- Член од
- 29 септември 2016
- Мислења
- 464
- Поени од реакции
- 285
- Возраст
- 35
дигање тегови е спорт а покажување мускули пред публика не е спорт и нема ни да биди
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Милионска индустрија веќе постои базирана околу бодибилдингот како спорт.дигање тегови е спорт а покажување мускули пред публика не е спорт и нема ни да биди
Професионалниот бодибилдинг и тоа како е спорт, а разликата од професионалец во тој спорт и рекреативец како и во секој друг е огромна.^Бодибилдинг не е спорт.
За рекреативно вежбање у теретана на никој не му треба личен тренер.
...кога ќе видам како тинејџер влегува во продавница и ми бара најчист протеин за да качел чиста маса (не сакал да се замрси, а тој е како стап за тресење ораси)
Интересна дискусија.
- Бодибилдингот е спорт. За жал, не е олимписки, но е признат спорт од сите светски спортки асоцијации. На првите Европски Игри 2015 во Баку, бодибилдингот имаше свое учество, што дава надеж дека има шанса да биде дел од Олимписките игри во иднина. Иако е оценувањето визуелно, не мора веднаш да се отвфрли како спорт, од причина што како олимписки спортови имате повеќе дисциплини кои истотака се оценуваат визуелно.
- Понатаму. Она што како за почеток националната федерација сака и има обврска да го затвори како концепт и проблем е да не дозволи во законски регистрираните клубови инструктори без познавање и лиценца. Затоа, ако добро го прочитавте известувањето,првата генерација (можеби и втората) која ќе добие лиценца издадена од националната федерација ќе бидат луѓе кои се на било кој начин ангажирани во тие клубови, а голем дел од нив се со долгогодишно искуство (како натпреварувачи).
- Повеќе од доволно е фондот на часови за да се има елементарно познавање, за да може да им се помогне на почетници и рекреативци во изведување на основни вежби на тренинг. Сосема друго е кога е во прашање луѓе кои имаат нарушено здравје. Кај луѓе кои имаат здравствен проблем, во зависност од проблемот, неможе да му помогне само една особа.
- Клубовите сега имаат ангажирано разни лица (кои повеќето за жал не се стручни ниту овластени) и се судруваат со проблем со законот. Така да не гледам избор, дали ќе сакаш совет од лиценциран или од не лиценцирана особа?! Секој клуб ќе мора да има стручно лице во клубот кој ќе им помогне на членовите и ќе ги води за време на основните тренинзи и запознавањето со овој спорт. Зашто да учат од надри стручни лица кои своето знаење мислат дека го научиле на интернет?
- Постојат три степени на лиценцирање. Овој е основниот. За повисок ранг, ќе мора да се исполнат други услови.
И најинтересната работа во моментов е таа што, незнам, од која причина голем дел од "интернет стручњаците" се навредени и мислат дека се знаат и дека неможат да научат од некои тамо, од Македонија, кои цел живот го поминале во овој спорт, биле и се дел од врвниот спорт и се со соодветни образованија и лиценци? Мислам, не ја гледам убавината да учите на сопствени грешки. Јас, на 46 години и 30 години поминати во овој спорт, сеуште учам, се надградувам, истражувам и не ми е срам од тоа.
- Ама, кога ќе прочитам дека гејнерот е фрлање пари (а ниту една светска компанија го нема исфрлено од употреба и производство) кога ќе видам како тинејџер влегува во продавница и ми бара најчист протеин за да качел чиста маса (не сакал да се замрси, а тој е како стап за тресење ораси) кога ќе видам дека сеуште постојат луѓе кои ми бараат аминокиселини (демек со нив се станували почист) кога ќе видам дека некој дели совет од типот 'пиши на гугл што мака имаш и првото што ќе се појави земи го здраво за готово како нај' ( а појма немаат дека најчитаното не мора да значи дека е и најправилно).....доаѓам до заклучок дека интернетот и маркетингот лошо влијае на овој спорт и затоа ние во МК немаме билдери како на времето кога ништо не знаеа.
Твојот проблем е објаснет во последните 3-4 реченици од овој пост пред три месеци.- Ама, кога ќе прочитам дека гејнерот е фрлање пари (а ниту една светска компанија го нема исфрлено од употреба и производство) кога ќе видам како тинејџер влегува во продавница и ми бара најчист протеин за да качел чиста маса (не сакал да се замрси, а тој е како стап за тресење ораси) кога ќе видам дека сеуште постојат луѓе кои ми бараат аминокиселини (демек со нив се станували почист) кога ќе видам дека некој дели совет од типот 'пиши на гугл што мака имаш и првото што ќе се појави земи го здраво за готово како нај' ( а појма немаат дека најчитаното не мора да значи дека е и најправилно).....доаѓам до заклучок дека интернетот и маркетингот лошо влијае на овој спорт и затоа ние во МК немаме билдери како на времето кога ништо не знаеа.
Немам јас никаков проблем. Си ја утнал/а адресата.[DOUBLEPOST=1481875178][/DOUBLEPOST]Твојот проблем е објаснет во последните 3-4 реченици од овој пост пред три месеци.
- Пари, немало никојпат во овој спорт во Македонија. Чат/пат се случило да се подели некоја награда, парична и тоа било СЕ. Што во старт грешиш, кога мислиш дека парите се проблем. Еве сега има стипендии во износ од 250.000 денари годишно, со желба тој износ да расне, па ќе видиме како ќе биде. Иако од искуство знам, дека проблемот е во натпреварувачкиот ген, не во стимулацијата. Башка, стимулацијата ја бараат директно од националната федерација, што е нон сенс, а не следат пример од другите поуспешни и побогати спортови. Ова ако не ти е јасно, а не тие, од тоа што гледам што пишуваш, ќе ти објаснам наскороСо секоја почит кон Вас, но за делот „интернетот и маркетингот лошо влијае на овој спорт и затоа ние во МК немаме билдери како на времето кога ништо не знаеа“, можам да кажам дека ова е така затоа што: нема парични средства како „претходно“, нема мотивација од страна на ББФФМ за да се успее понатаму во давањето на било каква поддршка, крајно строга политика и селекција на „свои луѓе“, а со тоа и нефер оценување од страна на ББФФМ со што не се задава апсолутно никаква можност за успех на другите потенцијални и погенетски надарени бодибилдинг ентузијасти и на крај никаква професионална организираност околу обезбедување на високо обучени и лиценцирани персонални тренери, а со тоа и апсурдно нереални цени за стекнување на лиценци за персонален тренер која едноставно речиси и да нема никаква улога за поуспешна понатамошна кариера. Очигледно државата и генот на луѓето во неа (како што и самите рековте погоре) се најголем проблем.
Немам јас никаков проблем. Си ја утнал/а адресата.[DOUBLEPOST=1481875178][/DOUBLEPOST]
- Пари, немало никојпат во овој спорт во Македонија. Чат/пат се случило да се подели некоја награда, парична и тоа било СЕ. Што во старт грешиш, кога мислиш дека парите се проблем. Еве сега има стипендии во износ од 250.000 денари годишно, со желба тој износ да расне, па ќе видиме како ќе биде. Иако од искуство знам, дека проблемот е во натпреварувачкиот ген, не во стимулацијата. Башка, стимулацијата ја бараат директно од националната федерација, што е нон сенс, а не следат пример од другите поуспешни и побогати спортови. Ова ако не ти е јасно, а не тие, од тоа што гледам што пишуваш, ќе ти објаснам наскоро
- Федерацијава која сега постои во државава е регистрирана 2007. Од 2000 до 2002 немаше никаков натпревар од причина што никој не се замараше со овој проблем. До 2007 се што постоеше беше иницијатива на група на луѓе на чело со мене кои сакаа да заживее нешто кое се формираше 1987 и постоеше до 2000. И имаше натпревари, билдери и шампиони. За да бараш МОТИВАЦИЈА од организација треба истата да ја подржиш и почитуваш (со зачленување и допринос).
- Ова, со не фер судење, подржување на свои луѓе е тешка глупост, извини на изразување. Ама, ако си запознаен со налинот на оценување, со кој се суди, ќе ти биде појасно дека не држи вода. Ако го прочиташ она кое сега го пишав погоре, ќе видиш дека нема други на натпреварите, освен, како што самиот заклучуваш, свои луѓе, од причина што други не ги интересирало да бидат дел од самата организација и да се вклучат во системо на натпреварување. Пример, ако јас во 2005 организирам натпревар на кој ќе настапат само натпрварувачи од мојот клуб, а сите други ќе седат во публика, неможам јас нив, од пиблика да ги прогласам за ппобедници.
- Непрофесионална ор ганизираност??? Ај, те молам, поради тоа што мислиш дека имаш мало познавање од оваа тема, кажи ми кои се поголемите професионалци на ова поле а не се ангажирани??? Ова кое сега се нуди како програма и луѓе кои ќе ја спроведуваат истата се најголемите имиња на тоа поле. Ако ти мислиш дека некој ќе ти даде важечки документ за одредена област, а притоа ангажира стручни лица кои се врв во државава, без истото да го наплати и оствари приход организацијата да опстојува во иднина и продуцира квалитет со нивно надградување, си згрешил. Ниту сите вие кои учите од интернет не продавате знаење безпари.[DOUBLEPOST=1481875612][/DOUBLEPOST]@Кеплер , Во право си, ама и не си во правоОд некаде МОРА да се почне, а грешки евентуални ќе се дотеруваат со тек на време. Кажав, на почеток сакаме да ги озакониме оние кои веќе се во клубовите на такви работни позиции а се судруваат со закон, несмета да бидат ангажирани ако немаат соодветна лиценца за таа намена. Многу подобро е да поминат низ основна обука, која до сега 99% од нив не ја познаваат (повеќето имаат практично искуство) отколку да оставиме така да остане и трае.
Во иднина се разбира дека тоа ќе биде отворен тип на курсеви кои ќе можат да ги посетуваат и поширока јавност, луѓе кои сакаат да стекнат такво знаење.
Во ред, но јас ќе го споменам само она најсуштинското,а тоа е дека едноставно не ми се допаѓа како ги третирате бодибилдинг ентузијастите во целина и каков однос имате спрема буквално сите нив (нас), особено према оние кои ви контрираат, а со тоа давате идентична слика и за бодибилдингот како спорт, а нормално со ова што го велам не значи дека сакам црвен тепих да ми постелат и ракоплескаат, но ова мора да се поправи... Во речиси секое Ваше мислење се содржат зборовите (донекаде карикирам): не си во право, појма немаш, не знаеш ништо - ова е доволен доказ за тоа што го говорам. Не би зборувал повеќе за да не Ве навредам Вас, ниту некој кој Ве поддржува, што не ми е ниту цел, ниту практика, него би оставил делата да ме разубедат да мислам другачие, напразно ќе дискутираме, инаку во никој случај нема да ме убедите во спротивното, јас пак си стојам на моето и во ниту еден момент не ме замисливте со Вашиот одговор. Срдечен поздрав.
Никој.Само, кажете ми кој друг познавате од овој спорт, каде јавно, без криење влегува во ситни преписки кои знаат да станат и големи со тек на време, во обид да одбарни дел од честа и убавината на овој спорт, а сметате дека е име во спортот?
Дел од бркање работа е да се запознае јавноста со тоа штое правилно и законски, а што не. Јас знам кој колку и дали ја брка работата, бисерке/оНикој.
Они знаат дека треба да си бркаат работа а не да се замараат по форуми![]()
Која црна јавност, колку често и колку различни луѓе пишуваат по темиве за бодибилдинг?Дел од бркање работа е да се запознае јавноста со тоа штое правилно и законски, а што не.
Тоа е твое мислење, црна @Anon. А, јас и ти не делиме исти мислења, за среќа. Не е битно колку пишуваат, туку колку ќе прочитаат. Доволно за неделава, излегување надвор од тема и тресење празна слама со тебе, одам на тренингКоја црна јавност, колку често и колку различни луѓе пишуваат по темиве за бодибилдинг?
Промил од јавноста.