Албанското име се следи во континуитет од антиката - ама во Кавказ
Имате тешкотии да докажете (и нема никогаш да докажете, па кој и сакате научник да го повикате) дека сегашните Албанци од Косово и Македонија имаат и најмала врска со Илирите со кои ве делат скоро два милениуми, етнолошки карактеристики и разлика во името. Ако сте биле Илири, зошто не сте си го задржале името Илири??? Кој ве спречувал? Зошто сте се преименувале во Албанци??? За албански пасош - за да можете да шетате низ Европа без виза?!
Не бре братко, тој што ви ја создал државата на почеток на 20 век, не ви го одбрал името Илири и Илирија од проста причина што знаел дека вие не сте Илири, ниту имате некаква и најмала блискост со Илирите. Многу добро знаел дека сте Албанци и знаел добро од каде сте дојдени (а и вашите стари го знаеле сето тоа) та затоа ви го турил тоа име.
А во склад со геополитичките интереси на големите сили во 19 век вклучена е огромната машинерија за фабрикување на историја, култура и т.н. на новите нации. Ниту сега, а понајмалку тогаш можел некој да се спротистави на конструкциите на “авторитетите“ и извиканите “научници“. И ако некој се обиди(ел) да се спротистави со контрааргументи сите се нафрлаат како глутница врз таквиот со омаловажување и исмевање, доколку игнорирањето не помогне... -Колкаво светско внимание предизвикаа Тентов и Бошевски? Многу слабо. Нема ни да предизвикаат, затоа што она што тие го направија и открија не се вклопува во шемата на споменатите “научници“. Слично е и со Семир Османагич со пирамидите во Босна.
Се она што не се вклопува во светогледот кој е креиран е однапред осудено на маргинализирање и анонимност...