Блам држава

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.811
Поени од реакции
30.691
Буџет за 2023 на Северна 5.3 милјарди а приходи 4.6 милјарди...уште во старт у дупка 700 а плус и оние околу 800 за враќање.
Ти ебам банкротираната држава без план и идеја, кога ќе ви избегаат сите работоспособни млади луѓе што полнат буџет ќе ви биде јасно дека со комуњари, шпони и вемеровци на државна цицка може само подолгото од трите да го фатите.
 
Член од
20 септември 2022
Мислења
1.875
Поени од реакции
7.141
I) Фејсбук статус го одведе на распит во полиција битолскиот актер, Васко Мавровски. Бил пријавен од министерката за култура, откако актерот коментирајќи нејзина изјава за штедење струја, побарал да биде наградена со продолжен кабел.

„Ми беше соопштено дека тие реагираат по пријава на министерката за култура, госпоѓата, Бисера Костадинова – Стојчевска, која почуствувала загрозеност за нејзиниот живот и нејзиното здравје и на нејзиното семејство со споменатиот продолжен кабел во мој фејсбук пост објавен неколку часа претходно. Постот се однесуваше на нејзината изјава за тоа дека во Штип се одиграле 122 настани и дека заштедиле 35 отсто електрична енергија. Мојот коментар, беше, од кога културните настани ги оценуваме по заштеда на енергија, а не на квалитет“, изјави, Васко Мавровски, актер од Битола.
:pos::pos::pos:
II) 30 лекари дел од пилот проект за лекување од далечина

Наместо на лекар, граѓаните во домашни услови ќе може самите да прават преглед.

Со помош на дигитален уред поврзан со интернет кој ќе се доближи до местото на болка, дел од лекарите ќе може да дадат дијагноза и консултации, без пациентот да мора да отиде во ординација. Тука спаѓаат полесните дијагнози, односно ушни инфекции, преглед на грло, преглед на дишење и работа на срце, алергии кои ќе може да се сликаат преку камера, мерење на телесна температура.

:zver::zver::zver:

III) Пожарникари да бидат обезбедување во средните училишта предлага Град Скопје. Според информации од учесници на координативниот состанок, градот го свикал кризниот штаб да изнајде решение за проблемот поради кои два месеци училиштата останаа без агенција за обезбедување.

Министерката не трпи обични заебанции, доктори ќе почнат онлајн да нè учат и главниот град нема обезбедување за средните училишта и ќе ангажира пожарникари па и зошто да не водоводџии, џаболебари, новинари? Има ли поблам држава од нашава?

:oeoeoe:
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.325
Поени од реакции
7.682
Ако ова се случи, тогаш немаме право било кој друг да обвинуваме, освен самите себе, што сме дозволиле:


ТЕТОВСКИ „ЕКОЛОГ“ ГО КУПУВА ЕУРОМАКС??!
Веќе неколку месеци добиваме информации од повеќе различни свиркачи на различни позиции во Македонија кои укажуваат на една иста работа, а тоа е дека фирмата Еколог од Тетово веќе е во финални преговори за презимање на Еуромакс Ресурси од кајманската “швајцарска” фирма Галена на бугарскиот бизнисмен Цоло Вутов.
Некој ќе праша што има тука вредно за купување?
На прв поглед купување на концесии од Еуромакс Ресурси е лудост во нормална бизнис логика особено со страшен пад на цената на нивните акции во континуитет и моменталната вредност е 0.035$ канадски долари по акција. Еуромакс е фирма која секоја година по два пати годишно зема позајмици од фирмата на Цоло Вутов на Кајманските острови поради неликвидност, никогаш не поседувала или оперирала со рудник, задолжена е над 30 милиони долари и поради неможност за отплата постојано ги конвертира во удели спрема ЕБРД и Галена, ангажира различни ПР агенции и пропаднати губитници масони во Македонија за да пропагираат глупости во јавноста, но најважно е што има две концесии од кои едната е одземена, а другата требаше да биде одземена пред повеќе од две години согласно Законот за минерални суровини.
Кој нормален сака да ја купи акции од фирма чија единствена вредност се две концесии при што првата одземена концесија чека на конечна потврдна одлука од Вишиот управен суд и втората концесија што Министерството за економија мистериозно но упорно не ја одзема, иако е законски истечена уште на 13 јануари 2020 година??!
Сепак во една искривена логика нештата може да се сменат во нашата држава и ајде да видиме како би изгледало таквото сценарио.
Пред неколку месеци, првиот заменик премиер Артан Груби објави дека на Еколог од Тетово ќе му исплатат 130 милиони евра помош за да прави електрични автомобили. Можеме да претпоставиме дека играта на Еколог со Еуромакс Ресурси е поврзана со оваа навидум неповрзана вест за државна помош за производство на електрични автомобили. Но ова не би било можно без еден сврзувачки лепак помеѓу сите овие делови. Тој лепак во случајот се вика ДУИ (Демократска унија за интергација) и директно е поврзан со случувањата со Еуромакс.
Директна конекција е ангажманот на поранешен министер за странски инвестиции и директор на агенцијата за промоција Арленд Зекири како овластен адвокат на Еуромакс Ресурси преку австриската адвокатската канцеларија Ленски, Ганзгер и Партнери (LGP) чија локална канцеларија во Скопје ја води токму Арленд Зекири. Но тој е се уште многу тесно поврзан со ДУИ што се гледа од скандалот во општина Тетово. Со смената на Теуата Арифи од ДУИ, новиот градоначалник на Тетово од БЕСА направи ревизија на трошоците и во 2021 излезе документ од општина Тетово во кој стои дека дека Арленд Зекири бил на платен список на општината без никаков ангажман.
Сега веќе полека можете да си замислите зошто и како е можно да има логика Еколог, дури можеби со пари од државата, да го купи Еуромакс Ресурси. Притоа Еколог може да биде сигурен дека тоа дебело ќе му се исплати поради бакарот во рудникот, а златото ќе продолжи да се дистрибуира до Ројал Голд во Швајцарија. Конекциите на поранешниот министер а сега овластен адвокат Арленд Зекири преку ДУИ во судството, владата и парламентот ќе излобира да се повампири одземената концесија, а другата истечена концесија ќе си остане неодземена. Законите никој не ги есапи и тие важат само за обичниот народ.
Во такви околности тетовски Еколог ќе почне да го отвара рудникот на смртта во Струмичко без око да му трепне за сите последици, а на народот ќе му остане да се труе и да се иселува. Да не ги заборавиме и локалните струмички лешинари од кои чекаат провизија за ваквиот бомбона бизнис и очекуваат да бидат дел од колачот со транспорт на рудата во Бугарија. Постои и варијанта во која Еколог може да профитира во случај на арбиртажен суд доколку преку добрите конекции на LGP нашата држава ја бранат диригирани адвокати во договор со сите лешинари на локално и централно ниво.
Но сите многу се излажале во ваквите математики!
Ваков развој на настаните ќе биде детонатор што ќе го активира натрупаниот експолозивен набој низ годините малтретирање на локално и национално ниво. Особено ќе детонира ако некој калкулира со примена на мафијашко насилство зошто заканите што ги примивме пред една година си ги сфативме сериозно.
Предупредуваме тогаш, предупредуваме и сега дека во таква ситуација ќе се случат масовни граѓански судири на Огражден и населените места а потоа ќе се запали и целата југоисточна Македонија. Струмичките лешинари први ќе изгорат во гневот. Мал е светот денес, може да се бега ама нема да може никој да се скрие. Стапот секогаш има два краја но нека си пресметат убаво кој ќе го извлече подебелиот крај.
Сметаме дека токму сега е моментот да се раскринка ова оваа ујдурма во зародиш и пред ваквото хипотетичко сценарио да се повлече црта. Затоа ги повикуваме сите политички партии сериозно да го сфатат проблемот и самите да си се разберат со индивидуалните членови лешинари во нивните редови (си ги знаат убаво кои се тие). Нека размислат што ќе добијат, а што ќе изгубат ако го детонираат југоистокот во сред кризен период со сите невољи. Ние нема да отстапиме ни милиметар и на секој притисок ќе биде одговорено соодветно. Никако нема да помине ваквата "зелена" агенда на ДУИ во југоисточна Македонија, а Еколог нека не се залетува да влегува во непромислени зделки со пропаднати измамници кои го имаат навлечено гневот на народот.
На крај целото ова може да прерасне во нешто што никој не го посакува и особено ДУИ нека размисли дали сака да предизвика меѓуетничка криза и масовни конфликти во сегашната геополитичка ситуација. Претеравте и разберете дека трпението е при крај. На кого му одговара тоа??!
РУДНИК НЕМА ДА ИМА !!!
Повеќе на темата можете да чуете вечерва во 21:00 часот во емисија на ТВ Канал Вис.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.081
Поени од реакции
25.195
Член од
12 март 2009
Мислења
20.233
Поени од реакции
16.379
Извадивме Закон против фашистички Имиња на здружениа, АМА во УН гласавме ПРОТИВ , заедно се УСА и ЕУ и нивни сателити, па и со Блгарија :facepalm: , а Израел беше традиционално против профашистите
https://www.livemint.com/news/india-votes-for-russian-resolution-on-combating-glorification-of-nazism-at-un-11667670268974.html

At UN, India votes in favour at a Russian Resolution on 'Combating glorification of Nazism'; 105 countries voted in favour, 52 voted against, 15 abstained. (Twitter)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.470
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.104
Поени од реакции
9.443

  • Првиот инспектор за транспорт Руфат Хусеини е татко на сопругата на Ислам Абази, новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Хусеини бил дел од системот кој дозволувал автобусите на „Беса транс“ да влегуваат во домашен и меѓународен сообраќај без соодветна контрола.
  • „Сега зетот Абази ќе треба да докажува каде се пропустите на надлежните институции затоа што ‘Беса транс’ си тераше бизнис беа дозволи и зошто станицата за технички преглед во Сарај, каде автобусот добил зелено светло, со низа нерегуларности не била затворена. Лиценците и сертификатите ги издава Министерството за транспорт, но за нивна контрола е задолжен државниот инспекторат за транспорт чиј директор во време на несреќата беше Руфат Хусеини,“ јави ТВ Алфа.
  • Во сообраќајната несреќа на автобус на „Беса транс“ лани во ноември во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom