Колку си висок, тежок и возраст немаш спомнато, да се „издефинираш“ значи да ги стопиш мастите, а воедно да задржиш што е можно повеќе мускул, така да за да ти препорачаме програма тоа е основно што треба да го знаеме, а второ е и кои се твоите можности од физички гледна точка.
Дали можеш да правиш склекови и колку, дали можеш да се дигаш на вратило и колку?
Со еднорачниот тег од 8 кг може да вежбаш бицепс, трицепс, грб и рамо за почеток, за брзо ќе ти стане лесен, али ако можеш да правиш различни варијации на склекови и да се дигаш на вратило немаш проблем, дури и подобра варијанта е ова, ќе поставиш основа и нема да фрлаш пари залудно во теретана како апсолутен почетник, после неколку месеци тренинг со своја тежина ќе можеш брзо да се прилагодиш и во теретана.[DOUBLEPOST=1523384588][/DOUBLEPOST]
Не го вреѓај реброто
Топ си е, ако си на кето ти влегува во комбинација за мерак.[DOUBLEPOST=1523384730][/DOUBLEPOST]
Далеку си од плато, тие првите 2 месеци се во голема мера „нереални“, затоа мислиш дека си стигнал до платото. Јади, усоврши ја формата на вежбите и напредувај со тежините, гледај секој следен тренинг да си подобар од претходниот и ќе имаш резултати.
Креатинот ти е ок за да го земеш, иако и од него немаш некоја потреба на почеток, многу зеленчук, месо, јајца, овес, ориз, риба и ќе имаш резултати.