Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
Член од
5 март 2007
Мислења
5
Поени од реакции
0
bama напиша:
Плутон веке го сметат за природен сателит,а за други планети мош има откриено и мош постои живот на други планети.
За едно 40 до 50 години ке има живот и на Марс бидејки Марс е млада планета и енос се обновува
hahaha
procitaj se za Mars i ke svatis deka na Mars moze da ima zivot,NORMALNO
ali moze da ima zivot za negde okolu 900godini[pa mislete sea]koga ke ima zivot na mars ako si ziv titni mi
 

Unstoppable

Баниран
Член од
27 јануари 2007
Мислења
702
Поени од реакции
0
Нови планети има и којзнае уште колку има, космосот е бескраен простор, со безброј галаксии (како нашата), ѕвезди итн. Јас верувам дека постои живот на друга планета, ама тоа не значи дека таа мора да е оддалечена 5 светлосни години! Самвер дер ис лајф, бат вер!?
 
Член од
10 март 2007
Мислења
104
Поени од реакции
0
Ќе се откриват уште многу планети, само дали ќе се открие живот на тие планети.
 

Black Rose

дете на цвеќето
Член од
12 февруари 2007
Мислења
1.972
Поени од реакции
38
Финалната дефиниција на Сончевиот систем го отфрла Плутон како планета

По донесувањето на првата дефиниција на планета на 24 август 2006 год. Плутон престанува да биде планета, статусот му е променет на планета-џуџе. Со тоа Сончевиот систем има 8 планети.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Најнови податоци за Марс

Замрзнатото езеро на јужниот пол на Марс е толку големо што кога би се растопило површината на Црвената планета би била покриена со вода со длабочина од 11 метри, соопшти меѓународна група на научници.
Со научната група раководи Џефри Плот, соработник на Лабораторијата за реактивно движење во Пасадена, Калифорнија, која и припаѓа на НАСА, а која ги следи летовите на меѓупланетарните сонди.

За мерење на големината на мразот истражувачите користеле радар што го направила НАСА и италијанската вселенска агенција, а дел е од европската автоматска станица „Марс-експрес”.

Според пресметките на научниците, дебелината на мразот изнесува 3,7 километри. Според составот, 90 отсто од езерото е замрзната вода.

Плот, заедно со своите колеги, сега ги обработува податоците за северниот пол на Марс добиени од сондата во последните неколку месеци. Се претпоставува дека количината на мразот и на тој пол на Марс е слична како на јужниот пол.

Џиновските ледени полиња на обата пола на планетата скриени под црвенкастиот песок ги откри американската сонда ”Одисеј” во мај 2002 година.

Извор
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Пред околу 163 000 години, со сила од 100 милиони сонца, експлодирала една од ѕвездите во Големиот Магеланов Облак - џуџеста галаксија, сосед на Млечниот Пат.

Веста за овој катаклизмичен настан до нас пристигна пред точно 20 години, односно на 23 февруари 1987 година.

Тогаш на небото над Земјината јужна хемисфера се појави нова ѕвезда, која сјаеше со месеци, но сјајот полека и се намалуваше. Во своите каталози астрономите го заведоа овој настан под ознака SN 1987 A.

Тоа беше најсјајната експлозија на супернова во последните 4 века.


"Суперновата SN 1987 A"

Во текот на овие 20 години, колку што помина од нејзиното појавување на небото, оваа супернова е набљудувана како од телескопите на Земјата, така и од телескопите поставени во орбита.

Експлозијата веќе одамна е стивната, но последиците по нејзината околина внимателно се изучуваат.

Инаку, при експлозија како што е SN 1987 A, се создаваат јаглерод, железо и други потешки елементи, од кои подоцна може да настанат нови ѕвезди и планети.



извор: Скопско астрономско друштво
www.astronomija.com.mk
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Нови сознанија за Сонцето

Научниците од Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) успеаја да утврдат на кој начин се случува експлозија на Сонцето, соопшти претставник на Научно-истражувачката лабораторија на САД, Џудит Карпен.

- Имавме шанса прв пат да видиме многу работи, на пример, како магнетното поле шири енергија во различни делови на Сонцето и како се случува експлозија, истакна Карпен.

Според неа, научниците добиле информации со помош на вселенскиот апарат „Hinode”, кој е лансиран во септември минатата година за да го проучи магнетното поле на Сонцето.

Таа додаде дека сега постои можност да се направи тридимензионален модел на Сонцето со високи резолуции.
 

outcast

login: failed!
Член од
29 јануари 2007
Мислења
424
Поени од реакции
8
А можи нешто подетално за сателитот да кажиш?

P.S. Requesting topic cleaner
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
hahaha "veri fani" dobro aj sega:
Астероиди ќе ги уништат САД и Кина

Соединетите Американски Држави и Кина ќе претрпат најголема штета од евентуален удар на мали астероиди со големина од 150 до 500 метри, покажала симулација направена на Универзитетот Southampton, а објавена на интернет страната на списанието „New Scientist”.

Кина би изгубила најмногу човечки животи, додека САД ќе претрпат најголема економска штета, заклучиле истражувачите предводени од Ник Бејли, кои развиле софтвер кој симулира влијание на паѓањето астероди на копно или во море.

- Во првиот случај ударот на астероидот ќе предизвика локална, но не и глобална катастрофа, оцени Андреа Милано, експерт за астероиди од Универзитетот во Пиза.

Работите ќе бидат поинакви кога астероидот ќе падне во море. Една од најверојатните последици ќе бидат цунами, но тешко може да се пресмета колкава катастрофа ќе предизвикаат тие бранови.

Комбинирајќи ги ефектите од можниот удар со густата населеност и инфраструктурата во различни држави, Бејли на врвот на првиот список со најголем број загинати ја стави Кина, а по неа следат Индонезија, Индија, Јапонија, САД, Филипини, Италија, Велика Британија, Бразил и Нигерија. Што се однесува до штетата по инфраструктурата на вториот список водечки се САД, а по нив следат Кина, Шведска (изложена на голем ризик од цунами поради големиот број население на брегот), Канада и Јапонија.

Извор: idividi.com.mk
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Алегрија постигна вселенски рекорд

Командантот на екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС), Американецот Мајкл-Лопез Алегрија кој во вселената се наоѓа 197 денови, постигна американски рекорд во должина на престој во орбитата, соопшти денеска рускиот Центар за управување со летови.

Претходиот рекорд, со 196 денови, во 2003 година го постави четвртиот екипаж на МВС, Карл Волц и Даниел Берч.

Лопез-Алегрија во меѓувреме ќе го поправи својот рекорд бидејќи се враќа на Земјата дури на 20 април кога ќе исполни 214 денови на дежурство на станицата.

Американскиот астронаут верува дека неговиот рекорд брзо ќе биде соборен бидејќи на МВС останува Сунита Вилијамс која е дел од неговиот екипаж, а чие враќање на Земјата е одложено до јули.

Апсолутниот рекорд во престој во орбитата се уште го држи рускиот астронаут Валериј Полјаков кој од 1994 до 1995 година помина 438 денови во руската орбитална станица „Мир”.


izvor: idividi.com.mk
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Нова планета со потенцијали за живот

Група швајцарски астрономи верува дека пронашле планета која кружи околу ѕвезда од соѕвездието Вага (околу 20 светлосни години од нас), која има можност да подржува живот. Верувањата се базирани на основа на големината на планетата (околу 1.5х поголема од Земјата) и на основа на веројатната температура (веројатно во интервал од 0 до 40 степени Целзиусови)пресметана од раздалеченоста од ѕвездата и претпоставената темепратура на ѕвездата.

Сепак има неколку работи кои ми се сеуште сомнителни. Планетата има пребрза револуција, а исто така има претпоставена маса од околу пет пати повеќе од Земјата... Останува откритиево во следниве неколку дена да го конфирмираат и другите вселенски агенции..

http://www.sciam.com/article.cfm?articleID=25A261F0-E7F2-99DF-313249A4883E6A86&chanID=sa007
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
606 напиша:
Група швајцарски астрономи верува дека пронашле планета која кружи околу ѕвезда од соѕвездието Вага (околу 20 светлосни години од нас), која има можност да подржува живот. Верувањата се базирани на основа на големината на планетата (околу 1.5х поголема од Земјата) и на основа на веројатната температура (веројатно во интервал од 0 до 40 степени Целзиусови)пресметана од раздалеченоста од ѕвездата и претпоставената темепратура на ѕвездата.

Сепак има неколку работи кои ми се сеуште сомнителни. Планетата има пребрза револуција, а исто така има претпоставена маса од околу пет пати повеќе од Земјата... Останува откритиево во следниве неколку дена да го конфирмираат и другите вселенски агенции..

http://www.sciam.com/article.cfm?articleID=25A261F0-E7F2-99DF-313249A4883E6A86&chanID=sa007
Како дополнување:

Откриена е првата екстрасоларна планета која во голема мера наликува на нашата Земја, што значи дека на неа постојат теоретски услови за појава и развој на живот. Оваа планета орбитира околу ѕвездата Gliese 581, која од нас е оддалечена 20 светлински години и се наоѓа во насока на соѕвездието Вага (Libra). За сега, планетата е позната под ознаката Gliese 581 c.
Новооткриената планета има околу пет пати поголема маса од Земјата. Научниците сè уште не се сигурни дали се работи за карпесто тело или планета претежно изградена од мраз. Доколку Gliese 581 c е планета од карпест тип, тогаш нејзиниот дијаметар е околу 1,5 пати поголем од дијаметарот на нашата планета. Но, доколку се работи за замрзната „топка“, тогаш дијаметарот би можел да биде и поголем. Се проценува дека површинската температура на планетата се движи во границите од 0 до 40° С, што е совршено за појава на живот.
За сега не постојат никакви физички докази за тоа дека на оваа планета има вода во течна состојба, што е уште еден важен предуслов за појават на живот. Но, според актуелните теоретски модели за формирање на планетите, Gliese 581 c е одличен кандидат за свет со течна вода.
Од сите 220 екстрасоларни планти, откриени досега, ова е дефинитивно првата која пројавува најголема сличност со Земјата. Другите или се премногу топли, или премногу студени, или премногу големи или, пак, гасовити џинови како Јупитер.
Откритието го направи тим од 11 европски научници, со помош на телескопот на Европската јужна опсерваторија (European Southern Observatory - ESO) во Ла Сиља, Чиле. Овој телескоп е опремен со специјален инструмент, со кој може да се детектираат и најмали треперања кај некоја набљудувана ѕвезда, предизвикани од присуството на планета во системот. Тимот е составен од астрономи од неколку универзитети од Швајцарија, Франција и други европски држави. Интересно е тоа што во изминативе неколку години два тима, овој и уште еден од Соединетите Американски Држави, буквално се натпреварувале во тоа кој прв ќе открие земјолика екстрасоларна планета.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
ај и ја да дополнам :)

Уметнички цртеж за околината на новата планета


Европските астрономи открија небесно тело за кое тие мислат дека може да биде планета налик Земјата, оддалечена 20 светлосни години од нас во соѕвездието Либра.

Планетата наречена Gliese 518c е 50% поголема од Земјата(5 пати помасивна) и орбитира околу црвено џуџесто сонце на дистанца која би можела да поддржи вода и најверојатно живот.

„Доколку го гледате универзумот како мапа на богатство, тогаш сигурно би сакале да го обележите ова место со X” - вели Ксавиер Делфосе кој е дел од истражувањето.


Компјутерските модели предвидуваат дека Gliese 581C e или карпеста планета како Земјата или пак воден свет покриен целосно со океани. Температурата на оваа супер-Земја се движи од 0-40C степени, со што водата би била во течна состојба.

Научниците се надеваат дека ќе имаат можност подобро да ја истражат оваа планета кога новиот Ален телескоп ќе биде поставен летово.


Major Discovery: New Planet Could Harbor Water and Life

Found 20 light years away: the New Earth

New planet found: It might hold life
 

Kajgana Shop

На врв Bottom