Ве молам некој нека ми помогне ако може. Значи вака, за сега сакам да почнам да вежбам дома склекови/вратило/стомачни... крајна цел ми е да се оцртам добро за некој месец а коа ке сум при пари ке почнам и во теретана. Исто така дома имам еднорачен тег од околу 8кг. Некој да ми каже дали има смисла да почнам со вежбање во домашни услови.... и НАЈБИТНОТО по која програма да вежбам... пред 3 години исто почнав во април месец дома да вежбам па 1 месец теретана па пак дома и то лето доста се издефинирав..... Кажите ако можите по која програма да вежбам дома (на располагање вратило и тег 8кг имам). Фала.
Колку си висок, тежок и возраст немаш спомнато, да се „издефинираш“ значи да ги стопиш мастите, а воедно да задржиш што е можно повеќе мускул, така да за да ти препорачаме програма тоа е основно што треба да го знаеме, а второ е и кои се твоите можности од физички гледна точка.
Дали можеш да правиш склекови и колку, дали можеш да се дигаш на вратило и колку?
Со еднорачниот тег од 8 кг може да вежбаш бицепс, трицепс, грб и рамо за почеток, за брзо ќе ти стане лесен, али ако можеш да правиш различни варијации на склекови и да се дигаш на вратило немаш проблем, дури и подобра варијанта е ова, ќе поставиш основа и нема да фрлаш пари залудно во теретана како апсолутен почетник, после неколку месеци тренинг со своја тежина ќе можеш брзо да се прилагодиш и во теретана.[DOUBLEPOST=1523384588][/DOUBLEPOST]
Секој почеток е тежок, ако гледаш од таа позиција и почетокот во теретана е нагло голем шок за човек кој немал физичка активност (бидејќи претпоставуваме дека е на џанк фуд).
Значи како ќе почнеш еднаш, така ќе ти остани навика а навиките тешко се менуваат (недај боже да вежба погрешно со големи тежини или да си се почестува со еклер и тулумба после тренинг)...
Секој што вежба (било каков спорт аматерски/професионално) има период кога е на режим на исхрана, и период кога е на свинско ребро и 30ка со кромид
...
Не го вреѓај реброто
Топ си е, ако си на кето ти влегува во комбинација за мерак.[DOUBLEPOST=1523384730][/DOUBLEPOST]
Дечки, идам веќе некое време во теретана и стигнав до некое plateau левел (2 месеци вежбање). До сега не сум пиел протеини, креатини и други суплементи.
Некоја препорака од каде да почнам? Препорака за најдобри брендови за протеини и други суплементи?
Далеку си од плато, тие првите 2 месеци се во голема мера „нереални“, затоа мислиш дека си стигнал до платото. Јади, усоврши ја формата на вежбите и напредувај со тежините, гледај секој следен тренинг да си подобар од претходниот и ќе имаш резултати.
Креатинот ти е ок за да го земеш, иако и од него немаш некоја потреба на почеток, многу зеленчук, месо, јајца, овес, ориз, риба и ќе имаш резултати.