Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.827
Поени од реакции
33.290
Хеј, знам дека годината штотуку започна, ама според тоа што го гледам - „тивката кампања“ за претстојните локални веќе одамна е започната. Темава ја отворам за сите дискусии поврзани со претстојните локални избори, кои би требало да се одржат некаде во октомври 2021 - два месеца порано од планираното, затоа што градоначалниците и локалната самоуправа имаа продолжен мандат поради кризата во 2017 година.

Отворам и анкета, која ќе оди во 2 фази.

Прва фаза: Од почетокот на годинава до официјалниот старт на кампањата
- Во оваа фаза членовите ќе имаат можност да гласаат за 2 опции, но и да го променат гласот во секој момент, согласно актуелното мислење и репутација на потенцијалните кандидати/партии. Нели, затоа што можеби на почеток сте имале еден фаворит, но направил кикс, па сте одлучиле да го смените гласот и слично Или, се двоумите помеѓу две опции. Гласовите се тајни и не се видливи за останатите членови и модераторите.

Втора фаза: Од официјалниот старт на кампањата, до крај.
- Во оваа фаза членовите ќе може да гласаат само за 1 опција, без можност да го променат својот глас. Гласовите се тајни и не се видливи за останатите членови и модераторите.

На крај би било интересно да ги споредиме резултатите од двете фази со финалните резултати од изборите :)
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
451
Поени од реакции
1.616
Очекувам победи за Левица во Скопските Општини, сепак зависи од нив како ќе ја истераат кампањата, ако се мудри и паметни нема да имаат проблеми пошто ако изгуби у прв круг некој од сдс/дпмне во втор ќе гласа од инает за Левица. Win-Win :) Да не збориме дека оваа година имаат lightweight ко Шилегов итн. по општини.

Мислам дека на овие избори најмудро ќе им биде да се фокусираат само на Скопје и со добра кампања гарант ќе имаат победници, младите - барем тие со кои јас контактирам се загреани за Левица.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
2.627
Поени од реакции
2.873
Следната 2021 е година во која почнуваме со Смарт сити, БРТ системот на Трамвај без шини, го започнуваме новиот мост на Љубљанска, а завршуваме со мостот на АСНОМ, рече Петре Шилегов, скопскиот градоначалник во новогодишната честитка.
Ако биде се во ред и условите го дозволат тоа ќе започнеме со изградба на новиот Луна парк и ботаничка градина.

За 9 месеци ова, а претходно само улици гребеше и еден слој асфалт... ако му тргне па ептен со планов месециве пред идење може и сонда на Марс да прати, ќе има време сигурно и за тоа. Поготово ако напраи коалиција со Интегра :icon_lol:
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.488
Поени од реакции
19.957
Гласам во Карпош и Скопје. Две целини ебани до смрт. Господ бог не ги оправа, не па некој шупак со сдс-дпне-учк проминенција.
Кога ќе се качам на Водно и кога ќе видам колкави бетоништа се уградија у градов, кога ќе се симнам доле и кога ќе видам каква сељачаана е напукана у тие бетони, како се вози, каков гној од воздух дишеме....градоначалник од Јапонија да донесеме не не оправа.

Левица не верувам дека ќе освојат градоначалничко место, ама ќе гласам за да имаат повеќе советници чисто за да им тераат контра на овие копуци. Немаат кадар претставено и во нивната тема многу ги критикувам дека не се концентрираат ич на локалната власт. Се надевам дека во наредниве месеци малку ќе се освестат и ќе почнат да работат на тој проблем.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
11.812
Поени од реакции
8.712
Како е во другите градови, се сработи нешто овие 4 години?
Во Струмица буквално неколку улици ако се чепнаа, друго се си остана крш.
Ништо, нула работа цели 4 години.

А ќе гласам за ВМРО-ДПМНЕ од 2 причини, прво сум вмровец, второ комуњарите северни 20 години се власт во Струмица, треба малку да земат воздух, да одморат.
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.552
Поени од реакции
17.517
Ќе се зезнев да гласам за Левица, ама среќа прочитав во нивната тема од 2 запознаени со материјата, да не речам експерти, дека ќе сме станеле Куба на Балканите со гулази, така што веројатно ќе одберам една од двете проверени и просперитетни варијанти.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
28.385
Поени од реакции
55.045
Доаѓам од една од најмртвите скопски општини, во која што и двете најголеми партии ќе извадат ужасни кандидати.
Се надевам дека Левица ќе земе повеќе советнички места и пчекувам на ниво на општина да имаат некои 13% од гласовите за советници.
Сепак, не знам каде ќе најдат толку кадарни луѓе за советници.
 
Член од
4 октомври 2018
Мислења
2.910
Поени од реакции
7.291
Ќе гласам најверојатно за Левица освен ако не се избрукаат со изборот на кандидатот, ама искрено не верувам дека имаат шанса за победа и втор круг. Треба да бидеме реални и да кажеме дека Дпмне и Сдс имаат многу повеќе партиски клиенти/потрчковци отколку Левица обични луѓе што би изглегле да гласаат на избориве. Сепак настрана тоа очекувам Левица скоро секаде да добие солиден број на советнички места без кои ќе нема да мине никоја крупна одлука

Значи како што реков клучен момент е изборот на кандидатот, да сум од Кавадарци ќе му дадев повторна подршка на Митко

Сепак, не знам каде ќе најдат толку кадарни луѓе за советници.
И не мора да бидат некој ептен кадарни ако немаат, за почеток за промена доволно е да бидат чесни и неподмитливи
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
4.509
Поени од реакции
10.231
Значи како што реков клучен момент е изборот на кандидатот, да сум од Кавадарци ќе му дадев повторна подршка на Митко
Ако не се кажам, Митко е еден од ретките кандидати кој има присталици од сите политички партии. За жал ова кај нас е реткост и само покажува тажна политизираност во секоја јавна функција.
Самиот кандидат треба да биде приказна за себе а не маскота на политичка партија.
Зошто никад нема значителен успех на независни кандидати? Едноставно немало доволен број на независно гласачко тело.
Левица има проблем со кадар и тешко дека ќе има некој видлив успех. (се надевам дека грешам)
Како и да е, не чекаат исти/слични ветувања: улици, булевари, зелени оази, пречист воздух, ревизија на постоечки ДУП-ови бла бла...
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.552
Поени од реакции
17.517
Каков ти Митко, Љупчо од Пеем се враќа накај пролет, откако ќе се смири пандемијава малку од малку. Ќе го скичми уште во прв круг.
 
Член од
4 октомври 2018
Мислења
2.910
Поени од реакции
7.291
Ако не се кажам, Митко е еден од ретките кандидати кој има присталици од сите политички партии. За жал ова кај нас е реткост и само покажува тажна политизираност во секоја јавна функција.
Самиот кандидат треба да биде приказна за себе а не маскота на политичка партија.
Зошто никад нема значителен успех на независни кандидати? Едноставно немало доволен број на независно гласачко тело.
Левица има проблем со кадар и тешко дека ќе има некој видлив успех. (се надевам дека грешам)
Како и да е, не чекаат исти/слични ветувања: улици, булевари, зелени оази, пречист воздух, ревизија на постоечки ДУП-ови бла бла...
Тоа е лошо во ситуацијава што Митко нема да добие подршка од својата матична партија, а и Сдс ќе си оди со свој кандидат таму
На крајот големи се шансите да изгуби, не ме чуди и ако поради ова се откаже да биде кандидат..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom