Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.981
Поени од реакции
6.910
Бутел брои околу 30% албански гласови. Кај овие сигурен сум дека барем 2:1 ќе има сдсм, а ако на тоа ги додадеме и купените и тие кои ги носи како бонус градската и централната власт, мислам дека разликата веќе станува голема. Јак е даре ама мислам дека дпмне во моментов нема толку голема мобилизаторска моќ да надмине толку голема предност.
Автоматски споено мислење:


Појма неам кај се наоѓа општинава.
Автоматски споено мислење:


Ако единствено нешто што те држи во државава е надежта во способноста на македонците за носење на рационални политички одлуки, ондак мислам дека е време да си бараш алтернативна домовина :ROFLMAO:
Орце и Диме се убедливо најјаките кандидати кои ДПМНЕ ги извади на овие избори плус Митко Јанчев , бев некако убеден дека тие две општини нема како да им избегат , арно ама баш пишав и со некој што живеат во општината и истото ми го напишаа горе-доле и искрено сум изненаден, ова е последна шанса пред конечна албанизација на Бутел да стане втора албанска општина во самиот град како што овие шиткале како што шиткале се државно на нив.

За Орце и Диме знам дека се пред се челични дечки искалени на политичката улица , башка што за Орце знам од прва рака во Струмица се покажа и докажа ама не се тие работи за форуми.

Аеродром според моиве пријатели аеродромци ќе решавале Лисичани, ако процентот е таму голем тепа Тимчо, ако е мал најверојатно ќе тепа Цанде, иако не се многу воодушевени од него како што се пупма фама по одредени фб страници.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.837
Ајде веќе кога се типува да се пробам, предвидувањава ми се базираат најмногу на тоа што сдсм е на власт. Ќе има многу поткуп, притисоци, договарања и тн., на крај мислам дека сдс ќе си ја задржат власта, т.е. градоначалничките места. Во советите речиси никој нема да има апсолутно мнозинство, па ќе биде прилично закочена работата, особено во скопските општини. Мислам дека левица секаде ќе има одлучувачки глас, па тоа ќе допринесе да паднат маските кај сдсдпмне кои ќе мораат да си ја активираат и јавно коалицијата преку гласање во општинските совети.


СДСМ - Скопје, Карпош, Центар, Бутел, Шуто Оризари;
ВМРО - Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Кисела Вода;
ДУИ - Сарај и Чаир

тројка:
СДСМ - Кочани, Берово, Крива Паланка, Делчево, Пехчево, Берово, Виница;
ВМРО - Штип, Пробиштип, Кратово, Велес

четворка:
СДСМ - Радовиш, Струмица, Валандово, Гевгелија, Дојран, Демир Капија;
ВМРО - Неготино, Кавадарци, Прилеп.

петка:
СДСМ - Битола, Охрид, Крушево, Маврово, Ресен, Вевчани - СДСМ
ДУИ - Струга, Дебар.

шестка:
ДУИ - Кичево
Алијанса - Гостивар
Тетово хаос ќе биде не можам ни да прогнозирам на тепка. Мислам дека нема да биде ДУИ.

Куманово - Максим
Најточна анализа досега......

Ама ова е за градоначалници....а најинтересно ќе биди за совети кај сите градој бидејќи никој нема да има мнозинство и можно е да има сценарио како Гази Баба во 2017 каде се доби градоначалник од Сдсм а советите повеќе има Вмро...и сега така ќе биди па како што викаш ќе мора коалицијата арамиска да си ја прикажат во јавност и уште повеќе да се бламираат(не дека досега не се бламираа).

Најперфектно ќе биди да се изедначени во градоначалници и Левица секаде да има одлучувачки глас...ама пак така можи за инает да ги кочат проектите или пак тие што се власт ќе се вадат со класични лузерски изговори "опозицијата не кочи па затоа ништо не се прави"...или уште полузерски изговор е "бидејќи Левица не блокираа моравме да најдиме соломонско решение со Сдсм/Вмро и да се истера проектот".

Додуша ако некој има одлучувачки глас од било која партија ќе му направат милион притисоци и пак ќе попушти...никако не е.

Мислам шо и да се случи на изборите пак ќе си остани исто...државата ќе оди во пропаст, партиски вработувања и клиентизам ќе си продолжи, минимално работење, продавање пуфки и милион криминални скандали ...Албанските партии дали биле Дуи или Алианса ќе се понашаа класично индијански и никој ништо нема да му можи бидејќи се богој буквално и ако треба ќе почнат да тепаат луѓе по улици и да силуваат жени кај ќе стигнат па пак никој нема да ги гиба.

Мислам јас лично да бев како онај Асани со пајакот ќе му одев на полицијата , ќе му го земев Џетито насила и ќе праев дрифтој низ сите кружни текој низ Скопје....онака да покажам дека никој ништо не му можи и дека сме мизерна држава
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Орце и Диме се убедливо најјаките кандидати кои ДПМНЕ ги извади на овие избори плус Митко Јанчев , бев некако убеден дека тие две општини нема како да им избегат , арно ама баш пишав и со некој што живеат во општината и истото ми го напишаа горе-доле и искрено сум изненаден, ова е последна шанса пред конечна албанизација на Бутел да стане втора албанска општина во самиот град како што овие шиткале како што шиткале се државно на нив.

За Орце и Диме знам дека се пред се челични дечки искалени на политичката улица , башка што за Орце знам од прва рака во Струмица се покажа и докажа ама не се тие работи за форуми.

Аеродром според моиве пријатели аеродромци ќе решавале Лисичани, ако процентот е таму голем тепа Тимчо, ако е мал најверојатно ќе тепа Цанде, иако не се многу воодушевени од него како што се пупма фама по одредени фб страници.
Цанде ако го победи Тимчо, ондак овој вториов треба веднаш да стави крај на политичката кариера.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765
Орце и Диме се убедливо најјаките кандидати кои ДПМНЕ ги извади на овие избори плус Митко Јанчев , бев некако убеден дека тие две општини нема како да им избегат , арно ама баш пишав и со некој што живеат во општината и истото ми го напишаа горе-доле и искрено сум изненаден, ова е последна шанса пред конечна албанизација на Бутел да стане втора албанска општина во самиот град како што овие шиткале како што шиткале се државно на нив.

За Орце и Диме знам дека се пред се челични дечки искалени на политичката улица , башка што за Орце знам у прва рака во Струмица се покажа и докажа ама не се тие работи за форуми.

Аеродром според моиве пријатели аеродромци ќе решавале Лисичани, ако процентот е таму голем тепа Тимчо, ако е мал најверојатно ќе тепа Цанде, иако не се многу воодушевени од него како што се пупма фама по одредени фб страници.
Има едно сценарио каде што темел и цанде победуваат... ако ова се случи, подобро да ја укинат демократијата во државава.
Изборите ќе бидат многу тесни и ќе решаваат најмали моменти. Дури и такви маргинални ствари како временска прогноза можат да ги превртат изборите на една или на друга страна.
Втор круг ќе биде само формалност, сдс ќе оди all in со купување и притисоци во недела за после само да направи чистка.
Автоматски споено мислење:

Едно е сигурно: ВО НЕДЕЛА СИТЕ ЌЕ ПРОГЛАСАТ ГОЛЕМА ПОБЕДА!!!
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.243
Поени од реакции
4.447
Не знам зошто мислите Бутел дека ќе е СДС. Гледам резултати лани ВМРО тепал со 1500 гласа, а ДУИ и АА се изедначени по гласови и сите да излезат од ДУИ да гласаат за црпковци, а пола од АА да гласаат за ВМРО, пак се у предност. Плус Левица имале 700-800гласа кои никако нема да бидат за СДС, ако излезат да гласаат.

Освен Центар ништо друго нема да добијат во Скопје СДС
Струмица и Паланка им се сигурни плус уште 4-5 општини од истокот ништо друго. Евентуално уште Битола да ја земат во втор круг. Потоп ги чека Велес, Прилеп, Кавадарци и општо во тиквешијата.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.837
Koлку време го немаме слушнато познатото "Цело Скопје вмровски град" :pos: :pos: :pos:

Ако случајно води Данела во првиот круг и во повеќето Скопски општини ќе биди смеење во штабот кај Сдсм...ќе се врати Влатко Ѓорчев на сцената :D
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Цанде ако го победи Тимчо, ондак овој вториов треба веднаш да стави крај на политичката кариера.
Да да пошто северофирмците се познати по рационално расудување, анализирање на дебатите и политичките програми. Плус треба да имаат и меморија малку поголема од памтење една недела претходно за да сфатат кој ги прави магариња. Никако не одлучува 300 евра плата во клати-врата системот, тендерче и тие таквите работи. Во Струмица па може и да се каже во Паланка буквално магаре да кандитираат комуњарите ќе победи. Во Струмица и кандитираа магаре.

Меркел да дојде и да биде кандидат против Костадинов во Струмица ќе изгуби. И милион реални проекти да им вети и да се чека само нејзина победа за да се реализираат пак нема да победи.
Дали тоа значи дека треба да си стави крај на кариера Меркел?
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Јас не знам зошто сте убедени дека ќе има гласови од Алијансата за Вмро. Да ќе има ама само тие што се ептен блиски до партијата. Тие независните што гласале за Алијанса никогаш не би гласале за Вмро. Попрво за Дуи би гласале него за Вмро.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Цанде ако го победи Тимчо, ондак овој вториов треба веднаш да стави крај на политичката кариера.
Цанде е малски дечко, долго време во ФА, а и финансиски им помагал на МЗТ, ќе собере доста гласови во урбаните делови.

Ако гласаат лисичани би требало да тепа Тимчо, ако не ќе биде доста тесно.

Тимчо на дебатата на Телма остави одличен впечаток, од друга страна на дебатата на Канал 5 не баш, доста работи од ракав истресе, како 100 000 м2 зеленило и не знам колку нови паркинг места, нешта што не можат да се направат.
Денеска гледам Тимчо не е ниту на дебатата на 24 вести, си пиел кафе некаде момакот, минус е тоа.

Мислев дека ќе се прошета Тимчо, поготово после пустошот на Марин, но нема да ме чуди и ако биде тесно.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
ВМРО - Штип, Пробиштип

ВМРО - Неготино,

Куманово - Максим
СДСМ никогаш не биле појаки во Штип и Пробиштип, така што тие две општини се речиси сигурни за СДСМ.

За Неготино пред 2 години кога бев вклучен во едно истражување за таа општина, тој градоначалник имаше прилично висок approval rating, така што би ме изненадило да не добие втор мандат.

За Куманово можам да пишувам есеи и есеи за кандидатите, но со оглед на тоа што зборуваме нели за предвидувања, единствено сигурно е дека од големата тројка Шанац нема да победи, но можно е да се пласира во втор круг.
Ме чуди Бутел што гледам го стават сите во графи СДС а ДПМНЕ таму извади доста јак кандидат, до толку ја албанизираа општината или на што се должи тоа, кандидатот на Бутел од СДС не ми стои за добар, ако Македонците си дозволат луксуз да победи СДС тогаш дефинитивно и не заслужуват да бидат претпознатливи повеќе од гробиштата на Скопје.
Исто и Бутел пред 2 години градоначалникот имаше солиден approval rating (нешто понизок од оној на Неготино). А актуелниот кандидат на ВМРО е истиот оној пред 4 години.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.159
Поени од реакции
25.657
Да да пошто северофирмците се познати по рационално расудување, анализирање на дебатите и политичките програми. Плус треба да имаат и меморија малку поголема од памтење една недела претходно за да сфатат кој ги прави магариња. Никако не одлучува 300 евра плата во клати-врата системот, тендерче и тие таквите работи. Во Струмица па може и да се каже во Паланка буквално магаре да кандитираат комуњарите ќе победи. Во Струмица и кандитираа магаре.

Меркел да дојде и да биде кандидат против Костадинов во Струмица ќе изгуби. И милион реални проекти да им вети и да се чека само нејзина победа за да се реализираат пак нема да победи.
Дали тоа значи дека треба да си стави крај на кариера Меркел?
Да, ако е толку луда Меркел да трча против Констадинов во Струмица во овој политички контекст, треба да си стави крај на кариерата. Е сега, Тимчо и тие околу него не се политички неписмени. Мислам дека му е фино одмерено кај оди.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.927
Поени од реакции
7.863
Ако ова се деси, јас догодина се отселувам од државата. Од 2017 до сега оваа влада успеа да не донесе на самото дно и не ми се верува како има уште луге што ги гласаат а не па да помислам дека ќе победат. За жалење сме ако ни се деси прогнозава
Јас лично ќе сум изненаден ако пак не се деси, одамна кренав раце од тој народ таму.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom