Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Ти за одредена сума на пари можеш да купиш и други документи...диплома од факултет, можеби. Но, колку сето тоа е веродостојно и вреди, е прашање кое треба да си го поставите. Викаш само кај нас се прави разлика, а надвор кој што сака принта на печатач и поминува без проблем?! Грешиш. Прво, ако сакаш да функционираш овде кај нас, не гледам зашто не би почитувал постоечка законска регулатива, него се обидуваш да измислуваш причина за топла вода? Второ, секоја земја си има своја регулатива и биди сигурен дека не е исто како во арапските земји или работа на брод. И за крај, лиценцата која сакаш да ја добиеш, сакаш да има значење и да кажеш дека навистина имаш познавање или сакаш да ја посетуваш ради реда?
Во оваа држава, каква таква, постои законска регулатива, каква и да е. Според неа точно се знае кој е спортски работник и кој може да организира спортска школа и да издава лиценци за одреден спорт. Пишав од што се состои (часови теорија и пракса) основниот курс кој е под надлежност на националната федерација, пишав кој се се предавачи, на крајот има испит кој се полага пред комисија...па сега ти спореди кое колку вреди и што добиваш со добивање на било кој и каков документ. Изборот е ваш.
Обратно, кај нас и да имаш некој документ не ти прави разлика, пак газдата ќе си запосли свој човек или и да ти ја дадат тебе работата пак ќе ја земаш истата плата без разлика дали имаш сертификат или не, пошто таков е кај нас менталитетот. За разлика од кај нас во светот се работи на друг начин и овие сертификати имаат поголема вредност.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998

Нека биде така, како мислиш, ама не ќе да е така. Исто вака мислеа и во минатото, па кога почна да им доаѓа контроли по теретани, бараа кој е виновен. Законски е се регулирано, кога и да е, ќе им тропне инспекција на врата и на потежок начин ќе се научат.
Втората работа која многу ме интересира е таа, дали ви треба лиценца за покажување по комшии и ФБ или сакате нешто да научите и за тоа да добиете валиден документ?
на 21 Јануари стартува теоретскиот дел од курсот кој е во организација и надлежност на ББФФМ. Кој е заинтересиран, слободно нека ме контактира.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.941
Поени од реакции
35.825

Многу закони има во државава, има дури и дека треба да пријавиш семејно насилство и дека одговараш, ако не си го пријавил, ама ако некој дома не е свесен кога има мака, сигурно јас дека нема да се мешам и да му го оправам животот. Така е и со ова, може да има милион акти напишано на хартија, ама ако некој може да му помогне на пријател не гледам како може да одговарам пред закон?
Може да одговарам доколку напишам на некој план за исхрана/тренинг и поради тој план да си предизвика здравствени проблеми, а ако му направам добро нема причина за што да одговарам пред било кој закон. Разбирам дека пусулчето што го давате ќе направи експерти и професионалци од сите што ќе дојдат таму, ама и на интернет знаат нешто луѓето и авторите на книгите што се достапни таму, иако таму во САД, Русија им даваат докторати на сите што се запишале на факултет ;)
 
Интелигентен и образуван, треба да ти објаснувам дека не се работи за помогни му на пријател со совет, него за заработување и остварување на приходи, а без соодветно образование? Милсам дека нема потреба од такво нешто. Така да, ако ти, цел дена шеташ по теретани, наплаќаш на пријатели за советите што им ги даваш со цел да им го подобриш знаењето, сигурно дека некој ќе те запраша на кој начин и со кое право сето тоа го работиш. Можеби грешам. Можеби демократијата е башибозук, па некој во твојата област ќе го сретнеш во фабрика како објаснува за одредени проблематики, со цел да им го разубави животот на останатите, и за тоа некој го плаќа, месечно, хонорарно и слично, а за сето тоа да ти каже дека докторирал на интернет.
Не држат моабетиве. Она што мора да се направи, да не дојдеме во ситуација дека без пусучиња некој ќе се осмели да примени еден од оние милион акти на хартија, па да изгори многу луѓе кои живеат од оваа работа е да се оспособат соодветно, да им се верификува нивното знаење и да си функционираат нормално. Да се знае кој може да дава пешкир во сала а кој може да ти покаже како да вртиш на точак. Од неинформираност патиме сите. Една од тие неинформираности беше и незнаењето како функционираат спортските здруженија, па после се чудеа кога УЈП бараше да видат како го пријавуваат приходот. Никој ништо не им кажал. Или може прочитале на интернет дека Џорџ Фарах кеш наплаќа и за то аникој не го гони. Така и во овој случај.
 
Не се разбравме погоре, се согласувам да има казни за лица кои не се стручни, а наплаќаат и држат тренинзи, НО како што ти пишав и досега, не се согласувам да прогласите „ескперти“ со 120часови курс. Се согласувам дека во моментов е башибозук и дека секој држи тренинзи, со чест на исклучоци кои имаат појма што прават, останатото се фаци што влегле пет пати во теретана и мислат дека станале Charles Glass или George Farah.
Нека биде побавно, но да биде квалитетно, се согласувам да има строги регулативи за тоа кој смее да дели совети, да држи персонални тренинзи, НО само под услов тој да биде навистина стручен за истото, со 120 часови не гледам дека може да се постигне тоа.
Анатомија, физиологија, психомоторика, методологија на тренинг, спортска психологија, основен тежински и кардио тренинг, плус би ги додал кинезиологија и биохемија, основи на нутриционизам и моделирање и оптимизирање во нутриционизмот како области во кои треба да има знаење стручно лице во овој спорт, а тие области не се совладуваат со 120 часови без разлика колку ќе биде средено и структуирано или луѓето што ќе се пријават да бидат интелигентни.
Мој предлог е да се насочите кон отворање на нова насока на некој соодветен факултет во која ќе бидат детално опфатени овие области (сега ако не се лажам има само изборни предмети фитнес и бодибилдинг на ФФК), а во моментов да дадете времени сертификати со курсот, па по неколку години да се пофалите дека конечно имаме професионални тренери во овој спорт, или втор предлог да се воведат повеќе вакви курсови за секоја област соодветно и да се навлезе во секоја област подетално, па согласно на тоа што има положено да бидат и неговите овластувањa.
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Анатомија, физиологија, психомоторика, методологија на тренинг, спортска психологија, основен тежински и кардио тренинг, плус би ги додал кинезиологија и биохемија, основи на нутриционизам и моделирање и оптимизирање во нутриционизмот како области во кои треба да има знаење стручно лице во овој спорт, а тие области не се совладуваат со 120 часови без разлика колку ќе биде средено и структуирано или луѓето што ќе се пријават да бидат интелигентни.
Пошто струката ми е силно врзана со кинезиологијата , не можам ни да ти објаснам колку ме пизди кинезиологија делот кај тренери и фитнес ентузијасти што глумат тренери.
Сум се упознал со куп луѓе, од кој дел стручњаци и чак и бодибилдинг шампиони во државава кој апсолутно никаква појма немаат од кинезиологија. Да не ги именувам тука, ама срамота е.
Кинезиологијата мора да биде имплементирана у програмата со цел да не се оштети индивидуата за време на тренингот. Иам видено и дечки кои постигнале солидни резултати изведувајќи вежби со катастрофална форма, правејќи си трајни повреди на дел од локомоторниот систем поради естетика.

Највеќе ме нервира тоа што тренери заобиколуваат проблеми, место да се консултираат со постручни лица на темата. Чак и на форумов, во неколку прилики коа некој ќе пријави проблем у однос на изведување на вежбата , му викаат „прај ја оваа за замена“ наместо да понудат решенија преку вежби за мобилност.

Така да, кога и ја би давал пари за лиценца би очекувал некој да ме обучи во целост. Не да иам лист за понатаму да се доедуцирам како и без листот - на интернет или на факултет поврзан со областа.

Не можеш да споредуваш факултет со лиценца - факт. Ама па која би била даље поентата на лиценцата ако произведува полуспособен кадар? Да се издвојат катастрофални тренери од помалку катастрофални тренери? Пошто како што кажа, 120 часа не се доволно само за анатомија на локомоторен систем, не па за комбинација на 10тина теми.
Не ја сфаќам поентата на лиценци во случајов, кога пак никој не ти ветува дека лиценцата ќе му донесе некакво релевантно знаење на било која од темите.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
@Misery и @Кеплер , многу грешите во случајов. Незнам од каде идеја за специјалисти со курс? Значи, она кое на прво место како прв степен, што значи постојат степени, ќе е е, основата во бодибилдингот и фитнесот. И тука со 120 часа гарантирам, дека доколку некој сака да научи, а ќе мора за да помине на тест полагање, ќе научи основа на овие спортови и ќе може стручно да им помогне на почетници во нивното запознавање со овие спортови. А ќе учи од стручни луѓе со големо, огромно искуство. Луѓе кои се врв во теоријата и праксата од овие спортови и се дел од основата и врвниот спорт. Она што како федерација ќе го превземеме како чекор во иднина е и надградување на знаењето на сите кои ќе се лиценцираат, преку задолжителни годишни семинари и кампови.
Другите степени опфаќаат многу повеќе од предмети, часови и познавање. Но, неможе да скокаме ако основата ја немаме. Значи одиме чекор по чекор и така мора да биде.
 
Не ме сфаќај погрешно, ама мене ми е проблемот тоа што и самата федерација до сега ми делувала глуво за се останато освен за бодибилдингот како спорт во теретана , и од единствена причина што им е лукративно. Не се осеќам како да направила ништо битно во врска со физичката култура кај нас.
Така ми делува и формирањето на федерацијата за олимписко кревање, која искрено мислам дека го уби спортот уште пред да почне да го развива поради давањето на лиценци на сосема грешни луѓе. Но тоа е само мое мислење, не мора да сум у право. Дај боже да не сум.

Не сум објективен на темава, јасно ми е, ама мене физичкото здравје ми е професија ,а со тоа и приоритет. Поради тоа што во мојата пракса гледам луѓе со повреди од теретана, тренирани од страна на луѓе кои завршиле факултет за физичка култура, па и до сега неколку пати тренирани од страна на луѓе кои освојувале и титули кај нас, имам страв дека истото би се случувало и од страна на полуспремни кадри.
Сфаќам дека е основата, ама затоа и треба на лиценцата да седи „основен степен“ или некаков друг показател за регуларните граѓани да знаат за што ги даваат парите, односно за што вреди самиот курс.

Кога веќе не сме Америка, па да се тужиме при повредување, бар да сме фер и да знаеме на што сме од старт. Почитувам тоа што се обидувате да ја средите ситуацијата со тренерите кај нас, и признавам дека реален одговор на проблематиката како да се реши или почне да се решава - немам да понудам.
Меѓутоа сметам дека многу внимателно треба да се пристапи кон истото. И колку и да не се сложувам и ми делува непотребно „да се вработени како тренери бар 6 месеци“ , јасно ми е зашто го правите. Немаме капацитет за истовремена обука на илјадници луѓе колку што верувам би биле заинтересирани да земат лиценца кај нас од еднаш.

Во моментов, физичката култура и физичкото образование ни е на толку незавидно ниво што требаат генерации да пројдат пред да може било каква реална разлика во вакви спортови да се почувствува. Ама некако се осеќам како уште да не сме почнале .
 
- Одам по ред. Она за кое е формирана федерацијата е промовирање на бодибилдингот како спорт, организирање на систем на натпревари, натпревари и преставување на државата надвор од нејзините граници. Основа се клубовите и нејзините тимови на натпреварувачи. И од основата секогаш се гледа, не од врвот. За жал, кај нас секојпат се бара грешката од горе.
- Незнам какви лиценци давала и кому федерацијата за кревање на тегови. Не сум запознаен за делење лиценци.
- Да. На документот, сертификатот кој ќе се добие со завршување на било кој степен. ќе стои степен и звање. Тоа е очигледно и основно.
- За тужење, немора да сме во Америка, може и овде да се покрене процес, ако некој плаќа, тогаш треба да знае што плаќа. Зашто луѓето кај нас не покренуваат процеси, тоа е генетски проблем.
- Она кое МОРАМЕ да го завршиме како процес на самиот почеток е да ги регулираме статусите и состојбите на клубовите кои се членови на федерацијата. Во интерес на самата федерација е сите тие курсеви да се од отворен тип, како би се дошло и до корист од нивното постоење, финансиски. Штом тоа се затвори како тема, а е веќе при крај на реализација, курсевите ќе се од отворен и општ карактер. Само, се разбира дека сепак ќе има услови, кај одредени степени.
- Физичка култура, физичко образование не сме успеале да наметнеме, популаризираме 100 години наназад. Затоа спортот во МК е на тоа ниво на кое се наоѓа. За жал. Физичката култура е за опша популација и рекреативци. Врвниот спорт е научен пристап за спортски научници, работници и стручњаци. Се се успева на периоди, некако на сила. Ама за тоа основата е проблем, после нејзината наградба. А тоа е културата и почитта.
Ама, да бидеме оптимисти. Ќе не биде.
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
843
Поени од реакции
300
S

silmarillion

Гостин
Сакав да прашам за феноменот кога дебел човек ќе влезе у тератана сите домородни стероиди го гледаат со презир, али по последниве 3-4 страни гледам се хемичари собрани па баталив.
 
L1quiD

Only Trees Grow Naturally
Член од
17 мај 2010
Мислења
139
Поени од реакции
108
Сакав да прашам за феноменот кога дебел човек ќе влезе у тератана сите домородни стероиди го гледаат со презир, али по последниве 3-4 страни гледам се хемичари собрани па баталив.
Многу ниско размислување ова со „хемичари“.
А ако на дебел човек му се смеат во таа теретана кај што иде, најлогично е да ја промени теретаната, не да се генерализира дека сите се исти, како што обично знаат да генерализираат вакви нелуѓе како тебе...Се кладам дека ти повеќе г*мна јадеш како сега, него стероидашите.
П.С да, хемичар сум, затоа се јавувам, а ти што си? невино јагне?
 
Последно уредено:

X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Сакав да прашам за феноменот кога дебел човек ќе влезе у тератана сите домородни стероиди го гледаат со презир, али по последниве 3-4 страни гледам се хемичари собрани па баталив.
Те гледаат со презир пошто си глуп а не дебел.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.472
Поени од реакции
3.277
Што се ловите на мамката бе :D
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Дечки, ми треба совет/и.

Од утре започнувам да јадам само протеинска храна, да ги исфрлам сите непотребни хранливи материи. Целта ми е да го зајакнам телото а со не здрава храна не сум сигурен колку можам да го постигнам тоа. Покрај здравото хранење, од утре почнувам со вежби. Првите месец-два мислам да не посетувам теретана и вежбам "обични" вежби (на јутјуб, склекови, стомачни...) па после тоа да одам во теретана. Исто да напоменам, мислам дека килажата воопшто не ми е проблем (висок сум 1.78 а тежок 77-78 килограми).

1) Дали може да ми дадете совет околу храната (на што посебно да обрнам внимание, што посебно да избегнувам)?
2) Да ми препорачате вежби со кои би имал резултати?
3) И дали е изводливо со здрава исхрана и вежбање дома па после некој месец во теретани да има некакви резултати?

Секаква помош и совет се добредојдени. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom