- Член од
- 20 март 2007
- Мислења
- 8.493
- Поени од реакции
- 308
^
Има.
Скопско астрономско друштво и Битолско астрономско друштво, како и Аматерското астрономско друштво од Охрид.
----------------------------------------------------------------------------------
MESSENGER пристигна до Меркур
Има.
Скопско астрономско друштво и Битолско астрономско друштво, како и Аматерското астрономско друштво од Охрид.
----------------------------------------------------------------------------------
MESSENGER пристигна до Меркур

На 3 август, 2004 година, NASA го лансираше леталото MESSENGER (Mercury Surface Space Environment Geochemistry and Ranging). Притоа леталото на неколкупати прелетуваше покрај Земјата и Венера, за да ја добие вистинската брзина и траекторија до својата цел - Меркур.
Првото прелетување покрај Земјата, MESSENGER го направи на 2 август 2005 година. Потоа ја прелета Венера на 24 октомври 2006, и повторно на 5 јуни 2007.
На почетокот на оваа недела, леталото го направи своето прво доближување до џуџестата планета, и ја прелета на растојание од 200km при што ги направи и првите фотографии од површината на Меркур, уште од времето на сондата Маринер 10 на NASA која прелета покрај далечниот Меркур три пати помеѓу 1974 и 1975 година. Маринер 10 успеа да мапира 45% од површината на Меркур при трите доближувања.
Др. Шон Соломон, од тимот на мисијата MESSENGER вели: “Тимот кој работи на оваа мисија е екстремно возбуден по успешното пристигнување на леталото до својата цел. Сега ќе можеме да уживаме во првите блиски глетки на Меркур по повеќе од три декади, а малите навигациски корекции и гравитацијата на Меркур, ќе помогнат во поставувањето на конечната стабилна орбита за првпат околу овој далечен свет”.
За време на првото прелетување, инструментите на MESSENGER извршија бројни мерења и беа направени преку 1200 фотографии. Арсеналот од разни инструменти на леталото има за цел да ги изврши следните задачи: мапирање на елементарниот и менеролошкиот состав на површината, фотографирање на целата површина со резолуција од 100 метри и повеќе, одредување на структурата на магнетното поле, мерење на гравиотационото поле, и карактеризирање на егзосферичните неутрални честички и магнетосферните јони и електрони.
Една од најинтересните цели на површината на Меркур е басенот Калорис, кој претставува огромен кратер создаден при удар со некое големо тело во минатото, и има дијаметар од околу 808 милји што го прави еден од најголемите кратери во Соларниот Систем. За споредба, најголемиот видлив кратер на Земјата кој се наоѓа во Аризона а е настанат од метеорит, е широк околу само една милја.
Конечната стабилна орбита околу Меркур, MESSENGER треба да ја направи на 18 март 2011 година. До тогаш леталото ќе направи уште две прелетувања покрај џуџестата планета и тоа на 6 октомври 2008 и на 29 септември 2009. Мометално мисијата има изминато околу половина од вкупните 7,9 милијарди километри што треба да ги направи од лансирањето до поставувањето во конечната орбита.