Една анализа која ќе гледам да ја напишам во 3-4 коментари за изборите според тоа што барем мене ми беше најинтересно за нив и како тие ќе влијаат на долг рок во Македонија.
Првата ќе биде албанската опозиција.
Во Македонија со пауза од 18 месеци ДУИ е на власт цели 19 години на оној или на овој начин, држат мнозинство во општините , секогаш се дел од Владата со што може лесно да мобилизираат гласови и да вршат притисоци врз своите, клинетелистичкото албанско гласачко тело е 100 % ДУИ бидејќи и нема како на друг начин да се вработи во администрација или да биде дел од тендерите кои се делат од тендер колачот.
Тука е и постојаните злоупотреби на рамконивот договор, вработените по рамковен кои им дават комотен старт на ДУИ со некој сигурни 60 000 гласачи кои ги имаат во свој посед преку тој начин, што е огромна предност за нив во нивниот блок и дефинитивно недостижна предност за останатите.
Албанската опозиција од друга страна е поделена , БЕСА е јака во тетовско, Алијансата во гостиварско , а солидно стои во струшко и тетовско, Алтернатива е солидна во скопскиот регион, што значи сите имат свои бастиони но не се јаки на цела територија, БЕСА иако е дел од власта реално таа си спаѓа во албанска опозиција во однос на ДУИ.
Начинот на кои тие може да се спротистават на ДУИ и да почнат да ја рушат е следниот, да се обединат и да делуват како еден блок на избори, по победата на ДПМНЕ да формират коалиција и да издржат на власт 4 години со што ќе може да вработуват повеќе нивни луѓе и најважно да издржат на локални избори одосно да не изгубат некоја општина и плус да добијат уште две-три со што ќе го разбијат клинтелистичкиот монопол што го држи ДУИ кај нив.
Македонците од друга страна се решавачкиот фактор на рушење на ДУИ а тоа значи дека во наредните локални избори за 4 години мобилизирано да гласат секаде за сегашната албанска опозиција и да го слабеат на ДУИ, губење подолго време на власта на централно ниво и паѓање на се помал број на општини ќе ги разгоре внатрешните конфликти кои сега се ставаат под тепих поради власта и ДУИ ќе почне полека да се распаѓа.