Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.404
- Поени од реакции
- 5.960
Хипотетички, една личност која што живее 75 години, просечно преспива дури 22 години од животот! Тоа значи речиси 1/3 од животот ни поминува во сон. Премногу навидум залудно потрошено време. Сепак, постои можност човекот на некој начин да учествува активно и во тој дел од својот живот. Тоа се остварува со помош на феноменот наречен луциден сон.
Луцидното (свесното) сонување претставува состојба во која личноста сонува но е свесна дека се наоѓа во сон. Поточно, луцидниот сон е момент во кој човекот станува свесен дека сонува. Доколку личноста успее да сфати дека сонува со поголем напор и со поголема смиреност може да го обликува својот сон по свои желби.
Најчест начин на проникнување на луцидноста во некој сон е барање на некоја нелогичност (аномалија) во самиот сон. Токму таа аномалија може да ја рабуди свеста на личноста која што спие и да асоцира дека станува збор за сон. Кога ќе се проникне во луцидниот сон и во способноста за контролирање на својот сон, индивидуата може да се почуствува како вистинско совршенство на природата. Најважно во луцидниот сон е да сфатите дека тој сон е ваш и само ваш и дека Вие ја имате целосната контрола врз случувањата во него.
Пионер во областа на луцидното сонување е Оливер Фокс. Карактеристично во стилот на пишување на Оливер Фокс е тоа што тој не се обидува да тврди за реалноста на луцидниот сон и OBE (Out of Body Experience) туку само ги наведува своите искуства и остава на читателите да си изградат свој сопствен став по горенаведените феномени. Г-ин Фокс своите несекојдневни искуства ги опишал во „Окултна Ревија“ од 1920 година. Она што го натерал Фокс да врши истражувања на овие феномени бил еден негов сон во деновите кога бил на колеџ. Тој сонувал како го гледа својот дом од птичја перспектива и забележал една аномалија во градбата на својот дом. Таа аномалија го заинтригирала и ја разбудила неговата свесност по што тој сфатил дека сонува. - „Во истиот момент силата на животот што ја доживував никогаш не била поинспиративна. Никогаш морето и небото не зрачеле со таква убавина, никогаш куќите и улиците не биле поскладни, никогаш полињата не беа така измиени, чисти и сјајни. Никогаш не се чуствував така убаво, јасни мисли, чист мозок и боженствено моќен. Чуството не траеше долго, мојата ментална контрола ја изгуби моќта и се соедини со моето уморно тело. Тогаш на ум ми дојде една сјајна идеја - одлучив да се обидам да се вратам во својот сон и да го продолжам...“ Поттикнат од фантастичното искуство, Оливер Фокс се обврзал да направи поголеми напори и да се обиде да го продолжи својот сон. По извесен период и со големи напори, Фокс конечно успеал полека но сигурно да ги контролира случувањата и должината на својот сон но по извесен период од сонот секогаш почуствувал остра болка во пределот на епифизната жлезда. Во тој момент, исплашен од можните последици се будел во своето физичко тело.
Иако бил свесен дека сонува, сепак не се осудувал да се обидува да остане во сонот и по појавата на болката. Сепак, по извесе период почнал да го мачи мислата што би се случило доколку не го послуша својот внатрешен аларм. По извесен период, конечно, се одлучил да оди до крај. Во стандардна процедура, при свој луциден сон тој ја почуствувал болката но решил да ја игнорира... и по извесен период слушнал како нешто се отклучува во неговиот мозок и се почуствувал неверојатно слободен и лесен. Го изгубил чуството за тоа дека сонува и се инфилтрирал во една сосема нова димензија... Оливер Фокс астрално се проектирал!
Луцидниот сон и контролата на сонот се два сосема различни стадиуми. Една индивидуа доживува луциден сон во моментот кога тој/таа ќе почувствува дека сонува. За разлика од луцидниот сон, можноста за моделирање на сопствениот сон по сопствени желби претставува контрола на сонот. Значи, постои јасна дистинкција помеѓу двата горенаведени термини. Токму способноста да се одржи смиреноста и концентрацијата по сознанието дека личноста сонува (без притоа да се разбуди) е вистинската придобивка од еден луциден сон и билет за понатамошните несекојдневни доживувања.

Извор