- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.665
Гледањето во огледало ноќе не било добра работа. Ме интересираше како мал зошто е тоа така, но не ми кажаа. Има повеќе толкувања, некои ги прочитав погоре. Веројатно огледалото и огледувањето секогаш биле чудни за луѓето - двојник, друго, потсвесно и веројатно непријателско јас, кое може да изврши присилна размена преку огледалото и да завршиме таму (ова е уште едно верување, освен ако не сте претерано нарцисоидни )
За да не се исполнат лошите соништа помагало нивното „испраќање“ (што и да значи тоа) со гледање низ прозорец и при миење лице по спиењето.
Накриво запетлана облека го упропастувала целиот ден.
Истурањето сол било лоша работа, што е и разбирливо. Во минатото солта во некои краишта тешко се набавувала и била скапа.
На 1 март, ако не се лажам, се врзувало, а можеби и сега се врзува, црвен конец на облеката. Тоа би требало да носи среќа, до следниот март.
Несаканите и досадни гости сте можеле да ги испратите порано ако им посолите малку сол во обувките (ако ги соблекле). Хм, ова може практично да се провери ...