Ајде веќе кога се типува да се пробам, предвидувањава ми се базираат најмногу на тоа што сдсм е на власт. Ќе има многу поткуп, притисоци, договарања и тн., на крај мислам дека сдс ќе си ја задржат власта, т.е. градоначалничките места. Во советите речиси никој нема да има апсолутно мнозинство, па ќе биде прилично закочена работата, особено во скопските општини. Мислам дека левица секаде ќе има одлучувачки глас, па тоа ќе допринесе да паднат маските кај сдсдпмне кои ќе мораат да си ја активираат и јавно коалицијата преку гласање во општинските совети.
СДСМ - Скопје, Карпош, Центар, Бутел, Шуто Оризари;
ВМРО - Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Кисела Вода;
ДУИ - Сарај и Чаир
тројка:
СДСМ - Кочани, Берово, Крива Паланка, Делчево, Пехчево, Берово, Виница;
ВМРО - Штип, Пробиштип, Кратово, Велес
четворка:
СДСМ - Радовиш, Струмица, Валандово, Гевгелија, Дојран, Демир Капија;
ВМРО - Неготино, Кавадарци, Прилеп.
петка:
СДСМ - Битола, Охрид, Крушево, Маврово, Ресен, Вевчани - СДСМ
ДУИ - Струга, Дебар.
шестка:
ДУИ - Кичево
Алијанса - Гостивар
Тетово хаос ќе биде не можам ни да прогнозирам на тепка. Мислам дека нема да биде ДУИ.
Куманово - Максим