Баба ми си има едно - кога не можеме да најдеме по дома нешто , врзува марама околу ногарка од столче и вика "Му ги врзав очите на Ѓаолот да не го крие :нештото: ". И го наоѓа , да сибе матер , се мислам да не е некој сатанист
Anyway , за неа ќе разберам стара жена од село , ама кога моите ќе се избацат со некое преглупо суеверие не знам што да кажам.
Им прави мајндфакинг.Си игра и таа со вас, нема што да прави. Ги крие, па демек после тоа ги наоѓа
Се сложувам со тебе комплетно. Понекогаш, од почит кон луѓето кои имале толку бујна имагинација и јас знам да испочитувам некое суеверие, исто како тебе, иако воопшто не верувам во нив. Јас сметам дека е добро што има барем некои вакви места каде може луѓето да остават траг за тоа какви суеверија постоеле. Затоа пишувајте!Вакви екстремни случаи, како оној со самовилите се очигледно се` поретки и поретки и кога тогаш ќе се изгубат. Но мислам дека ќе биде погубно за културното наследство ако целосно се изгубат сите вакви народни верувања.
Е, браво, со првите две реченици си spot on.Не е проблемот во суеверијата проблемот е во луѓето кои веруваат во нив. И не би ми било чудно старите(генерациите на нашите баби и дедовци) да веруваат во нив, прости се, нешколовани, така слушнале така знаат. Ама млад човек у деншно време коа ке ми каже некое суеверие ми иде да го треснам што посилно. Па добро толку ли не може да се прочита од каде доаѓа тоа суеверие и да се виде дека не е нешто за верување.
последно нешто што ме извади од такт беше дека ако погледнеш бебе кое нема 40дена додека ти имаш менструација или си имала претходната нок секс тоа ке се исфрла брунчиња по лицето. Koа е логиката?
Инаку сум слушнала една купица прзноверија некои ми се смешни, некои ме нервираат
- мед навечер не се продавало, цел мед што ти е за продажба ке добие црна боја(ех си викам тегло да не продадите со таа ваша заостанатост)
-на полнок не се излегува од дома тогаш мртовците стануваат(аха да, сите покојни се вратија дома)
-да си земеш бонбонче од свадба и вечерта под перница да го стаиш и ке ја сонеш личноста на твојот живот(ова за немажените/неженетите само)
-чевли на друга женска особа не се пробуваат оти ке и го земеш мажот
- не глеај навечер у огледало вампир ке видиш
- гол не се глеај у огледало мртовци само ке сонуваш
Исто и црна панделка на вратата кога ке почине некој. Инаку колку што има смешни и нелогични толку има и бизарни:Една работа ми паѓа во очи многу често од секогаш - кога некој прави свадба дури и после неколку години од истата украсите кои ги ставаат на куќата кај што живеат младите (панделки, венецот над вратата) не ги тргаат. Не разбирам што е работата, као ако ги тргнат ќе се распадне бракот или?
Една работа ми паѓа во очи многу често од секогаш - кога некој прави свадба дури и после неколку години од истата украсите кои ги ставаат на куќата кај што живеат младите (панделки, венецот над вратата) не ги тргаат. Не разбирам што е работата, као ако ги тргнат ќе се распадне бракот или?
Хахаха да бе баш ме потсети, тоа со огледалото баба ми ми го има кажано али дека ако се гледам навечер ке ми умре мајка или така нештоИсто и црна панделка на вратата кога ке почине некој. Инаку колку што има смешни и нелогични толку има и бизарни:
-не се гледај навечер во огледало убавината ти се зема
-кога ке видиш поп фати се за копче
-по зајдисонце никако тресење на крпи со трошки среќата си ја тресеш
-не пеј додека јадеш ке се ожениш со ром
-поплукување против уроци и слично
--- надополнето: 6 декември 2013 во 16:45 ---
Исто и црна панделка на вратата кога ке почине некој. Инаку колку што има смешни и нелогични толку има и бизарни:
-не се гледај навечер во огледало убавината ти се зема
-кога ке видиш поп фати се за копче
-по зајдисонце никако тресење на крпи со трошки среќата си ја тресеш
-не пеј додека јадеш ке се ожениш со ром
-поплукување против уроци и слично
--- надополнето: 6 декември 2013 во 16:45 ---
Поим немам искрено ,стварно нема логика.Ма да ова суеверие со копчето и попот во минатото особено во комунизмот било доста актуелно, а денес како да е заборавено.а што врска има со попов ?што ќе се деси ?