Астрална проекција

Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
За тие што прашуваат зашто е потребна АП ќе кажам дека АП е АЗБУКА за „книгите“ кои треба да се прочитаат и сама по себе не значи ништо ако не се користи за пат погоре.

Ако сте ја доживеале спонтано а немате појма зашто или се чудите а што сега со гаранција не ви треба и можете да ја гледате како една играчка која еден ден сама од себе ќе си престане.

За сите други кои знаат кои „книги“ треба да бидат прочитани АП е потребната азбука без која многу тешко оди „читањето“.
 
L

Lu

Гостин
во ред, ги читам наназад постовите и искуствата на другите, ама никако неможам да ја сфатам поентата....дали љубопитноста треба да биде главен фактор за да пробам да доживеам АП, или нешто друго...што ве натера вас, што е причината заради која ја практикувате често.... Дали чувствата доживеани при првата успешна АП се толку „јаки’’, што потоа повторно ќе сакам да се навраќам. да не бидам сфатен погрешно, ама некако во глава ми доаѓа споредба во стилот на користење дроги (нели првиот пат од љубопитност, водени од јакиот филинг пробуваме повторно, и повторно и повторно...се почесто и почесто). Ме интересира кои се придобивките од АП, за нашиот земски живот?
Да, барем за мене тоа е причината (болдираниот дел од твојот пост).
Чувството неможе да се опише колку е ..... едноставно непостојат зборови со кои може да се опише Астралната проекција, таа треба да се доживее.
Тоа со дрогата е многу лоша споредба, бидејќи многумина се откажуваат од АП бидејќи не е за сите пријатно искуство.
Според мене Астралната проекција е како втор живот.
Во едниот живот (физичкиот) сме ограничени во просторот, значи не можеме да летаме, да поминуваме низ ѕидови, да се телепортираме...
А додека Астралната проекција јас ја сметам како втор живот во кој што не сме ограничени со нашето физичко тело и не важат правилата на физиката, можеме да поминуваме низ ѕидови, да летаме... и да правиме многу нешта кои што во физичкиот свет не можеме да ги правиме.
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
а кога се случува астралана проекција, дали духот секогаш го гледа просторот онаков каков е или е различен?

исто така ме интересира колкумина ја доживеале и дали мора секој кога тогаш да ја доживее?
 
Па кога нашата свест е во астралното тело, просторот не е баш ист како во физичкиот свет, боите се заматени малку и сликата не е кристално чиста како во физичкиот свет.
Инаку многу пати имам кажано.
При Астрална проекција не излегува нашата душа/дух од нашето тело, туку нашата СВЕСТ се префрла во астралното тело и фактички сме 100% целосно свесни додека нашето физичко тело ни спие.

Јас мислам дека многу луѓе ја имаат доживеано Астралната проекција, но во јавност не зборуваат за неа поради тоа што многумина не веруваат во АП, па затоа луѓето што ја доживеале не ги кажуваат нивните искуства во јавност бидејќи може да ги направат луди или ќе си мислат дека се зафркаваат, а додека на форумите луѓето си ја отвараат душата и се си кажуваат што им се случува.
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
57

Токму така. Познавам и јас неколку луѓе што помалку или повеќе се занимаваат со вакви феномени, но не раскажуваат јавно, инаку ќе ги однесат во лудница, а мeѓу кои и мене :)

Јас немам доживеано астрална проекција, но имам доживеано OBE (Out-of-body experience), што е на некој начин послаба и помалку опасна варијанта од АП, и тоа десетина пати. Ми се случуваше во период кога активно се занимавав со јога и медитација, па најверојатно ми се отворила некоја чакра. Чувството е страшно првиот пат бидејќи тогаш телото е комплетно парализирано и неможеш да мрднес ни со прст колку и да се обидуваш, па затоа единствен спас е да излезеш од телото колку додека се разбуди моторниот дел на мозокот за да можеш и ти комплетно да се разбудиш. Да не должам многу, сепак ова се субјективни доживувања.

--- надополнето ---

Поправка: под десетина пати не мислев десетина пати послаба, туку десетина пати ми се има случено.
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Па кога нашата свест е во астралното тело, просторот не е баш ист како во физичкиот свет, боите се заматени малку и сликата не е кристално чиста како во физичкиот свет.
Инаку многу пати имам кажано.
При Астрална проекција не излегува нашата душа/дух од нашето тело, туку нашата СВЕСТ се префрла во астралното тело и фактички сме 100% целосно свесни додека нашето физичко тело ни спие.

Јас мислам дека многу луѓе ја имаат доживеано Астралната проекција, но во јавност не зборуваат за неа поради тоа што многумина не веруваат во АП, па затоа луѓето што ја доживеале не ги кажуваат нивните искуства во јавност бидејќи може да ги направат луди или ќе си мислат дека се зафркаваат, а додека на форумите луѓето си ја отвараат душата и се си кажуваат што им се случува.
абе пред 4 години, сонував како јас лежам на кауч у дневна и некаде одзогора сум се гледала себе си како спијам сред бел ден, иако ми се матни сеќавањата, но сепак знам дека тоа го сонував ноќе. Кога се разбудив имав некое чудно чувство како да било реално, а јас постојано мислам дека е сон и тврдам дека е сон.
Многу ми беше тоа чудно и ден деншен се прашувам шо беше тоа.

Тогаш и немав појма за АП, се мислев е тоа измишљотина и постои само кај Волшебничките:pos:, дури сега читајќи ги овие искутва сватив дека е реално.
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394

Најчесто така се случува.
Исто така често се доживува АП при високa телесна температура и често изгледа суреална. Причината е што при висока температура е многу полесно да се има „чист ум“ односно ум прочистен од мисли и многу е полесно астралната проекција да се издвои од телото.
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Најчесто така се случува.
Исто така често се доживува АП при високa телесна температура и често изгледа суреална. Причината е што при висока температура е многу полесно да се има „чист ум“ односно ум прочистен од мисли и многу е полесно астралната проекција да се издвои од телото.
вистина, не ни спомнав дека среде лето ми се случи тоа и заборавив да напоменам дека кога се разбудив беше утро!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.958
Поени од реакции
11.968
Па кога нашата свест е во астралното тело, просторот не е баш ист како во физичкиот свет, боите се заматени малку и сликата не е кристално чиста како во физичкиот свет.
Инаку многу пати имам кажано.
При Астрална проекција не излегува нашата душа/дух од нашето тело, туку нашата СВЕСТ се префрла во астралното тело и фактички сме 100% целосно свесни додека нашето физичко тело ни спие.

Јас мислам дека многу луѓе ја имаат доживеано Астралната проекција, но во јавност не зборуваат за неа поради тоа што многумина не веруваат во АП, па затоа луѓето што ја доживеале не ги кажуваат нивните искуства во јавност бидејќи може да ги направат луди или ќе си мислат дека се зафркаваат, а додека на форумите луѓето си ја отвараат душата и се си кажуваат што им се случува.
Просторот е онаков каков што ќе го создадете (тука игра улога урамнотеженоста на умот, најдобро истрениран ум за ова е ум што има пракса во било која гранка од јогата), сликата зависи од тоа дали е истрениран умот, и НЕ МОРА ДА СЕ СПИЕ.
ТОА Е ЧИСТА НЕИНФОРМИРАНОСТ. Тоа е спонтана(нерегулирана, непотребна) астрална проекција во која многумина се губат и се наоружуваат со страв против ап. Потребно е да се знае што се добива со сето тоа. Ако ви е до шетање, одете во парк. Астрална проекција служи за контакт со други ентитети кои некои ги негираат некои велат дека постојат, но нивната егзистенција не зависи од нашиот апарат или разум за да пресмета дали се реални или не, кои (најбитно да знаете) и не секогаш се добронамерно расположени кон испрашувачот.

Астрална проекција без јога и без одредени други пракси, е играчка со оган и нема да се добие ништо добро од тоа.
 
TwiNNeR

Повеќе читам, помалку пишувам
Член од
1 декември 2009
Мислења
179
Поени од реакции
100
Се сеќавам дека еднаш во болница кога лежев после операција, бев како во полу-сон, мижев, но гледав наоколу, и се осеќав како и сам да се гледам. Тоа го сфатив како сон...
 
L

Lu

Гостин
Просторот е онаков каков што ќе го создадете (тука игра улога урамнотеженоста на умот, најдобро истрениран ум за ова е ум што има пракса во било која гранка од јогата), сликата зависи од тоа дали е истрениран умот, и НЕ МОРА ДА СЕ СПИЕ.
ТОА Е ЧИСТА НЕИНФОРМИРАНОСТ. Тоа е спонтана(нерегулирана, непотребна) астрална проекција во која многумина се губат и се наоружуваат со страв против ап. Потребно е да се знае што се добива со сето тоа. Ако ви е до шетање, одете во парк. Астрална проекција служи за контакт со други ентитети кои некои ги негираат некои велат дека постојат, но нивната егзистенција не зависи од нашиот апарат или разум за да пресмета дали се реални или не, кои (најбитно да знаете) и не секогаш се добронамерно расположени кон испрашувачот.

Астрална проекција без јога и без одредени други пракси, е играчка со оган и нема да се добие ништо добро од тоа.
А дали некогаш ти си имал АП додека си свесен (бидејќи како што самиот кажа не мора да спиеме за да доживееме АП) ?
И бидејќи како што гледам, упатен си околу Астралната проекција, па ме интересира твоето искуство со АП и дали си стетнал ентитет ?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.958
Поени од реакции
11.968
Сум имал.
Прашањето ти е апсурдно. Велиш АП додека си свесен. АП не ни може да биде ако не си свесен. Сето тоа зборување за АП при спиење не држи вода. Знаеме што е АП нели... свеста се префрла со одредени методи на друго место.
Значи без свесност и без контрола на мислите, АП е само играчка за големите фантазери.
Не постои лесно постигнување на АП, посебно не преку лежење и чекање на сон за да почне патот... Тоа многумина ги залажува...

П.С. Кажав зошто се користи АП... сигурно не е за спонтана прошетка :)
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Добре Хепта, знаеме дека девојчето мислеше на АП кога не спиеш :smir:

Лу, може...ама како што кажа Хепта треба вежбање, треба медитација да се научи за да имаш добра контрола врз мислите, доар фокус и за да можеш тотално да го заборавиш телото т.е. да немаш осет за него. Имам на српски една книга од Маја Мандич во пдф. Има вежби во неа и ако сакаш ќе ти ја испратам.
 
Еден од важните фактори.
Колку лесно и да изгледа - тешко е да се медитира , особено чакрена медитација .
Секој кој е заинтересиран за астрална проекција може да прочита нешто околу чакрите и прочистување на истите . Со ова се „вежба“ умствената моќ и ќе бидете подготвени за астрална проекција.
 
L

Lu

Гостин
Сум имал.
Прашањето ти е апсурдно. Велиш АП додека си свесен. АП не ни може да биде ако не си свесен. Сето тоа зборување за АП при спиење не држи вода. Знаеме што е АП нели... свеста се префрла со одредени методи на друго место.
Значи без свесност и без контрола на мислите, АП е само играчка за големите фантазери.
Не постои лесно постигнување на АП, посебно не преку лежење и чекање на сон за да почне патот... Тоа многумина ги залажува...

П.С. Кажав зошто се користи АП... сигурно не е за спонтана прошетка :)
Погрешно се изразив :smir: , сакав да кажам дали си имал АП додека си буден (али по грешка пишав свесен) , инаку знам дека мора да си свесен за да имаш АП.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom