Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
^
Има.
Скопско астрономско друштво и Битолско астрономско друштво, како и Аматерското астрономско друштво од Охрид.



----------------------------------------------------------------------------------


MESSENGER пристигна до Меркур






На 3 август, 2004 година, NASA го лансираше леталото MESSENGER (Mercury Surface Space Environment Geochemistry and Ranging). Притоа леталото на неколкупати прелетуваше покрај Земјата и Венера, за да ја добие вистинската брзина и траекторија до својата цел - Меркур.
Првото прелетување покрај Земјата, MESSENGER го направи на 2 август 2005 година. Потоа ја прелета Венера на 24 октомври 2006, и повторно на 5 јуни 2007.
На почетокот на оваа недела, леталото го направи своето прво доближување до џуџестата планета, и ја прелета на растојание од 200km при што ги направи и првите фотографии од површината на Меркур, уште од времето на сондата Маринер 10 на NASA која прелета покрај далечниот Меркур три пати помеѓу 1974 и 1975 година. Маринер 10 успеа да мапира 45% од површината на Меркур при трите доближувања.
Др. Шон Соломон, од тимот на мисијата MESSENGER вели: “Тимот кој работи на оваа мисија е екстремно возбуден по успешното пристигнување на леталото до својата цел. Сега ќе можеме да уживаме во првите блиски глетки на Меркур по повеќе од три декади, а малите навигациски корекции и гравитацијата на Меркур, ќе помогнат во поставувањето на конечната стабилна орбита за првпат околу овој далечен свет”.
За време на првото прелетување, инструментите на MESSENGER извршија бројни мерења и беа направени преку 1200 фотографии. Арсеналот од разни инструменти на леталото има за цел да ги изврши следните задачи: мапирање на елементарниот и менеролошкиот состав на површината, фотографирање на целата површина со резолуција од 100 метри и повеќе, одредување на структурата на магнетното поле, мерење на гравиотационото поле, и карактеризирање на егзосферичните неутрални честички и магнетосферните јони и електрони.
Една од најинтересните цели на површината на Меркур е басенот Калорис, кој претставува огромен кратер создаден при удар со некое големо тело во минатото, и има дијаметар од околу 808 милји што го прави еден од најголемите кратери во Соларниот Систем. За споредба, најголемиот видлив кратер на Земјата кој се наоѓа во Аризона а е настанат од метеорит, е широк околу само една милја.
Конечната стабилна орбита околу Меркур, MESSENGER треба да ја направи на 18 март 2011 година. До тогаш леталото ќе направи уште две прелетувања покрај џуџестата планета и тоа на 6 октомври 2008 и на 29 септември 2009. Мометално мисијата има изминато околу половина од вкупните 7,9 милијарди километри што треба да ги направи од лансирањето до поставувањето во конечната орбита.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Иде астероид кон нашата планета!
http://blogot.blog.com.mk/node/131760
http://www.tu24.org/
http://www.badastronomy.com/bablog/2008/01/06/asteroid-to-miss-earth-january-29/
Најверојатно ќе не промаши!:)
Ха ха нормално дека ќе не промаши, и не промаши :) e сега:
Нели имаше еден астеротид, може и за некој од овие да се работи кој на 30 јануари - т.е денес требаше да удри на Марс и истиот како што се доближуваше денешниот датум шансите за удар се намалуваа, се додека пред некое време не соопштија дека шансите за евентиуален удар се сосема мали скоро минорни, сакам да кажам дека има голема веројатност на истиот тој астеорид да е испробан некој начин за контрола на истите т.е менување на нивната траекторија....
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308


Само неколку денови откако американската вселенска агенција НАСА објави фотографија на која се гледа облик на хуманоидно суштество како “шета“ на Марс, се појави нова интересна фотографија од “црвената планета“. Овој пат станува збор за голем “смајли“ (smiley) исцртан на површината на Марс.


Некои од светските медиуми коментираат дека најверојатно станува збор за порака од вонземјани, а други пак се со став дека сепак станува збор за случајна конфигурација на тлото, карпите и кратерите на површината на Марс, со помош на кои е создаден облик што потсетува на светски популарниот “смајли“.






Ајде сега, следно е asl pls?
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Абе тоа е вториот најпопуларен форум на марс, смарсли се вика:)
Најпопуларен е кајгана, тоа е сеа...
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701


Само неколку денови откако американската вселенска агенција НАСА објави фотографија на која се гледа облик на хуманоидно суштество како “шета“ на Марс, се појави нова интересна фотографија од “црвената планета“. Овој пат станува збор за голем “смајли“ (smiley) исцртан на површината на Марс.


Некои од светските медиуми коментираат дека најверојатно станува збор за порака од вонземјани, а други пак се со став дека сепак станува збор за случајна конфигурација на тлото, карпите и кратерите на површината на Марс, со помош на кои е создаден облик што потсетува на светски популарниот “смајли“.






Ајде сега, следно е asl pls?

боооооо закон !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!:pos2:
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Изгледа ова и "Лицето" на Марс, се најинтересните појави кои асоцираат на многу нешта.. Е сега финтата е дали тука е вмешана човековата подсвест. Ние сме луѓе и нашиот разум скоро секогаш бара да го види тоа што ние го знаеме и сакаме да го видиме. Можеби само станува збор за случајност..
 

IvicaPunK

Старо нов член
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.084
Поени од реакции
85
Би сакал да не ме мрзи да читам !!
 

Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Ќе може некој да ми каже нешто повеќе за астрономското друштво во Скопје. Јас се распрашував, бев и на предавање, ама некако не добив ништо конкретно, како да се зачленам, што се прави кога ке се зачлениш, состаноци итн.
П.С. Се извинувам ако сум оф топик:smir:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
ova e era na svetlinata i se sto znaeme za vselenata ,,komponentite na planeti asteroidi e thanks to her(razlicni elementi emitiraat razlicni em branovi) eve eden predlog od mene THEODOR P SNOW. THE DYNAMIC UNIVERSE knigata e zakon
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Еден месец по Јапонија, Кина испрати мисија за истражување на Месечината.

Мисии на светските сили за освојување на Месечината, сега од практична повеќе од политичка причина, имаат најавено САД, Русија, Кина, Индија, Јапонија, Европа сите тие имаат планови по 2010 да започнат со посериозно изучување на сателитот.

Идејата е да се создаде постојана база на Месечината и да се започне со собирање на хелиум3, материјал кој се наоѓа на површината и кој се смета за корисен и употреблив за фузија.

Покрај експлатацијата на овој материјал, Месечината може да биде отскочна даска до подалечни дестинации, како Марс и понатаму.

Адвокатите на He-3 базирана фузија, сметаат дека денешните методи за креирање на фузиони реактори, како ITER проектот, кои користат деутериум-трициум циклус, се на погрешна насока, бидејќи реакцијата е проблематична. И двата се изотопи на водородот и кога се фузираат во суперзагреана плазма, двете јадра се спојуваат и прават јадро на хелиум, кое има 2 протони и два неутрони и високо енергететски неутрон. При оваа реакција 80% од енергијата е во млаз на високоенергетски неутрони, кои уништуваат се наоколу и нема материјал кој може да ги контролира на подолго време.
Исто, трициумот е радиоактивен, па и неговото чување е проблем.

Хелиум три според научниците, не е радиоактивен, бидејќи во процесот на фузија се добиваат многу мал број на слободни неутрони, анеутронска фузија, ,но има многу критичари за можноста за неговото практично користење.
Има еден професор Gerald Kulcinski, кој има направено реактор кој користи хе-3. Проблемот е што за да произведе еден миливат енергија, консумира еден киловат, што е не баш оптимално:)

Но оптимизмот кај одредени научни кругови постои и тие веруваат дека хе-3 ќе биде горивото на иднината.

Mining the moon
 

Famous Last W

I LoV3 YoU..
Член од
24 август 2007
Мислења
1.515
Поени од реакции
5

Американската вселенска машина “Феникс“, која се наоѓа на мисија за истражување на Марс, на површината на Црвената планета открила лед и снимената фотографија со белузлави честици ја испратил на Земјата, пренесува Блиц.

Претставниците на НАСА изјавиле дека светличавата материја видена во котлина на Црвената планета била речиси истопена. Експертите не ја исклучуваат можноста дека тоа пред се‘ била замрзната вода која испарила. Сепак, постои можност и откриената бела супстанца да не е лед, туку сол.

Во претходно добиените примероци од површината на Марс, кои роботот ги собирал околу себе, немало никакви траги од замрзната вода, истакнале научниците. Мисијата на “Феникс“ започнала на 26 мај годинава, а нејзината цел била да се потврди хипотезата дека под површината на Марс има лед.

За време на 90-дневната мисија машината ќе се обиде да го открие тоа. Се претпоставува дека веднаш под површината на Марс има замрзната вода која од време на време се топи, создавајќи во таа влажна средина поволни услови за микроорганизми.

“Феникс“ има задача да ја потврди или демантира таа хипотеза. Друга задача на мисијата на американскиот робот е и да открие траги на стари хемиски соединенија, кои би помогнале да се открие дали постоел живот на Марс. Покрај тоа, сондата ќе ја испита и атмосферата на Марс и ќе изведе метеоролошки набљудувања.

Од точка го видов и си реков да постирам е сеа колку е можно ова е знак прашалник..
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
132
Поени од реакции
12
Нови планети надвор од Сончевиот Систем

HD 40307 -b, -c, -d

Инаку HD 40307 е ѕвезда која се наоѓа на 42 св. год. од Сонцето. Таа е портокалово џуџе и една до неодамна многу досадна ѕвезда, барем за нас. Со разгледување на движењето на ѕвездата и нејзините флуктуации утврдено е дека во нејзината орбита се наоѓаат три планетарни гасни џинови (нешто како Јупитер). Овие планети се означени како HD 40307 -b; -c; -d.
Ова е последното откритие на планети надвор од Сончевиот систем, и ако не се лажам едни од поблиските на нас планети.

За заинтересираните повеќе на
exoplanet.eu/star.php?st=HD+40307
или
en.wikipedia.org/wiki/HD_40307
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Три супер планети-Земји кои орбитираат околу ѕвезда



На меѓународната конференција во Франција на 16 јуни, астрофизичарите објавија дека е забележано трио на планети наречени супер-Земји околу ѕвезда слична на Сонцето.
Супер-Земјите се помасивни отколку Земјата, но се помалку масивни од Уран и Нептун. Истражувачите сметаат дека наоѓањето на супер-Земји е предизвик со постојната технологија и дека нивното присуство укажува дека откривањето на свет сличен на нашиот е само работа на време.
Тимот го лоцирал триото со HARPS инструментот на 3,6 метарскиот телескоп на Јужната Европска опсерваторија во Ла Сила, Чиле. Тие го заклучија постоењето на планетите со забележување на нивните гравитациони ефекти врз орбитата на ѕвездата. Овој метод е наречен метод со радијална брзина или техника на нишање.
Исто така астрономите што работеле со HARPS, открија нови 45 планети-кандидати со маса помала од 30 Земјени маси и со период на орбитирање помал од 50 дена. Истражувачите велат дека купот навестува дека една од секои три ѕвезди слични на Сонцето има такви планети.
Ѕвездата со опишаното трио, HD 40307 е помалку масивна на Сонцето и е оддалечена 42 светлосни години кон јужните соѕвездија Дорадус и Пиктор. (Светлосна година е растојанието што го поминува светлината за една година или околу 9,46 трилиони колиметри.)
Мајкл Мајор од Опсерваторијата во Женева, Швајцарија кој бил член на тимот вели дека тие направиле многу прецизни мерења на брзината на ѕвездата HD 40307 во текот на последните пет години кои јасно го покажале присуството на трите планети.
Најмалата од триото тежи 4,2 Земјени маси и прави една орбита околу HD 40307 за 4,3 Земјени денови, додека најголемата е со маса 9,4 пати поголема од таа на Земјата и има период на орбита од 20,4 денови. Средната по маса е со 6,7 Земјени маси и периодот на една орбита околу ѕвездата изнесува 9,6 денови.
Од откривањето во 1995 година од страна на Мајор на прва екстрасоларна планета околу ѕвездата 51 Пегаси, астрономите досега откриле повеќе од 270 такви планети кои се најчесто околу ѕвезди слични на Сонцето. Најголемиот дел од нив се гасни џинови наречени "топли Јупитери". Истражувачите сметаат дека околу една од секои 14 ѕвезди надвор од нашиот сончев систем има топол Јупитер.
Полн кош на други нови екстрасоларни планети добија внимание на истата меѓународна конференција, каде истражувачите се фокусираа на екстрасоларните супер-Земји. Тоа вклучуваше:
Дуо кое орбитира околу ѕвездата HD 181433: супер-Земја (7,5 Земјени маси) која орбитира околу својата ѕвезда за 9,5 денови и планета слична на Јупитер со скоро тригодишен период.
Две планети од кои едната со 22 Земјени маси и период од 4 дена и другата слична на Сатурн со период од 3 години.
"Најверојатно е дека има многу други планети: не само супер-Земји и плaнети слични на Нептун со подолги периоди, туку и планети слични на Земјата кои се уште не можеме да ги забележиме", вели членот на тимот Стефане Удри од опсерваторијата во Женева."Додадете ги на нив веќе познатите планети слични на Јупитер и можеме да дојдеме до заклучок дека планетите ги има насекаде."

 

Kajgana Shop

На врв Bottom