Претходно прашував за "bands" или ластици, ама некако се предомислувам наместо тоа да си земам тегови, иако се поскапи ама тег си е тег. Па да прашам како идат цените низ Скопје, и каде би можел да купам. Во Куманово, во Runners, имаше еден сет со две шипки, 4 по 0.5кг, 4 по 1.25 кг, и 4 тега по 2.5 кг. Што вкупно прави 17 кг + шипка, што претпоставувам е доволно за бицепс бежби ? Овде зборам за мали еднорачни шипки, не од големите. Целиот сет чини 3200 денари, што како што кажа продавачката, му доаѓа по 140 денари килограм. Па да ми кажете дали се исплати, зашто мислам дека некаде прочитав 100ден/кг ? И колку чини голема шипка за со две раце дигање, и дали би ми се исплатело ? Веројатно има посебна продавница само за вакви работи по Скопје. Поздрав