Игорче е измислен за нашава земја. Он е како Мурињо, го врти вниманието на гледачите на судиите, а со тоа и тензијата и притисокот врз играчите опаѓа. Такви сме ние, само да критикуваме и со причина и без, па подобро е да пцуеме судии, отколку наши играчи. Нормално идеално е да имаме некој што има две чисти од баскет како коментатор, ама реалноста е друга и треба да ја прифатиме.
За денес, не формирам очекувања се до крај на првата четвртина. Тоа што го игравме со Србија, не зависеше од противникот, едноставно газевме на терен. Така што ако почнеме пак исто со Босна, нема да биде важно дали е Босна или Шпанија против нас, пак ќе очекувам победа.