еве ти го членови каде кажуваат за моторцикли до 125 кубика
Член 232
Право на управување со моторно возило може да стекне лице кое ги
исполнува следниве услови:
1. Да е душевно и телесно способно да управува со моторно возило;
2. Да наполнило 18 години возраст;
3. Да има завршено најмалку основно образование;
4. Да положило возачки испит за управување со моторно возило од
определена категорија;
5. Со одлука на надлежниот орган да не му е забрането управување со моторно возило.
По исклучок од ставот 1 точка 2 на овој член, право на управување со
автобуси и тролејбуси може да стекне лице кое наполнило 21 година
возраст, а право на управување со мотоцикли со мотор чија што зафатнина не надминува 125 см³ и со трицикли и четирицикли - лице кое наполнило 16 години возраст
Член 286
Возачката дозвола се издава за управување со моторни и приклучни
возила кои се распоредуваат во категориите: “А”, “Б”, “Б+Е”, “Ц”, “Ц+Е”, “Д” и “Д+Е”.
Во рамките на категориите “А”, “Б”, “Ц”, “Ц+Е”, “Д” и “Д+Е”, може да се издаде возачка дозвола за управување со моторни и приклучни возила кои спаѓаат во следниве поткатегории и тоа: “А1”, “Б1”, “Ц1”, “Ц1+Е”, “Д1” и “Д1+Е”.
Во поткатегоријата “А1” спаѓаат лесни мотоцикли чија работна
зафатливост на моторот не е поголема од 125 смЗ и чија сила на моторот не е поголема од 11.
Возачот на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата “А” има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во поткатегоријата “А1”.