Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
Пријателче, во овој спорт сум од 1983. Од 84-та сум на сцена. Од 89-та продавам додатоци во исхраната во Македонија.Ти си експериментирал три недели, јас цел живот го работам тоа. Не ми кажувај плацебо ефект и слични нешта. Не споредувај килограм пилешко со килограм сурутка или не дај боже аминокиселини. Тоа се небо и земја разлика.
Не само почетници, рекреативци и сл. и професионални билдери и спортисти мора да знаат како да се хранат, вежбаат и одмараат, ако сакаат било каков успех. Додатоците во исхраната не се применуваат само во бодибилдингот. Од такво размислување во државава немаме спортови. Додека цел свет ги користи во сите дисциплини, додека поголем дел од НАТО ги користи за дополна во исхраната на својата војска, ние овде уште тврдиме дека спортот е физичка култура и дека со ајвар и изварка се постигнуваат резултати. Се додека така размислуваш ти или било кој друг, никогаш нема да можеш да поставиш овде слики на кои сите би ти позавиделе.
Факт е дека додатоците како такви треба да земат само дел од редовната исхрана. Но факт е дека се неизбежни во постигнување на резултат во сите спортски дисциплини и секој производ има своја намена и начин на употреба.
Бодибилдерството е спорт кај што секогаш сите сакаат да земат нешто а да не си го загреат и испотат газето.Добро знаеме дека бес 3 работи како правилна исхрана,интензивен тренинг и 10 часа одмор телото не може да расте.Суплементите се како тортата и шлагот,шлагот е потребен али изгледа повкусно.Не ми е дискусијата тука да докажувам дали им се потребни или не,секој е на нешто па и јас.Кажав кој се предностите на додатоците во храна кој се на правилната исхрана.
Секој си има свој избор јас кога ќе завршам со додатоциве со исхрана ќе се фокусирам само на исхраната и ќе земам 10 кила пилешко и ќе си го варам.Ем ефтино ем вкусно :)
 
Неоспорно е дека сурутката во прав е незаменлива за post-workout meal и точка.
На друг начин да внесеш протеин кој ќе има брза апсорпција од страна на организмот и да спречиш катаболизам мислам дека нема. Бенефит од суплементи со моето скромно искуство имам видено многу и доколку сум во можност пак би употребил зашто не е пласебо ефект.
 
Дечки ваше мислење за овие два суплемента, кој е поефикасен, искуства итн. За иста цена ми се нудат...

Jack3d

image_prodprod1060028_white450px.jpg

Razor 8

razor8__83560_std.jpg
 
Има ли некој земано глутамин и да има забележано барем НЕКОЈ ефект од него?(n)
 
Дечки ваше мислење за овие два суплемента, кој е поефикасен, искуства итн. За иста цена ми се нудат...

Jack3d

image_prodprod1060028_white450px.jpg

Razor 8

razor8__83560_std.jpg
Другар мој го зеде Разорот и не му делуваше воопшто, а за Jack3d викаат дека е добар.
Сакам и јас да земам Jack3d најдов по 2700 денари, ај во порака пиши ми ако знаеш некој да го дава поевтино.
 
Крема за стрии

Еве што најдов на фејсбук, немам пробано и незнам дали функционира ама многу на форумот имаа мака и прашуваа каде може да се најде така да може да им е од помош на нив

http://www.facebook.com/elena.distributer
 
Има ли некој земано глутамин и да има забележано барем НЕКОЈ ефект од него?(n)
Пробај со 20 гр дневно кога си настинат или си заморен. Инаку, сите работи делуваат, но незнам зашто очекувате тоа да ве погоди како лек.
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 09:51 ---
MotiviraN и AceCaleb, од кај најдовте Jack3d ?
Се наоѓа...
 
Ај едно мислење..може ли да користам само креатин без протеини (јбг,многу ми се скапи) .. и некој да ми каже какво е дејството на аминокиселините,точно ли е дека се топачи на мастите..(веројатно има одговорено на ова прашање,ама да не барам,се извинувам)..?
 
Треба да си во дефицит и да правиш кардио проста математика.
Бидејќи тогаш ќе бидеш со многу малку храна,подобро парите да ги дадеш на зеленчук и месо.Ниедна амино киселина нема да ти помогне да ослабеш.Ни л-карнитин ни триста работи ако не си во дефицит.Пробај го ова.
http://motivirajse.wordpress.com/2012/11/12/протокол-за-намалување-на-тврдоглав/
http://motivirajse.wordpress.com/2012/11/13/намалување-на-мастите-дел-2/
Почни да пешачиш и доста се жалиш дека нема резултати.
 
Aло Стефче,не сум дете мало па да незнам дека треба да јадам зеленчук и овошје..и обавезно пред да јадам да измијам раце,не треба да ме советуваш. Прашувам ја за аминокиселините,што дејство имаат и помагаат ли во согорување на мастите, а ти ми викаш да трчам и да јадам брокула. Пошто незнаеш ко што гледам,ќе чекам некој друг да ми каже,фала и за толку што ме просветли.
 
Јас ти одговорив нај искрено на твоето прашање.Ако се ставаш на режим протеинскиот внес треба да ти е поголем.Ти дадов протоколи кој ако ги следиш ќе успееш.
Ако сакаш да согориш масти и да градиш тело,додатниот внес на амино-киселини дали во прашочна или во било која форма ќе добиеш само додатни калории.Јас користам Gold whey standard дневно 4 дена внесувам над 250 грама протеин и под 70 грама јх.Правам протеински палачинки од нив за да ми се намали желбата за благо.
Ако не ти е јасно што се амино-киселини и протеини нема зашто да дискутираме.
На кратко амино-киселини се хидролизиран протеин дали во таблета или прашок.BCAA ја одржува мускулатурата највеќе ја имаш во протеин од сурутка 20-30% на 100 грама.
Но ако конзумираш над 200 грама нема никаков бенефит за BCAA освен ако не гладуваш и вежбаш.Другите амино-киселини се добиваат со специјални процеси и имаат некаква улога.Сите мислат дека L-Carnitine топи маснотии но ако не правиш кардио нема да топиш маснотии.Без кардио не се топат маснотии и тоа низок интензитет пешачење или планинарење 1 час до 1 и пол секој ден и за 6 недели ќе видиш 6 pack.
Протеините што ги викаш можат да бидат во прашочна форма или од храна.Може да бидат растителни или од животинско потекло.Најдобар протеин ти е протеинот од сурутка и јајцето цело после иде казеинот па сите други.
Имај малку познавање и ќе успееш мој најдобар совет.Поз
 
Ај едно мислење..може ли да користам само креатин без протеини (јбг,многу ми се скапи) .. и некој да ми каже какво е дејството на аминокиселините,точно ли е дека се топачи на мастите..(веројатно има одговорено на ова прашање,ама да не барам,се извинувам)..?
Аминокиселините не се топачи на масти. Тие се всушност разгадени протеини кои веднаш се спремни за апсорбиција (протеинот, дури и оној од канта првин се вари во цревата пред да се апсорбира во цревата како аминокиселини) . Целта зошто некои ги земаат додека слабеат е затоа што се на калориски рестриктивна диета и тешко им е да внесуваат доволно протеини. Во тој случај внесот на аминокиселни е оправдан затоа што аминокиселините не се варат туку веднаш се апсорбираат во крвотокот и превенираат трошење на мускулот при тренинг и директно ги активираат патеките за мускулен раст. Сами по себе не топат масти дури напротив имаат калории.

Просто кажано, превенираат разградување на мускулите и не топат масти.

Инаку за креатинот секако дека можеш да земеш само креатин без протеин, нема никаква поврзаност меѓу дејството на креатин и протеин освен нивен синергизам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom