Багаж

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Во текот на целата година (а посебно сега, преку лето) се случува да треба да отпатуваме некаде, било тоа професионално или од лично задоволство. Сакале ние или не, со нас мораме да си носиме багаж.
Е сега, прашањето е:

Дали кога се пакувате за некаде со себе го/ја носите цел стан/куќа или пак ставате само она што ви е неопходно?

Мене секогаш ми се случува нешто многу интересно. Ако престојувам некаде на помалку денови носам цели купишта облека, но доколку некаде треба да останам подолго со себе си носам само најпотребни работи. Сепак, најчесто багажот ми е добро испланиран и немам некои проблеми.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дали кога се пакувате за некаде со себе го/ја носите цел стан/куќа или пак ставате само она што ви е неопходно?
Го пакувам целиот стан дефинитивно. :icon_lol: Пола од работите знам дека нема да ги носам, но ги ставам под изговор “за секој случај“. Ама сериозно, подобро повеќе отколку помалце. Од каде да знам како ќе се осеќам дента, што сакам да носам. Мене облеката многу ми зависи од расположението. И тоа сега сум добра, како помала на мајка ми и се темнеше кога ќе требаше да идеме на летување, па тоа и играчките со себе си ги носев, ама баш се носев со себе.
Сега одам во границите на нормалата.:icon_lol:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Ме нервира пакувањето :)
Се трудам да бидам практична и да спакувам што можам помалку работи, само она најпотребното. Но најчесто резултатот на крај е спротивен. Куферот најчесто не може да се затвори и плус наоѓам дополнителна торба :icon_lol:
Не сакам пакување зашто пред се ме нервира она ааааах чекај сега од соба во соба проверувај дали се си земал, а на крај секогаш испаѓа дека нешто си заборавил.
Или ќе се изнервирам и нема да земам се па така лани на одмор не земав ништо подебелко зашто мајка ми ме испокара дека се од плакарот сум земала, па на крај кога заврна и залади јас немав што да облечам :)
Значи сепак во право сум кога си го пакувам цел плакар :pos:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Мене мајка ми ме напнува сеуште за багажот. Иако идам сабајле јас дури на полноќ почнувам да средувам. Собирам сите маици, шорцеви, 2 пара фармерки, блузони и кошуља некоја бесна. Ке стаам се во тоа торбицата и следува прашањето - Со што ке патуваш? (се мисли за алиштата) И ај сеа вади си по нешто за носење. Едно сирото несерче (женско) земам и стаам тоа четката, пастата и остала хигиена. Земам патиките и у торбица бутам зашто идам со апостолки по дифолт. Пешкир, купаќи додавам и она "за сваки случај медицинска книшка". И коа стигам кај што сум се намерил, гледам дека нешто сум заборавил но сепак не ми е до толку битно.

Значи сум неорганизиран во тоа, земам најосновни материјални работи но си носам со себе најбитното (освен парите) - желбата за убав промин.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Во текот на целата година (а посебно сега, преку лето) се случува да треба да отпатуваме некаде, било тоа професионално или од лично задоволство. Сакале ние или не, со нас мораме да си носиме багаж.
Е сега, прашањето е:

Дали кога се пакувате за некаде со себе го/ја носите цел стан/куќа или пак ставате само она што ви е неопходно?

Мене секогаш ми се случува нешто многу интересно. Ако престојувам некаде на помалку денови носам цели купишта облека, но доколку некаде треба да останам подолго со себе си носам само најпотребни работи. Сепак, најчесто багажот ми е добро испланиран и немам некои проблеми.
Лелееее, ќе те задавам еј :nerv: :pos2:



Секогаш гледам да носам што помалку работи, затоа што товари на мене не можам да трпам. Кога патувам на одмор, една торба максимум, значи што собере во неа собере, што не, здравје. А и на одмор одам, не одам на бал, ниту па принцот Вилијам ќе дојде да ме види како сум облечена. Истово се случува и за на екскурзија, едноставно несфатливо ми беше како децава есента за во Будимпешта пакуваа по 3 куфера за 5 дена :tapp:.

Кога одам на натпревар, носам повеќе багаж затоа што 4-5 костими, пешкири, тренерки од репрезентацијата, одело, патики, влечки, наочари, капи за пливање, моја облека, документи, пријави, лаптоп и други чуда зафаќаат премногу простор. Тогаш носам и ранец на мене.
Ме фаќа нервоза, ама кога се нема место се нема :)

За пакување не ми треба многу време затоа што некои работи ми се нонстоп во торба/куфер, така да куферот ми служи и како пренослив плакар, често патувам и не секогаш го распакувувам до крај :) А да се пакувам да, мрзам ептен. Сега треба да се пакувам, страв ме фаќа кога ќе ми текне, ми се плаче, многу мразам :(
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Носам онолку колку што ми треба... на потешкиот начин сум ја научил лекцијата од влечење вишок багаж и никогаш повеќе, само онолку колку што ми треба, според тоа колку денови ќе останувам и што имам во план за тие денови, и парче две облека/храна во плус за секој случај - непредвидени ситуации.
 
Член од
12 јануари 2009
Мислења
721
Поени од реакции
40
Ја многу мрзам да носам голем багаш зата кога одам на некој пад си земам само ствари во една торбица она што е најважното и најпотребно и толку мрзам многу да имам со мене торби
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Она што ми е неопходно а може да го собере исклучиво во еден црвен планинарски ранец и една патна торба, евентуално поголем куфер... повеќе ствари колку и да се неопходни нема да бидат извлкечкани од дома, поради лилипутанска могучност кон оние големите куфери:pipi:
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Мрзам многу алишта,земам многу малце тоа што сметам ќе го облечам,не да мкнам за џабе.:pipi:
 
B

Blacks

Гостин
Практикувам да носам само она што ќе го ставам во првите 5-10 минути пошто мразам пакување...
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Искрено незнам, мама ме пакува.
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Јас пак, обожавам да се пакувам. Моите дома ме тераат да ги пакувам кога одат на пат.

Принципот е - ја вадам од шифоњер ја целата облека која сакам да ја земам, а од неа пакувам само една третина. Во спакуваната облека треба сè да може да се носи со сè, значи сè да биде во комбинација. Од она што не планирам да го облечам, а морам да го носам за секој случај - од све по едно: едни панталони, една дебела блуза, еден шушкавец. Бирам работи кои не се гужваат пошто не планирам да пакувам пегла. Ако инсистирате да носите облека која се гужва, земете си поголем куфер и оставете го малце празен.

Ако одам на одмор со машки, носам комплет козметика. Ако има повеќе девојчиња, се договараме која што ќе носи. Машките се позаборавени, успеваат да заборават сè, од пена за бричење до пешкир, чорапи па и долна облека :)

Ножче, селотејп, игла и конец се must have на секое патување. Немате поима колку ми биле корисни на мене и на тие околу мене.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Пакувам основни работи за преживување и задржување на хигиената во градот. Ништо непотребно не носам. За временски период 10 до 15 дена носам медиум куфер полу полн, а за под 10 дена ранец полн :)
Чуму да ставам 15 маици а да облечам само три? Чуму стошеснаес пара патики а да носам само два на пример? Кога ќе ги видам како го пакуваат цел плакар ми се лоши, метро и осумдесе куфер едвај го носи кутрата накај автобуска, ама битно го носи. А кога ќе и дадеш да носи гајба пиво тешко и било, немој не ме радуј :)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Јас сум шампион во пакување. Пакувам цело семејство за 30 мин (со две деца) и спремна сум. :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom