Секој коментатор што ја коментира својата земја е пристрасен,тоа е најмалиот проблем со Игор.
Човекот е од оној најлош вид на искомплексирани Македонци што само креира секакви теорија на заговор во секоја можна ситуација...значи секоја одлука против Македонија ја доживува толку театрално,како некое дете на 7 години што нема да му купат родителите сладолед па вика на цел глас дека не го сакаат.
Секогаш создава непотребна тензија...уште при резултат 2-2 ќе почне со неговите демагогии како овој Грк или оној Словенец или оној Шпанец намерно не оштетуваат,како се очигледно поткупени,им е сугерирано од страна,итн...и секогаш употребува ужасни аргументи,ах еве и колегите се согласуваат,значи заговорот е валиден.
Од друга страна на очигледни одлуки за нас се прави на мрднат,слеп или двете...против Литванија се гледа од Кина дека Литванецот не ја допре топката а тој упорно,да,да добра одлука на судијата еве се гледа убаво.Значи можеш да си навиваш за тимот со цело срце ама не мора со сила да се правиш на луд...не си поголем патриот ако си ја креираш реалноста како ти одговара.
Значи нема никакво познавање од кошарка,слушнал 3 термини за кошарка и ги употребува како да е Jeff Van Gundy и целиот коментар од негова страна се сведува на СУДИЈА П****!!! и ТОООО Мајсторе...да отидеш во кладилница и да пратиш меч ќе најдеш посоодветни познавачи на спортот со поголем речник и поголема култура.
Јас се извининувам од името на сите ние што не сме доволно паметни да се возхитуваме на кловн што нема ништо заедничко со поимот спортски новинар.