Албански неосновани теории и фалсификати врз историјата

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Албански неосновани теории и фалсификати врз историјата, присвојување на Осмалиското културно наследство и препишување како нивно

Уште едни во низата. Баш ме интересира каде е Турското население во пописот?
Историчари ( оќе позз ): Пред Земјотресот Албанците мнозинство во Скопје

thumbnail.php

На дебата на Здружението на историчари Албанци на Македонија во врска со 50 годишнината од земјотресот, беа претставени документи од државниот архив, според кои, до 1963 година во Скопје поголемиот број од жителите биле Албанци. Директорот на Државниот архив, Ќерим Лита со став:

„Пред сè сакам да истакнам дека Скопје со околината во 1945 година броело 145.260 жители, а само во градот имало 67.743 жители. Најголемиот број од жителите беа Албанци, каде според статистиките, албанското население споредено со вкупното население во Скопје, во 1945 година сочинувало некаде 47%“, рече Ќерим Лита, директорот на државнио архив.

Историчарот Неби Дервиши пак, ги обвини властите во тогашната држава дека ја искористиле катастрофата за да ги иселат Албанците од Скопје.

„До 1963 година Скопје имаше најголем број Албанци во албанските краишта. По земјотресот на 26 јули, помошта што беше дадена од цивилизираниот свет по катастрофата, славомакедонските кругови ја искористија за да го исчистат градот од Албанците и да ги заменат со словенско население. Значи, по земјотресот од 26 јули се интензивираа мерките за менување на структурата на населението, особено по заминувањето на Албанците во ветената земја Анадолија, а паралелно со тоа почна масовната миграција на Македонците во Скопје. За тоа говорат официјалните историски документи што се чуваат во Државниот архив на Македонија во Скопје“, вели Неби Дервиши историчар.

Од друга страна, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, најави разни активности по повод 50 годишнината од земјотресот. Очекува учество и на градоначалниците на Тирана, Софија, Дрезден и други градови, ќе има изложби, ќе се дарува крв и ќе има богата културна програма.

И претседателот на државата Ѓорге Иванов им се придружи на активностите за одбележување на годишнината, па денеска ја посети Управата за сеизмологија во Скопје.

Мелихате Рустеми

Извор: http://alsat.mk/index.php/vesti/od_zemjata/4217-Историчари-Пред-Земјотресот-Албанците-мнозинство-во-Скопје.html
.
 
:facepalm:...

Добро не не' "лажат" дека пред 100-200 години имало Aлбанци низ цела Македонија, па некако да им "поверуваш".

Aма овие прават муабет за настан кој се случил пред 50 години, и кој сеуште има уште живи луѓе што се сеќаваат што-како било пред земјотресот.

Па и уште во државата што им дала леб и засолниште ги вреѓаат граѓаните и ги нарекуваат славомакедонци.... И потоа дежурните "браќа" ќе ти прават јајцата цитрони за тој фамозен соживот.

Уште еднаш...:facepalm:

Anco мора да го чуеме твоето мислење. :D
 
Мене само ме интересира до кај ќе идат со присвојување и на Османлиското наследство во Македонија како свое.
 
До брегот, веќе ми се патетични.

Незнам освен сами на себе кој друг им верува.
 
,,,,,im se mozhe,,,shto se chudite,,,se dodeka ima budali makedonci koi se zakrvaveni megjusebe,,,taka ke bide,,,ne samo dokumentite,,vo arhivot,,,tuku ushte malku ke ispadne deka ,,vo skopje imalo i albanski arhiv,,,
,,dodeka dvajca se karaat ,,,,/po novo/,,,tretiot gi ebe i dvajcata,,,
 
Од се срце му посакувам на новиот небески народ да си продолжи со својата небеска политика и да си заврши како што си завршија србите.
 
Сите Албанци што ќе се запишат во македонско школо одеднаш стануваат турци.

Сакам да кажам дека им се може и си користат ситуации да идат во нивен прилог.
 
Добро бре,ова лесно може да се провери. Во основните училишта ќе се отворат
дневниците и ќе се види колку (или николку) Албанци (кои тогаш и под тоа име не се нарекуваа) биле запишани и учеле во сите оделенија во 1962-1963 година.

Албанци во Скопје пред земјотресот, ме насмеавте, па со боринче да ги бараш нема да најдеш. Турци да.

Во ред ги имало но како да ги немало,безгласни беа-невидливи. Крајна дестинација во градов да ги видиш беше на Бит пазар, во некој пазарен ден кога поради купување на некоја ортома или опинок се симнале од планина.

Пораснав во таа наша стара чаршија, и од кога паметам била наша, почнувајќи од казанџиите па до пазарот. Е, да си беа од нивните неколку семкари и слаткари. Ама мнозинство никогаш не биле таму ни по чаршијата ни по улица ни на пазарот.

А да не правиме муабет дека ги имало во Тафталиџе или Кисела вода. По земјотресот бидеиќи новото-сегашно школо Кирил и Методи се уште не беше направено за првата учебна година, ние деца од Еврејско и Пајко маало бевме префрлени во паралелки во Јане Сандански, па и во Васил Главинов. Не верувам дека и тогаш таму имало 2-3 албански паралелки-сите беа македонски. Можеби да имало турски.

Не се сеќавам во моја близина да сме имале албански деца, а турски да имаше и беа по имоќни од нас, да признам и некои подотерани. Кај некој од нив сум бил и дома, а често се качувавме и на џамиите најгоре (па и таму јас не видов албанци).

Населбите Топаана, Дуќанџик, Бит пазар, Француски гробишта, Саат кула ми се добро познати од пред земјотресот, таму беше повеќето македонско население со делови на Ромско население, како оној дел од стариот Централен затвор кон Тетовска трошарина и околу самата трошарина. Па они беа во малцинство во едно Арачиново во тоа време и тоа може да се провери, а не пак во цела скопска околија.

Или да го земеме за пример Сарај, пред земјотресот а и по него. Тоа село имало албанци но колкав број, од десна страна на патот можеби 2-3 куќи а сега 2-3000.

Или и овој пример, во 1969 година учев во Коце Металец. Е таму најповеќе да ги имало по еден во клас, а ни толку, а чим таму ги немало значи во гимназиите пак ич. Па тие бре не учеа тогаш (тераа говеда), а за женски тогаш ни сонце не ги видело.

Значи лаги со опашки.
 
Неверојатно, кој стасува ни ја менува историјата.

Албанци во Скопје може да се провери колку имало пред 1963та според книгата на извод на родени. Да се документира и да им се залепи на чело на овие со оваа теза. Од тоа поголем доказ нема.

Уствари заборавив, од што ги мразеле, не ги ни запишувале ќе испадне муабетот. :ROFLMAO:
 
Секоја нација мора да ја мине романтичарската фаза на национализмот тоа е сосема нормално и Албанците се наоѓаат во оваа фаза и затоа кај нив моментално се актуелни и популарни тезите дека се староседелци на Балканот.

А со ништо тоа не ги поткрепуваат, дури и немаат никакви факти дека живееле пред 13-14 век. Едноставно како да паднале од небо па ќе ви кажат дека живееле во планините и слични глупи тези еве го читаме Puno кој вели дека Хомер бидејќи носел некоја капа, а на Puno му личела на кече, па вели и античките Грци уствари биле Албанци или Албанците биле Илири.

Или пак тезата на Puno дека Албанци живееле до територијата на Бугарија и слични теории на кои се пали секој плиток мозок.

Немајте гајле ќе им мине, кај нив може ќе треба подолго време, но тоа не е ништо невообичаено и незабележано низ историјата. И Србите имаа таква треска па останаа со мандалото во рака, им ја ебаа цела држава овие западњациве.

Важното е дека се тече се се менува па така и Албанциве кои моментално се на врвот во својот романтичарски национализам ќе доживеат пад.

A жал ми е што само едно забораваат дека со многу народи се зарчкаа и замерија, направија многу глупости, направија злосторства против недолжно население и ќе дојде денот кога ќе си го платат цехот. Бидејќи се се плаќа во овој живот ништо не е беспари и тоа пак ќе плати недолжно население како секогаш низ историјата. Затоа велат кој не учи од историјата е проколнат да му се повторува.
 
Па селава у тетово станале албански бидејќи порано земале млади шип.тарчиња за овчари па овие после се котеле и ги превземале селата.

Еве кажете едно село/град со изворно албанско име во Македонија!

А овој ајванов со тезиве ...:facepalm:
 
Јас им верувам на моите, кои и пред земјотресот си живееле во Скопје - по нивно кажување „Жив Ш, за лек немало....“ (за по селата не можам да тврдам)

Уште едни во низата. Баш ме интересира каде е Турското население во пописот?
Како бе каде? Балкански војни, светски војни....шака турци се останати - „Турско 2.0“ е од времето на Грујо наваму, после ТАВ, Џеваир-меваир....
 
Точно е тоа дека после 2 с.в. а особено после земјотресот и воопшто во целиот тој повоен период на индустријализација на државата како и период на масовна преселба на населението (провинција-Скопје).

Факт е дека демографската карта на Скопје и на целиот Скопски регион се изменила (во корист пред се на Македонците).

Но дека Скопје во историјата бил мнозинско Албански град и дека Албанците биле мнозинство се до катастрофалниот земјотрес во 1963 год., е таквата изјава ај што е лага туку е и извор на омраза и тотално газење и искривување на фактите и реалноста (тогашна)!

Ало, Скопската Стара Чаршија, како и сите тие други работи како на пр. Саат-Кулата, амамите, ановите, џамиите и.т.н. се Османлиска/Турска оставштина, Турци и Албанци не е едно исто, тоа се две различни етнички заедници/народи.

Е сега тоа што Албанците сакаат врз база на истата религиска припадност да си присвојат се што е Османлиска оставштина на овие простори тоа е веќе сосема друга и тотално погрешна работа!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom