Pa bi sakal da kazam nesto podetalno za maras epa vaka:
Марс е четвртата
planeta од
Сонцето со просечна оддалеченост од 227.940.000 km (1,52 AU). Дијаметарот ѝ е 6794 km (речиси двојно помал од тој на Земјата), и е седма планета според големината. Марс (
грчки: Арес) е бог на војната. Планетата веројатно го добила името заради својата црвена боја, а понекогаш се нарекува и црвената планета.
Првото
вселенско летало кое го посетило е
Mariner 4 во
1965, по што следела уште серија други меѓу кои и
Mars 2, првото
сонда која слетала на Марс. Други поуспешни мисии на Марс се двете летала
Viking од
1976, како и
Mars Pathfinder од
1997.
Орбитата на Марс е значително елиптична. Тоа резултира со промена на
температурата од 30°C во
апхел и
перихел. Ова има големо влијание на
климата. Додека просечната температура е 218 К (-55°С), температурата на површината се движи од 140 К (-133°С) на половите во зима, до 300 К (27 °С) преку ден во текот на летото. Иако Марс е многу помал од
Земјата, копнената површина му е приближно иста како на Земјата (заради водените површини на Земјата).
Освен Земјата, Марс е има најразнолик и најинтересен
релјеф од сите планети од земјин тип. Поинтересните области се:
- Olimpus Mons: највисоката планина во Сончевиот Систем, 21 km над околната рамнина. Основата му е над 500 km во дијаметар, обиколена со гребен висок 6 km.
- Tharsis: висорамнина долга 4000 km и 10 km висока.
- Valles Marineris: систем од кањони 4000 km долг и од 2 до 7 km длабок.
- Hellas Planitia: кратер од удар на метеор во јужната хемисфера преку 6 km длабок и 2000 km во дијаметар.
Јужната хемисфера е воглавно составена стари планини изрешетани со кратери од метерои, налик на релјефот на
Месечината. Но северната
хемисфера е сосема различна, содржи рамнини кои се создадени во блиското минато, пониски се и имаат многу посложена историја. Причината за ваквата разлика во релјефот на северната и јужната хемисфера не е позната.
Најверојатно Марс има густо јадро 1700 km во
радиус, течна карпеста обвивка, обвивка која е нешто погуста од земјината и тенка кора. Податоците од
Mars Global Surveyor укажуваат на тоа дека марсовата кора е околу 80 km дебела на јужната хемисфера и 35 km северната. Релативно малата густина во споредба со другите планети од земјин тип укажува дека кората веројатно содржи релативно големо количество
сулфур во
соединение со
железо (железо и
железо сулфид).
Има многу јасени докази за
ерозија на многу места на Марс вклучувајќи огромни канали создадени од поплави како и
речни корита. Во еден момент од историјата со сигурност имало некаков течен флуид на површината. Водата е најверојатната течност, но постојат и други можности. Веројатно постоеле големи езера или можеби и океани. Доказ за тоа се и некои многу добри фотографии направени од Mars Global Surveyor. Но изгледа дека тоа траело многу кратко и многу одамна; староста на ерозионите канали е проценета на околу 4 милијарди години. (Valles Marineris не е кањон создаден од река. Формиран е со истегнување и испукнување на кората, процес поврзан со создавањето на Tharsis.)
Во својата рана историја, Марс бил многу сличен со Земјата. Како и Земјата, скоро целиот јаглерод диоксид од атмосферата бил претворен во јаглеродни (карбонатни) карпи. Но немајќи ги тектонските движења на плочите, Марс не е во состојба да го обнови првобитното количество јаглерод диоксид со што неможе да создаде значителен ефект на стаклена градина. Затоа површината на Марс е многу поладна од на Земјата дури и кога би биле на иста оддалеченост од Сонцето.
Марс има многу тенка атмосфера составена воглавно од јаглерод диоксид (95,3%), азот (2,7%), аргон (1,6%) и траги од кислород (0,15%) и вода (0,03%). Просечниот атмосферски притисок е само околу 7 милибари (помалку од 1% од земјниниот), но значително се менува со висината, од 9 милибари во најдлабоките басени до 1 милибар на врвот од Olimpus Mons. Но сепак доволно е густа може да се создадат многу јаки ветрови и огромни песочни бури што понекогаш и ја прекриваат целата планета со месеци. Марсовата атмосфера е толку густа што може да создаде ефект на стаклена градина, но толку јака што ја зголемува површинската температура за само 5 степени, многу помалку од влијанието на стаклената градина кај Земјата или Венера.
