамен стомак и стомачни исто е еден од главните параметри. На сцена се настапува со позирање а не со стегање како во другите категории. Океј направив некој осврт иако повеќето веќе знаете што е како е категоријава.
Победа во оваа категорија сметам дека е најтешка за еден учесник, од проста причина што има премногу конкуренција, премногу слични типови на тела и најмногу учесници, дупло повеќе него ли во останатите класи.
Брендон Хендриксон тепаше годинава, втора негова титула, иако сметам дека Андре Дуи романецот апсолутно најдобар беше на сцената. Џереми Буендиа е четирикратен шампион во оваа категорија, не учествуваше две години по ред и сметам дека ќе ги растуреше сите на сцена ако беше присутен. Рајан Тери е според мене секогаш потценет натпреварувач и можеби од сите на сцената го има најмногу она Физик, Beach-Body присуство на сцената.
Не го прават овие момци тој wow фактор што го прават поголемите категори, сосема јасно и нормално, али имам респект зашто многу од нив вложуваат максимум во тоа што го прават. Секако дека овој тип на тело е поздрав и пооптимален за нормално функционирање во животот, затоа не секој може и е спремен да учествува во друштво на најголемите момци. Така да не би менувал премногу овде, ако е до мене, би вовел само лимит во килажа со однос на висина, бидејки веќе и овде почнуваат да забегуваат пропорциите.
 
Физик треба да ја укинат и да си има само Класик, кога се појави ја викав beach body дивизија ама сега све потешко приметувам разлика од Класик. Пред неколку години кога ја воведоа Класик требаше да ја спојат Физик со неа. Мислам дека ако воведат лимит ќе биде најнеатрактивна категорија и секако ќе замре.
Клипов све кажува :D

 
Маана на Брендон се нозете, доколку му беа попропорционални со горниот дел од телото
Ако реално гледаме, он најестетски изгледа, покрај кловновиве , он е естестски бог према нив, потсеќа на old school бодибилдерите, али управо си , спрема сегашниве стандарди на ОЛИМПИЈАВА, нозете му се слаби према горниот дел на телото.
 
Физик треба да ја укинат и да си има само Класик, кога се појави ја викав beach body дивизија ама сега све потешко приметувам разлика од Класик. Пред неколку години кога ја воведоа Класик требаше да ја спојат Физик со неа. Мислам дека ако воведат лимит ќе биде најнеатрактивна категорија и секако ќе замре.
Клипов све кажува :D

Или тоа или па мене некако најоптимално ми делува 212 дека треба да се укине. Како највеќе да ми боде очи од причина што многу блиску се до отворената дивизија, многу од нив и го прават тој трансфер од 212 накај отворената. Па еден Хади што е 4то место во опен, можеше лесно и втор да го стават, Хади не верувам да тежи повеќе од 225.
Со ова би го качил малку лимитот за килажа на класик, а физик би ја оставил како што е, можеби и таму некој лимит да има за да не се доближат до класик. Ќе се добијат три дивизии сите доволно различни една од друга.
 
Билдеришта,периодов се спремам физички за натпревар и имам по 2 тренинга од кој што едниот е во теретана и кардио кое што не го практикував баш но сега ќе морам. Со исхраната сум океј ,но ми треба суплемент пред се за побрзо опоравување на телото и мускулите од тренинг поточно да ми помогне во целиот процес.Од суплементација не сум зимал ништо само некои витамини од типот на магнезиум и цинк.Поздрав :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom