Астрална проекција

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Хипотетички, една личност која што живее 75 години, просечно преспива дури 22 години од животот! Тоа значи речиси 1/3 од животот ни поминува во сон. Премногу навидум залудно потрошено време. Сепак, постои можност човекот на некој начин да учествува активно и во тој дел од својот живот. Тоа се остварува со помош на феноменот наречен луциден сон.

Луцидното (свесното) сонување претставува состојба во која личноста сонува но е свесна дека се наоѓа во сон. Поточно, луцидниот сон е момент во кој човекот станува свесен дека сонува. Доколку личноста успее да сфати дека сонува со поголем напор и со поголема смиреност може да го обликува својот сон по свои желби.

Најчест начин на проникнување на луцидноста во некој сон е барање на некоја нелогичност (аномалија) во самиот сон. Токму таа аномалија може да ја рабуди свеста на личноста која што спие и да асоцира дека станува збор за сон. Кога ќе се проникне во луцидниот сон и во способноста за контролирање на својот сон, индивидуата може да се почуствува како вистинско совршенство на природата. Најважно во луцидниот сон е да сфатите дека тој сон е ваш и само ваш и дека Вие ја имате целосната контрола врз случувањата во него.
Пионер во областа на луцидното сонување е Оливер Фокс. Карактеристично во стилот на пишување на Оливер Фокс е тоа што тој не се обидува да тврди за реалноста на луцидниот сон и OBE (Out of Body Experience) туку само ги наведува своите искуства и остава на читателите да си изградат свој сопствен став по горенаведените феномени. Г-ин Фокс своите несекојдневни искуства ги опишал во „Окултна Ревија“ од 1920 година. Она што го натерал Фокс да врши истражувања на овие феномени бил еден негов сон во деновите кога бил на колеџ. Тој сонувал како го гледа својот дом од птичја перспектива и забележал една аномалија во градбата на својот дом. Таа аномалија го заинтригирала и ја разбудила неговата свесност по што тој сфатил дека сонува. - „Во истиот момент силата на животот што ја доживував никогаш не била поинспиративна. Никогаш морето и небото не зрачеле со таква убавина, никогаш куќите и улиците не биле поскладни, никогаш полињата не беа така измиени, чисти и сјајни. Никогаш не се чуствував така убаво, јасни мисли, чист мозок и боженствено моќен. Чуството не траеше долго, мојата ментална контрола ја изгуби моќта и се соедини со моето уморно тело. Тогаш на ум ми дојде една сјајна идеја - одлучив да се обидам да се вратам во својот сон и да го продолжам...“ Поттикнат од фантастичното искуство, Оливер Фокс се обврзал да направи поголеми напори и да се обиде да го продолжи својот сон. По извесен период и со големи напори, Фокс конечно успеал полека но сигурно да ги контролира случувањата и должината на својот сон но по извесен период од сонот секогаш почуствувал остра болка во пределот на епифизната жлезда. Во тој момент, исплашен од можните последици се будел во своето физичко тело.

Иако бил свесен дека сонува, сепак не се осудувал да се обидува да остане во сонот и по појавата на болката. Сепак, по извесе период почнал да го мачи мислата што би се случило доколку не го послуша својот внатрешен аларм. По извесен период, конечно, се одлучил да оди до крај. Во стандардна процедура, при свој луциден сон тој ја почуствувал болката но решил да ја игнорира... и по извесен период слушнал како нешто се отклучува во неговиот мозок и се почуствувал неверојатно слободен и лесен. Го изгубил чуството за тоа дека сонува и се инфилтрирал во една сосема нова димензија... Оливер Фокс астрално се проектирал!
Луцидниот сон и контролата на сонот се два сосема различни стадиуми. Една индивидуа доживува луциден сон во моментот кога тој/таа ќе почувствува дека сонува. За разлика од луцидниот сон, можноста за моделирање на сопствениот сон по сопствени желби претставува контрола на сонот. Значи, постои јасна дистинкција помеѓу двата горенаведени термини. Токму способноста да се одржи смиреноста и концентрацијата по сознанието дека личноста сонува (без притоа да се разбуди) е вистинската придобивка од еден луциден сон и билет за понатамошните несекојдневни доживувања.

Дали има можност за благо губење на реалноста при интензивно/често луцидно сонување?
 
Има ли некој со искуство во АП овде? Не спонтани, не читани од книга.....него некој што успеал со вежби да го постигне тоа
Нема потреба од никакви вежби, доволно е само да знае дека се може тоа.
 
А како некој ќе докаже дека направил астрална проекција?
 
Овде се говори за астрална проекција не за луцидно сонување, ова се две различни работи! Астралната проекција не е сон туку реалност во изменета состојба на свеста. Еве едно quick video за тоа како да постигнете астрална проекција или уште попрецизно кажано вонтелесно искуство. У п.м. уште не можам да се помирам дека вакво нешто постои ама јас имам доживеано па си знам.....

Зошто пак да докаже воопшто ?

За да знаеш дека ја направил?
Пошо секој може да каже дека направил нешо такво, како ќе одлучиш на кого да веруваш/неверуваш? (во случај да веруеш дека постои астрална проекција)
 
За да знаеш дека ја направил?
Пошо секој може да каже дека направил нешо такво, како ќе одлучиш на кого да веруваш/неверуваш? (во случај да веруеш дека постои астрална проекција)

Ако сакаш да се увериш дека е можно, земи некоја книга за ова и прави ги вежбите што се зададени (медитации) најмалку за 2 недели ке доживееш, има автори кој твртат со 100% дека ке доживееш ако ги следиш нивните книги. Секој може да доживее ова, не само некои одредени луѓе. Разликата е во тоа што некој доживуваат спонтано а некој треба да користат техники за доживеат вакво искуство.
 
A од кај знаеш дека тоа уствари не е само еден голем мајндфак? Ко шо е пласибо ефектот, или обично перење мозок, те убедува во нешто се додека не почнеш да веруеш у истото и да си напраиш илузија сам на себе дека уствари се проектираш, а всушност ти си куфер негде во самоиндуциран трип. :)
 
Тогаш не се замарај и терај си живот.
 
A од кај знаеш дека тоа уствари не е само еден голем мајндфак? Ко шо е пласибо ефектот, или обично перење мозок, те убедува во нешто се додека не почнеш да веруеш у истото и да си напраиш илузија сам на себе дека уствари се проектираш, а всушност ти си куфер негде во самоиндуциран трип. :)

Види вака, ова нешто постои, јас го имам доживеано. Можам да ти кажам дека си 100% свесен (скоро како буден само имаш некако друга перцепција за околината) додека си го гледаш телото али сега дали се тоа е некоја илузија или вистина се двоиме од физичките тела не можам да ти кажам. Може се некој халуцинации ама можеш да го постигнеш ова и е прилично чудно и уникатно искуство.

Мислам дека ако успееш да ги усовршиш овие техники и успееш да се одвоиш од телото и да видиш нешто во real-time е тогаш имаш доказ дека вистина се двоиш од телото, мислам дека ме разбираш.
 
A од кај знаеш дека тоа уствари не е само еден голем мајндфак? Ко шо е пласибо ефектот, или обично перење мозок, те убедува во нешто се додека не почнеш да веруеш у истото и да си напраиш илузија сам на себе дека уствари се проектираш, а всушност ти си куфер негде во самоиндуциран трип. :)

Епа еве еден пример дека Астралната проекција не е како плацебо ефектот.
Јас минатото лето првпат доживеав спонтана АП (Астрална проекција), и буквално се одвоив од моето физичко тело и си го гледав како ми спие, а претходно не ни знаев дека постои АП.
Значи јас врска си немав од АП и не ни знаев дека постои АП, а сепак ми се случи да се одвојам од телото.
За АП случајно дознав пред неколку месеци тука на форумов.
Си ја разгедував темава Мистерии на форумов и читам нешто тема Астрална проекција и си викам дај да видам што пишува на темава и кога почнав да читам дури тогаш сватив дека на мене ми се има случено АП летоска.
Ете ти викаш дека АП се случувала затоа што сме читале и сме знаеле за неа, а како тогаш на мене ми се случи АП а јас претходно немав чуено за неа и ништо не знаев за АП.
 
А што ако душата испадне на момент и наиде на друга душа? Пошто повеќе од сигурен сум дека постои нешто што не го гледаме (души, сили, енергии како сакате кажете ги), пошто и друг има таква способност, што ако се проектира вон тело, а истовремено "се сретне, искомуницира, се сплетка" (не знам поими, овие ми се најблиски)...со друга душа? Нели е тоа или ризично или можеби во некои случаи предност?
 
Абре каква душа, душата на нас не ни излегува при Астрална проекција.
Нашата свест се префрла од нашето физичко тело, во нашето астрално тело.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom