S
Stef Bachatero
Гостин
Бодибилдерството е спорт кај што секогаш сите сакаат да земат нешто а да не си го загреат и испотат газето.Добро знаеме дека бес 3 работи како правилна исхрана,интензивен тренинг и 10 часа одмор телото не може да расте.Суплементите се како тортата и шлагот,шлагот е потребен али изгледа повкусно.Не ми е дискусијата тука да докажувам дали им се потребни или не,секој е на нешто па и јас.Кажав кој се предностите на додатоците во храна кој се на правилната исхрана.Пријателче, во овој спорт сум од 1983. Од 84-та сум на сцена. Од 89-та продавам додатоци во исхраната во Македонија.Ти си експериментирал три недели, јас цел живот го работам тоа. Не ми кажувај плацебо ефект и слични нешта. Не споредувај килограм пилешко со килограм сурутка или не дај боже аминокиселини. Тоа се небо и земја разлика.
Не само почетници, рекреативци и сл. и професионални билдери и спортисти мора да знаат како да се хранат, вежбаат и одмараат, ако сакаат било каков успех. Додатоците во исхраната не се применуваат само во бодибилдингот. Од такво размислување во државава немаме спортови. Додека цел свет ги користи во сите дисциплини, додека поголем дел од НАТО ги користи за дополна во исхраната на својата војска, ние овде уште тврдиме дека спортот е физичка култура и дека со ајвар и изварка се постигнуваат резултати. Се додека така размислуваш ти или било кој друг, никогаш нема да можеш да поставиш овде слики на кои сите би ти позавиделе.
Факт е дека додатоците како такви треба да земат само дел од редовната исхрана. Но факт е дека се неизбежни во постигнување на резултат во сите спортски дисциплини и секој производ има своја намена и начин на употреба.
Секој си има свој избор јас кога ќе завршам со додатоциве со исхрана ќе се фокусирам само на исхраната и ќе земам 10 кила пилешко и ќе си го варам.Ем ефтино ем вкусно