- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 16.942
- Поени од реакции
- 16.259
По почетните два порази од репрезентациите на Црна Гора, а потоа во второто коло и од репрезентацијата на Литванија, Македонија конечно ја забележа првата победа на шампионатот, и тоа против Србија, репрезентација која до дуелот со нас немаше претрпено пораз.
Одигравме на едно високо ниво, можеби и најдобриот меч во последните неколку години за нас, заедно со шампионатот во Литванија 2011, одигравме како вистински колектив, без да се оддели некој поединец, одлични и во напад, а и во одбрана.
Но, победата над Србија нема многу да значи ако Македонија не издвојува победа против репрезентацијата на Босна и Херцеговина, репрезентација која како и нашата има една победа на шампионатот и две изгубени средби.
Шансите на нашата репрезентација на овој меч се доста големи, ако знаеме дека противниците зависат само од еден играч, а тоа е Телетовиќ, не би требало да имаме посериозни проблеми.
На првенството во Литванија, исто така имавме дуел со нив, ги добивме со убедливи 12 поени разлика. Исто пред почетокот на шампионатот одигравме контролен дуел против БиХ, на турнирот во Германија, и таму ги добивме, во еден дел од мечот имавме и голема негатива, но на крајот бевме поуспешни, со неколку тројки во низа на Чековски, кој на овој натпревар нема да игра поради повреда.
Наше е само да одиграме како на нивото против Србија, резултатот секако ќе дојде.
Кај нас лидер во поени е Бо со просечни 20.3 по натпревар, кај противниците Телетовиќ со 17.3 поени по натпревар.
Опасност од друг играч кај Босанците доаѓа од Нихад Џедовиќ, кој е лидер во асистенции и украдени топки.
Да се надеваме дека утре, на големиот наш празник ќе не израдуваат репрезентативците со уште една победа, победа која ќе не донесе чекор поблизу до 1/8 финалната фаза, а со тоа и исполнување на првата цел, пласман понатаму.