Марс на обата пола има перманенетни ледени капи составени најмногу од јаглерод диоксид во тврда агрегатна состојба ("сув мраз"). Поларните капи се сотавени од слоеви мраз со ралично концентрација прав. За време на летото на северната фемисфера јаглерод диоксидот од тамошната поларана капа сосема испарува и останува само водениот мраз. Не е познато дали постои сличен слој од воден мраз под јужната поларна капа, бидејќи тамошниот јаглерод диоксид никогаш не исчезнува сосема. Начинот на кој се создаваат слоевите не е познат, но можеби е заради климатските промени поврзани со долготранјата промена на наклонетоста на сопствената оска на ротација во однос на рамнината на која орбитира околу Сонцето. Исто така, извесно количесто обичен (воден) мраз се наоѓа и под површината во близина на екваторот. Периодичните промени на големината на поларните капи (испарувањето на јаглеродниот диоксид) предизвикуваат глобални промени и на атмосферскиот притисок за околу 25% (мерено од летелата Viking на местата каде се спуштиле). Скорешните набљудувања од извршени од телескопот Хабл (Hubble Space Telescope) откриле дека условите за време на мисиите Viking не биле типични. Атмосферата на Марс сега изгледа поладна и посува отколку што било измерено со сондите Viking.
Леталата Viking извршиле експерименти со цел да утврдат дали постои живот на Марс. Резултатите биле донекаде двосмислени, но повеќето научници сметаат дека тие не докажуваат постоење на живот на Марс (сепак постои контроверност). Оптимистите укажуваат дека само два мали примероци се истражени кои не потекнуваат од регионите со најпогонди услови за живот. Мал број на метеорити кои паднале на Земјата потекнуваат од Марс. Во август 1996 беше објавена првата потврда за пронајдени остатоци од органски материи на метеорит кој потекнува од Марс. Луѓето кои ги открија органските материи на метеоритот велат дека тие се создадени од прастари марсовски микроорганизми.
Колку и да е интересно ова откритие, важно е да се истакне дека тоа не го докажува постоењето на вонземски живот. Исто така имаше неколку контроверзни студии објавени по тоа откритие кои го отфрлаат како доказ за постоење вонземски живот.
Неговата привидна магнитуда значително се менува во зависност од релативната позиција во однос на Земјата.
Марс има два мали сателити кои орбитираат многу близу до површината. Сателит Растојание (000 km) Радиус (km) Маса (kg) Откриен од, Година Фобос 9 11 1.08e16 Хал 1877 Демос 23 6 1.80e15 Хал 1877 ("Растојанието" е мерено од центарот на Марс).
Фобос е поголемиот и внатрешниот сателит на Марс. Тој е поблизу до својата планета од било кој друг сателит во Сончевиот Систем, помалку од 6000 km над површината. Исто така е и еден од најмалите во Сончевиот Систем со просечен дијаметра од 22,2 km (има неправилна форма 27 x 21,6 x 18,8 km).
Според грчката митологина Фобос е еден од синовите на Арес (Марс) и Афродита (Венера). "Фобос" на грчки значи "страв". Фобос, кога би се наоѓале на површината на Марс, би изгревал на запад, многу брзо би се движел по небото и заоѓа на исток, вообичаено двапати дневно. Толку е блиску до површината што неможе да види од било кој точка на површината на Марс.
Иднината на Фобос е "проколната" бидејќи орбитира под синхроната висина. Привлечните сили постојано му ја намалуваат орбитата (моментално 1,8 m во 100 години). За околу 50 милиони години тој или ќе падне на површината или (многу поверојанто) ќе се распрсне во прстен. (Ова е спротивен ефект од тоа што и се случува на Месечината, орбитата и се зголемува).
Советското вселенско летало Фобос 2 детектирало слабо но константно испуштање гас од Фобос. За жал, Фобос 2 престал да функционира пред да може да ја одреди природата на гасот, иако се смета дека тоа најверојатно е вода.
Демос е помалиот и подалечниот сателит на Марс. Еден е од најмалите природни сателити во Сончевиот Систем. Орбитира на оддалеченост од 23.459 km од Марс, а димензиите му се 15 x 12,2 x 11 km (просечен дијаметар 12,6 km).
Во грчката митологија Демос е еден од синовите на Арес (Марс) и Афродита (Венера). "Демос" на грчки значи "паника".
Фобос и Демос најверојатно се составени од карпи богати со јаглерод како и астероидите од Ц-тип. Но нивните густини се толку мали што не е возможно да се чисти карпи. Веројатно се составени од мешавина на карпи и мраз. На површината од двата може да се забележат многу кратери. Сликите од Mars Global Surveyor укажуваат дека Фобос е прекриен со слој од многу ситна прашина околу еден метар дебела, слична како реголитот на Месечината.
Се верува дека Фобос и Демос се всушност заробени астероиди. Постојат шпекулации дека тие потекнуваат од периферните делови на Сончевиот Систем, а не од астрероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер.
Во иднина Фобос и Демос би можеле да се користат како "вселенски станици" од кои би се проучувал Марс или попатни станици од и кон површината на Марс, особено ако се потврди постоењето на мраз.
Марс е "р'ѓосана" планета .
eve nekoja slika od nea: