Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Нешто да ми кажете за срцињата(анаболици).Гледам двајца растат како животни.Кажете ми колку можат да бидат штетни ако се користи соодветна заштита и каква би била таа заштита?
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Нешто да ми кажете за срцињата(анаболици).Гледам двајца растат како животни.Кажете ми колку можат да бидат штетни ако се користи соодветна заштита и каква би била таа заштита?
Ништо не е поважно од здравјето, ако веќе купуваш купи си протеин и некој други ствари, лично не разбирам од такви работи, но штом нешто е забрзано и не е по природен пат, веројатно е и штетно.Остај ги двајцата, ако растат брзо не значи дека ќе се качат на месечината, тотално е небитно тоа :)
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Конкретно околу тоа дека мислиш дека не држи болдираното вода, и те како држи. Ако си пробал да тераш "билдерски" живот знаеш што зборам, ако мислиш спротивно и стоиш зад кажаното дај аргументи.
Последното кажано е она што секој мора да го има и поседува за да може да дојде до атлетски градено тело или да води здрав живот со за нему соодветна физичка активност.
Епа така.. другари ми зборат скапо било.. а можат да фрлат по 100че за кладилница,100че за скапан тост,салами и 300 чуда..
оризот на пример цело кило е 50 денари од него јадеш 9-10 пати..протеинското лебче скоро иста цена со обичниот леб,урдата наместо саламите кои се поскапи..итн итн..такада ако се сака ќе се најдат и пари и начин..

сега ако рачунаш ти и да не јадеш здрава храна ќе трошиш пари за "нездрава" храна..Целиот муабет ми е за исхраната и како преку неа можат одлични резултати да се добијат.. сега суплементите,да коштаат пари..тоа е другa ствар : )
 
П

Паган-др

Гостин
Гледам свртевте муабет за урдата.

"Чиста" ја јадете, или имате некој начин на приготвување?
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Гледам свртевте муабет за урдата.

"Чиста" ја јадете, или имате некој начин на приготвување?
чиста јадам јас обичнo ако е солена..и кога гледам да внесувам што е можно помалку калории.. таа несолената малку потешко пошто нема убав вкус.. сега ако сакаш да качиш некое килце можеш и пржена со јајца :D
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247

Во право си единствено туна, телешко и јаткасти плодови се скапи. И овесот е 40 денари пола кило излегува 8 денари по оброк :D со се млеко ни 25 денари нема да фати. Компирот е 10 денари кило, стекот 200 денари за 6 оброка е. Од риба осличот е ефтин Маслиновото масло само на прв поглед е скапо инаку долго трае затоа што по малку се користи. На крај излегува дека сите оброци се поефтини од колку една кока кола или еден сендвич во седмица :D .
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931

Тука си во право за калдилници и сендвичи и слично кога правиш компарација. Ама пак ќе ти кажам од искуство знам дека требаат малце повеќе пари само за исхрана. Мене конкретно дневно ми се потребни минимум 100-120 грама протеин тоа да го извадам од храна стек, урда, млеко, јајца, риба не е малце ама па затоа знам од други работи да скратам и на ова да дополнам ама сепак не е така розево.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
чиста јадам јас обичнo ако е солена..и кога гледам да внесувам што е можно помалку калории.. таа несолената малку потешко пошто нема убав вкус.. сега ако сакаш да качиш некое килце можеш и пржена со јајца :D
Јас ја правам со јајца али без грам зејтин - иам нелеплива тава. Ко од господ е пратена, најбоље измишљотина на веков.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Во право си единствено туна, телешко и јаткасти плодови се скапи. И овесот е 40 денари пола кило излегува 8 денари по оброк :D со се млеко ни 25 денари нема да фати. Компирот е 10 денари кило, стекот 200 денари за 6 оброка е. Од риба осличот е ефтин Маслиновото масло само на прв поглед е скапо инаку долго трае затоа што по малку се користи. На крај излегува дека сите оброци се поефтини од колку една кока кола или еден сендвич во седмица :D .
Тоа ми е муабетот брат.. секој ја гледа целата цена.. ама еве да речеме овесот со вода ќе го јадеш ако се чистиш хардкор како билдерите : ) 8 денари 100 грама овес па да му ебам мајката поефтино неможе да биде а има 13 гр протеини.. :D
--- надополнето: 13 мај 2012 во 02:07 ---
Јас ја правам со јајца али без грам зејтин - иам нелеплива тава. Ко од господ е пратена, најбоље измишљотина на веков.
дај кажи кај има таква тава.. ако можам да земам и ја некам зејтин да ставам .. али ако ставам 1 лажица маслинов е таман..
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
2.255
Поени од реакции
116
Гледам свртевте муабет за урдата.

"Чиста" ја јадете, или имате некој начин на приготвување?
Пробај измешај неколку лажици путер од кикиритки во неа, за пред спиење одличен оброк (да не праам муабет што и дава прилично добар вкус)! :)
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Тука си во право за калдилници и сендвичи и слично кога правиш компарација. Ама пак ќе ти кажам од искуство знам дека требаат малце повеќе пари само за исхрана. Мене конкретно дневно ми се потребни минимум 100-120 грама протеин тоа да го извадам од храна стек, урда, млеко, јајца, риба не е малце ама па затоа знам од други работи да скратам и на ова да дополнам ама сепак не е така розево.
ќе скратиш али минимална е разликата.. еве да речеме јадеш тост така ти се пријало.. или јадеш салама.. 50-60 денари.. со тие пари ќе земеш или овес што ќе го јадеш 4-5 пати или урда што ќе јадеш 2-3 пати.. па така цената на продуктите делија со оброците што ги јадеш..

еден совет од мене..
земај и леб микс од зрна.. најефтина варијанта испаѓа.. 36 денари е.. 350 грама.. 25 гр протеин .. цел леб има околу 85-87 гр протеини.. поефтин начин да додадеш на дневните пoтреби :D
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Тоа ми е муабетот брат.. секој ја гледа целата цена.. ама еве да речеме овесот со вода ќе го јадеш ако се чистиш хардкор како билдерите : ) 8 денари 100 грама овес па да му ебам мајката поефтино неможе да биде а има 13 гр протеини.. :D
--- надополнето: 13 мај 2012 во 02:07 ---

дај кажи кај има таква тава.. ако можам да земам и ја некам зејтин да ставам .. али ако ставам 1 лажица маслинов е таман..
Има у Топ-шоп продавнициве, керамичка е, надворешниот дел е сива боја - внатрешниот кремаст. Скупи се троа. Моите добија сет за годишнина.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
491
Поени од реакции
143
Може да се слабее преку броење калории? според калкулаторов треба да внесувам околу 2200 калории дневно. Пример ако внесувам 1500 ке слабеам?
Има некој на ваков режим? :)
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Може да се слабее преку броење калории? според калкулаторов треба да внесувам околу 2200 калории дневно. Пример ако внесувам 1500 ке слабеам?
Има некој на ваков режим? :)
Како дали може? храната има определена калориска вредност.. ако внесуваш повеќе енергија во телото ќе ти се складира во вид на сало..ако внесуваш помалку,телото енергијата ја црпи од мастите..

сам треба да си одредиш на колку дефицит ќе бидеш.. моја препорака ти е 1800-1900 за почеток.. види една недела како ќе иде..иначе добар е калкулаторот..
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Како дали може? храната има определена калориска вредност.. ако внесуваш повеќе енергија во телото ќе ти се складира во вид на сало..ако внесуваш помалку,телото енергијата ја црпи од мастите.
И мускулот*
 
Kajgana Shop

На врв Bottom