Албански неосновани теории и фалсификати врз историјата

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
(Не)човекот кој не именуваше како Славомакедонци е заменик директор на Државен Архив на РМ. За приказната да биде уште потрагична, тој е и еден од авторите на учебник по историја за VI одделение...

 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Aко некој е/бил "СлавоМакедонец", но тој што го кажува тоа е Арап, Чеченец, Курд и сл.

Нека не навредуваат ако не сакаат да бидат навредувани и тие.
И да се модерните Македонци Словени по потекло, тоа е проблем на Македонците, нема што некој си Албанец да кажува што биле Македонците. Tоа не е негов проблем, башка човекот обавува функција и тоа во Република Македонија.

Со ваквите фалш и сељачки изјави се создава само говор на омраза и ништо повеќе!
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Од друга страна, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, најави разни активности по повод 50 годишнината од земјотресот. Очекува учество и на градоначалниците на Тирана, Софија, Дрезден и други градови, ќе има изложби, ќе се дарува крв и ќе има богата културна програма.
Болдот ... ќе се слави нешто?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Културна програма не значи фестивали и слично, туку изложби на фотографии, снимки итн. Веројатно.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Неверојатно, кој стасува ни ја менува историјата. Албанци во Скопје може да се провери колку имало пред 63та според книгата на извод на родени. Да се документира и да им се залепи на чело на овие со оваа теза. Од тоа поголем доказ нема.
Уствари заборавив, од што ги мразеле, не ги ни запишувале ќе испадне муабетот :ROFLMAO:
Од книгата на родени за Скопје ќе се утврди само фактот кој и кога е роден во Скопје и ништо повеќе од тоа!

Не значи тоа дека оној кој е роден во Скопје останал да живее во Скопје, или пак дека некој кој не е роден во Скопје, не се населил да живее во Скопје.

Во конкретниов случај албанското население традиционално и масовно го напушта Скопје (и воопшто своите огништа низ цела држава) на гурбет во странство, каде не ретко остануваат засекогаш.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Зашто е во историја темава уште? Која историја е оваа, ова у жута штампа треба да биде.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.251
Поени од реакции
27.640
Албанците биле населени на Американскиот континент, но дошле индијанските племиња Чироки и ги избркале.
Жива вистина бе.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Пописна листа од Косовскиот вилает од 1902 година.

Скопје:

Славјани егзархисти - 4055 лица
Славјани патријаршисти - 808
Албанци православци - 65

Споредени со:

Турци муслимани 2596 лица
Албанци муслимани 1869

Извор: La Turquie d'Europe et le problème de la Macédoine et de la Vieille Serbie Date d'édition, 1905

http://gallica.bnf.fr/ark:/12148/bpt6k4264264/f64.image


.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 099.jpg

Овој е крив...и другар му со бело одело и хавајка пура.
.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Протурањето на ваквите лаги е вид политички притисок, и се надополнува со грчко-бугарското глупирање во Битола и во Смилево.

Сега Хашим Тачи тврди дека Албанците во Македонија се 35% од населението и дека Србите на Косово имале повеќе права.

Постојано посочуваме Албанците да бидат дел од институциите и дел од демократскиот живот. Сакам да подвлечам дека 3 проценти Срби што живеат на Косово имаат повеќе права од 35-те проценти Албанци што живеат во Македонија. Во таа насока сметам дека албанските лидери и македонските власти во Скопје треба да разговараат и да го применат Охридскиот рамковен договор, изјавил Хашим Тачи во интервју за Бугарското национално радио, за време на посетата на косовскиот премиер на Софија.

Тој рекол дека Косово е на вистинскиот пат за се постигне договор меѓу Белград и Приштина. За овој договор Хашим Тачи смета дека е порака до Скопје која „треба да води кон изнаоѓање на компромис и решение за да не се усложни евроатлантскиот пат на Македонија“.

Премиерот на Косово оценил дека Македонија треба многу да инвестира во европските вредности и дека заложбите на албанските лидери во Македонија, кои, како што нагласил, се жедни за побрза интеграција во НАТО и Европската Унија, се поттикнувачки.

http://toppost.mk/2013/07/21/хашим-тачи-35-отсто-албанци-живеат-во-ма/
.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
сега прочитав многу интересно,за демографската состојба на Скопје пред војната
во ТОП - ПОСТ мк.......кој знае нека го префрли овде
спрема попис во 1931 год. жители во Скопје има
-37.701.......... македонец
-17.638.......... турци
-1528............. албанци
и други десет илјади
но таму има многу убаво објаснето за се подетално
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Бууууу :D

Фото: Каква била демографската структура на старото Скопје?


Податоците од пописите на население, од статистички годишници и од други публикации кои се скудни, некомпатибилни и недоволно проучени, сепак даваат слика на негативна социо-демографска и социо-економска структура, но и позитивни промени во својот развиток. По завршувањето на Првата светска војна во Скопје се создале услови за економски и стопански развој. Бројот на населението бил во пораст кај продуктивното христијанско население, за сметка на непродуктивното муслиманско население кое во 1925 год. се иселило во Турција.Податоците од двата пописа извршени во 1921 и 1931 год. се во полза на македонското население.
(Пописен лист од Пописот во 1929 година)
Бројот на населението во периодот од 1913 до 1926 год. се движел по нагорна линија. Во 1913 год. бројот на населението изнесувал 43.331 жители. Во 1919 год. Скопје броело 51.758, а во 1926 година таа бројка се зголемила на 69.269 жители. Најбројното македонско, турско, влашко, циганско и албанско население главно се занимавало со занаетчиство и земјоделско производство. Статистичките податоци за бројната состојба на градот Скопје биле утврдени со државните пописи од 31 јануари 1921 година, 1 април 1931 година и општинскиот попис од 3 и 4 август 1929 год.
Во почетокот на 1921 год., во Скопје имало 8525 куќи со 41.066 жители, а во 1926 год., 9130 куќи со 69.269 жители, од кои 38.392 православни, 1890 католици, 26.270 муслимани, 2667 мојсиевци и 150 лица од други вери.
Покрај ова имало и околу 10.000 привремено населени кои секој ден патувале на работа во Скопје. Просечната густина на населението изнесувала 40-55 жители на м2. Бројната состојба на населението, по националност, во 1929 год. изгледала вака: Македонци 33.310, Бугари 26, Руси 688, Турци 13.893, Евреи 2190, Грци 279, Романци 110, Ерменци 438, Албанци (Арнаути) 1900, Цигани 2496, останати 466 и непознати 2. Според статистичките податоци од 1929 год. во Скопје имало вкупно 55.798 жители.
(Семејна фотографија на турската фамилија)​
Според вероисповедта, населението го сочинувале: православни 32.382- 58,16%, католици 1465- 2,6 %, муслимани 19.307- 34,5 %, протестанти 140- 0,2 %, грко-католици 4, мојсиевци 2464 - 4,4%, останати 30 и непознати 6.
Во меѓупописниот период 1921-1931 год. не настанале некои позначајни промени во националната структура на населението во Скопје.
Македонското население во градот се зголемило за 20,5%, додека податоците не покажуваат видливи промени кај припадниците на другите националности.
Зголемувањето на бројот на македонското население не било последица на природен прираст, туку механички прилив на население од други приградски градови и села во Македонија.
Според Пописот од 1931 год. од вкупно 68. 334 жители во Скопје, само 35.305 биле родени во градот, од кои само 6,8% биле на возраст од 60 и повеќе години.
Според националната структура на градот во 1931 год. од вкупно 68.334 жители, 37.701 биле Македонци, 1528 Албанци, 17.638 Турци и 11.467 други националности.
поред статистичките податоци на Градското поглаварство од 1935 год., градот броел 70.716 жители.
Според вероисповедта, бројната структура на населението изгледала вака: православни 42.329, римокатолици 1813, муслимани 23.111, мојсиевци 3284 и други 179 жители.
По народност населението броело 40.808 Македонци, 18.691 Турци, 3284 Евреи, 1964 Арбанаси, 697 Руси, 433 Ерменци, 266 Грци, 107 Власи (Цинцари), 2456 Цигани и 2010 други.
(Албанци католици, Скопје 1910 година)​
Во текот на 1935 год., според статистичките податоци, прирастот на населението во Скопје се должел на доселувањето на Македонци од други општини, помали градови и села, но била забележана и појава на иселување од Скопје во други градови и странство (Австралија, Шпанија, Бугарија).
Бидејќи во градот немало статистички отсек за прибирање и средување на податоците, тие биле црпени од разни извори: за раѓање и умирање биле земани од верските установи или од санитетското одделение, каде што се пополнувале формулари за венчавање и раѓање. Податоците за умирање биле целосни, бидејќи во санитетското одделение за секој умрен бил поднесуван посмртен лист од лекар и заведуван во книгата на умрени.
Во периодот 1926-1930 год., во градот од заразни болести умреле вкупно 385 лица, од туберколоза 1460, од венерични болести 74, од воспаление на белите дробови 545 или вкупно 2465 лица што во проценти изнесувало 36% од населението. Морталитетот во градот бил голем - 24 лица на 1000 жители.
Населението во Скопје не било хомогено. Според вероисповедта населението се делело со христијани (православни и католици), муслимани и Евреи (мојсиевци).
Најраспространети конфесии биле православната и муслиманската, додека другите конфесии биле застапени во помал број.
Со православна вероисповед биле Македонците, Србите, Власите (Цинцари), Грците и мал дел Роми.
Со муслиманска вероисповед биле Турците, Арнаутите, Циганите и Черкезите. Имало и римокатолици, особено Арнаути т.н. Латини.
Бројот на православното население се зголемувал, но не како последица на природен прираст, туку поради доселувањето на колонисти, трговци и чиновници.
Бројот на муслиманското население се намалувал поради иселувањето на Турците од Скопје, додека арнаутското население се зголемувало поради доселувањето и природниот прираст на населението. Од муслиманските секти, меѓу муслиманското население почнало да се вовлекува бекташтвото.
Католиците станувале побројни поради доселувањето на католици во Скопје, а од останатите конфесии најбројни биле мојсиевците-Евреи.
До крајот на 1912 год. меѓу Турците имало прави османлиски припадници, но и асимилирани претставници на разни муслимански групи- Арнаути, Бошњаци (доселени од Босна во 1878 год. или подоцна), Торбеши и др.
Турското влијание не се чувствувало само во јазикот, туку и во домовите, покуќнината, исхраната и целокупниот живот на останатото немуслиманско население. Во периодот меѓу двете светски војни, бројот на турското население сé повеќе се намалувал како последица на иселувањето во Турција.
(Деца од ромска националност во Топхана)​
Доселувањето на Арнаутите во Македонија, а со тоа и во градот Скопје датира уште во времето на Отоманската империја, особено во 18 и 19 век. Меѓу Арнаутите имало Арнаути-муслимани, православни и католици. Сите Арнаути припаѓале на северните Арнаути-Геги. Многу од Арнаутите-католици, со доселувањето во Скопје, ја прифаќале муслиманската вера.
Самите Власи се нарекувале АРМ'Н и АРМ'Њ. Власите биле писмени, а писмени биле и жените. Особено бил развиен култот на Свети Наум и Свети Константин, а развиен бил и култот на Света Параскева. Најчести имиња кои се ставале на родените деца биле Атанас , Константин , Јанко, Марко, Јован, Георги, а од женските најчесто име било Марија, бидејќи особено развиен бил култот кон Богородица. Голем дел од Власите биле погрчени.
Според статистичките податоци, во Скопје, во 1929 год. имало само 279 Грци.
Сé до Српско-турската војна од 1876-1878 год. во Скопје имало многу малку Роми. Во првата половина на 19 век тие живееле близу Мустафа- Пашината џамија, на Качаничкиот пат, во Гази Менташ и Хаџи Селединово маало. Тука живееле до 1880 год., а нивниот број се зголемил со доселувањето на Ромите од Врање, Лесковац и Ниш.
Циганите се занимавале со ковање, биле џамбази, ковачи-колари, буруџии (клинчари, решетари, барутчии). Некои од Ромите се нарекувале и според местото на живеење, на пр. Топанчани, оние кои живееле во Топаана. Во јазикот на скопските Роми имало елементи на грчки, турски, словенски, ерменски и персиски јазик. Ромите имале богат општествен живот и тие секоја сабота во гостилницата “Корзо” приредувале цигански бал на кој прво се изведувале забавни точки (стомачен танц), а потоа имало игранка.
Еврејското население било познато уште во средниот век. Тие главно се занимавале со трговија и занаетчиство. Зборувале шпански. Живееле компактно во Еврејското маало, а меѓу нив имало многу богати семејства кои се истакнувале во периодот меѓу двете светски војни. Познати Евреи биле Јосиф Арие, банкар, браќата Ароести, Мизрахи и други. Во 1933 год. во Скопје имало околу 3000 Евреи, од кои, според професијата, 170 биле трговци, 95 занаетчии, 20 општински и други службеници, 7 лекари, 3 инженери, 2 аптекари, 2 банкари, 163 стопански службеници, 10 рентериери, 72 со разновидно занимање и 109 без занимање. Познати Евреи - одборници во скопската општина биле: Елиезар Наваро, Давид Мизрахи, Х. Исак, Јосиф Арие, М. Салватор. Лекари биле Амодај Самуило, Вартан Калфајан, Емил Рубен, Изи Моло. Аптекари биле Нисим Сури, Ашер Франсавиќ, а сопственици на мануфактури, индустријалци и трговци биле: браќата Алатини, Хајми Ароести, Апер Бити, Јосиф Вендовиц, Самуел и Давичо. Евреите се одликувале со скромност, штедливост и работливост.
Во Скопје имало околу 40 ерменски семејства кои се занимавале со трговија, а особено со интелектуални занимања (аптекари, лекари). Сите Ерменци биле со православна вера.
Черкезите во Скопје биле населени уште во 1864-65 год., околу 400 лица во мали куќи во Чаир и тој дел бил наречен Черкески куќи.
Во периодот меѓу двете светски војни, Черкези се среќавале и во други маала. Тие се занимавале со џамбазлук и кочијаштво, но продавале и тутун.
Населението во Скопје во периодот 1918-1941 год. било со различна етничка и конфесионална припадност. Бројот на населението постојано растел. Додека бројот на турското население се намалувал, христијанското население постојано се зголемувало, но не како последица на природниот прираст, туку поради нови доселувања. Образовната и квалификационата структура на населението во Скопје била негативна. Поради тоа, во услови на слабо развиени стопански гранки во периодот по Првата светска војна, населението својата егзистенција ја барало главно во занаетчиството, земјоделството и делумно во индустриското производство. Во овие гранки, во трговијата, услужните, комуналните и градежните дејности, биле вработувани неквалификувани кадри. Сосема мал дел од населението било вработено во јавни служби и установи, во просвета, култура, здравство. Кај македонското, турското и албанското население имало многу малку образувани кадри. Сосема мал број на поимотни семејства можеле да ги школуваат своите деца во градот и во странство. Но, постепено се формирал дел од македонското население кое претставувало интелигенција и се пробивало во јавниот живот на градот.
http://grid.mk/read/news/505464073/3962504/kakva-bila-demografskata-struktura-na-staroto-skopje
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Да прочиташ,да не веруваш,да чуеш да не веруваш,да видиш и пак да не веруваш,
ама јас фатив малку од тој живот во град без Албанци (и тоа од левата страна)
-------------------
прашање.кога е формирано селото Љубим, и од каде се неговите жители.
(тоа е она село карши Сарај-мислам така се вика,кое не постоеше порано)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom