Бабини деветини, суеверија

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Ако ти падне новчаник на земја, сите пари ќе ти отидат. Мене и да не ми падне ако имам намера да ги потрошам сите, ќе ги потрошам :icon_lol:.
 
Altair

Шмеќер
Член од
30 јуни 2008
Мислења
306
Поени од реакции
192
Баба ми си има едно - кога не можеме да најдеме по дома нешто , врзува марама околу ногарка од столче и вика "Му ги врзав очите на Ѓаолот да не го крие :нештото: ". И го наоѓа , да сибе матер , се мислам да не е некој сатанист :cautious:

Anyway , за неа ќе разберам стара жена од село , ама кога моите ќе се избацат со некое преглупо суеверие не знам што да кажам.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968

Си игра и таа со вас, нема што да прави. Ги крие, па демек после тоа ги наоѓа:pos:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Не е проблемот во суеверијата проблемот е во луѓето кои веруваат во нив. И не би ми било чудно старите(генерациите на нашите баби и дедовци) да веруваат во нив, прости се, нешколовани, така слушнале така знаат. Ама млад човек у деншно време коа ке ми каже некое суеверие ми иде да го треснам што посилно. Па добро толку ли не може да се прочита од каде доаѓа тоа суеверие и да се виде дека не е нешто за верување.
последно нешто што ме извади од такт беше дека ако погледнеш бебе кое нема 40дена додека ти имаш менструација или си имала претходната нок секс тоа ке се исфрла брунчиња по лицето. Koа е логиката?
Инаку сум слушнала една купица прзноверија некои ми се смешни, некои ме нервираат
- мед навечер не се продавало, цел мед што ти е за продажба ке добие црна боја(ех си викам тегло да не продадите со таа ваша заостанатост)
-на полнок не се излегува од дома тогаш мртовците стануваат(аха да, сите покојни се вратија дома)
-да си земеш бонбонче од свадба и вечерта под перница да го стаиш и ке ја сонеш личноста на твојот живот(ова за немажените/неженетите само)
-чевли на друга женска особа не се пробуваат оти ке и го земеш мажот
- не глеај навечер у огледало вампир ке видиш
- гол не се глеај у огледало мртовци само ке сонуваш
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.422
Вакви екстремни случаи, како оној со самовилите се очигледно се` поретки и поретки и кога тогаш ќе се изгубат. Но мислам дека ќе биде погубно за културното наследство ако целосно се изгубат сите вакви народни верувања.
Се сложувам со тебе комплетно. Понекогаш, од почит кон луѓето кои имале толку бујна имагинација и јас знам да испочитувам некое суеверие, исто како тебе, иако воопшто не верувам во нив. Јас сметам дека е добро што има барем некои вакви места каде може луѓето да остават траг за тоа какви суеверија постоеле. Затоа пишувајте! ;)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.422
„Не мочај во трње или капини, таму живеат самовилите, ќе ти пратат болештини.“

Има уште една варијанта - да не мочаш под стреа. За таа разбирам како настанала, но за ова со трњето навистина не можам да најдам никаква поврзаност со ништо практично. @arakenx
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не е проблемот во суеверијата проблемот е во луѓето кои веруваат во нив. И не би ми било чудно старите(генерациите на нашите баби и дедовци) да веруваат во нив, прости се, нешколовани, така слушнале така знаат. Ама млад човек у деншно време коа ке ми каже некое суеверие ми иде да го треснам што посилно. Па добро толку ли не може да се прочита од каде доаѓа тоа суеверие и да се виде дека не е нешто за верување.
последно нешто што ме извади од такт беше дека ако погледнеш бебе кое нема 40дена додека ти имаш менструација или си имала претходната нок секс тоа ке се исфрла брунчиња по лицето. Koа е логиката?
Инаку сум слушнала една купица прзноверија некои ми се смешни, некои ме нервираат
- мед навечер не се продавало, цел мед што ти е за продажба ке добие црна боја(ех си викам тегло да не продадите со таа ваша заостанатост)
-на полнок не се излегува од дома тогаш мртовците стануваат(аха да, сите покојни се вратија дома)
-да си земеш бонбонче од свадба и вечерта под перница да го стаиш и ке ја сонеш личноста на твојот живот(ова за немажените/неженетите само)
-чевли на друга женска особа не се пробуваат оти ке и го земеш мажот
- не глеај навечер у огледало вампир ке видиш
- гол не се глеај у огледало мртовци само ке сонуваш
Е, браво, со првите две реченици си spot on.

Поготово па кога ќе видам дека верува во глупостиве некој што студира/завршил природни науки.
 
AntiZionist

undergoing construction
Член од
31 март 2009
Мислења
305
Поени од реакции
144
Една работа ми паѓа во очи многу често од секогаш - кога некој прави свадба дури и после неколку години од истата украсите кои ги ставаат на куќата кај што живеат младите (панделки, венецот над вратата) не ги тргаат. Не разбирам што е работата, као ако ги тргнат ќе се распадне бракот или?
 
Semiramida

A prayer for the wild at heart kept in cages
Член од
27 јули 2013
Мислења
97
Поени од реакции
120

Исто и црна панделка на вратата кога ке почине некој. Инаку колку што има смешни и нелогични толку има и бизарни:
-не се гледај навечер во огледало убавината ти се зема
-кога ке видиш поп фати се за копче
-по зајдисонце никако тресење на крпи со трошки среќата си ја тресеш
-не пеј додека јадеш ке се ожениш со ром
-поплукување против уроци и слично
--- надополнето: 6 декември 2013 во 16:45 ---

20 септември 2008
Мислења
12.726
Поени од реакции
9.837
A дали гледањето на кафе е суеверие?? И немој да кажете вие жените дека не (сте) гледале на кафе :icon_lol: Или карти.
 
AntiZionist

undergoing construction
Член од
31 март 2009
Мислења
305
Поени од реакции
144
Исто и црна панделка на вратата кога ке почине некој. Инаку колку што има смешни и нелогични толку има и бизарни:
-не се гледај навечер во огледало убавината ти се зема
-кога ке видиш поп фати се за копче
-по зајдисонце никако тресење на крпи со трошки среќата си ја тресеш
-не пеј додека јадеш ке се ожениш со ром
-поплукување против уроци и слично
--- надополнето: 6 декември 2013 во 16:45 ---
Хахаха да бе баш ме потсети, тоа со огледалото баба ми ми го има кажано али дека ако се гледам навечер ке ми умре мајка или така нешто
 
Red Widow

vintage soul
Член од
17 мај 2013
Мислења
101
Поени од реакции
163
Исто и црна панделка на вратата кога ке почине некој. Инаку колку што има смешни и нелогични толку има и бизарни:
-не се гледај навечер во огледало убавината ти се зема
-кога ке видиш поп фати се за копче
-по зајдисонце никако тресење на крпи со трошки среќата си ја тресеш
-не пеј додека јадеш ке се ожениш со ром
-поплукување против уроци и слично
--- надополнето: 6 декември 2013 во 16:45 ---

а што врска има со попов ?што ќе се деси ?
 
Semiramida

A prayer for the wild at heart kept in cages
Член од
27 јули 2013
Мислења
97
Поени од реакции
120
а што врска има со попов ?што ќе се деси ?
Поим немам искрено ,стварно нема логика.Ма да ова суеверие со копчето и попот во минатото особено во комунизмот било доста актуелно, а денес како да е заборавено.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom