Дерми.
Вчера си дојдов. И да ви кажам искрено ич не сум импресиониран од местото како најубаво во Албанија. За таа километража извозена и поготово за тој пат од Валона до Дерми не се исплати да летуваш таму. Во споредба со истото возење километража/време кога би се упатил накај Грција, неспоредливо.
До Валона патот е супер, од граница до излез на Елбасан се вози низ градчиња и селца, ако имаш среќа да не спори некој камион или комбе или трактор можеш комотно да возиш 70-80, од излез на Елбасан до центарот на Валона патот е топ, асфалтиран, автопат, 200 ако можеш да возиш, вози. И до тука е све супер, влагаш у Валона супер град голем убав, ама ти продужуваш за Дерми нели, искачаш од Валона и почнува патешествието наречено милион километри успон. Не знам како да ви ја доловам височината што треба да ја искачиш а од другата страна на превојот да ја спуштиш. Неаме ние вакви превои, Стража е мало дете за ова, у една лента се вози, престрмно е и ако не се улеташ ко што треба ќе го јадеш. Мене ми се погоди еден автобус да вози пред мене, среќа го поминав во еден момент иначе ќе ми експлодираше колата. Ваљда ова не би требало да биде проблем за тие со појаки коли, ја иам Пежо 307 и никад више не би го возел таму.
Нема нешто УАУ у Дерми за ваков пат и вакво трошење на колата.
Дерми е мало ридско местенце, доста високо и ако не најдеш смештај ниско доле до плажите ондак не е изводливо да идеш пешки. Нека не ве лажат километрите што ги пишува на сместувањата од типот на 1.5-2км до плажа па да си речеш ај бе можам ја пешки да идам. Не можеш. Високо е и далеку. Ние сме такво друштво и најдовме смештај на 2км од плажите, хотел Хоризонт. Цело време со кола идевме на плажа. Барајте смештај на помалце од 1км до плажите, има доле фини апартмани.
За паркинг нема никаков проблем, има 2-3 паркинзи што се плаќа ама и тоа не е многу, некои 200 денари за цел ден. Можете и покрај улица да паркирате, никој не прави проблеми и има место.
Плажите се секаде исти, од тоа што јас бев да видам, Дерми бич, Дримадес и Ѓипе. Ситен песок-каменчиња, и мене посебно што не ми се свиѓаше е длабочината, на 4-5 метри од плажата одма е длабоко над 2 метра. Не е за деца ова место. Има и доста бранови. Водата е преубава стварно.
Дерми бич е огромна и на места каде кафичите немаат поставено чадори и лежалки (кои иначе не беа скапи, 500 леќи а тоа се некаде 250 денари за 1 чадор со 2 лежалки) можеш комотно да си донесеш свој чадор и што сакаш да праиш.
Истото е и на Дримадес бич.
Е сеа Ѓипе, мала дива плажа, коа ја гледаш на интернет мислиш дека тоа е рајот, дека нема поубаво место на планетата, дека си на Малдиви и слично. Треба да идеш со кола таму, некои 5-6км е од Дерми, се паркираш на паркинг и почнуваш да идеш пешки и така идеш пешки околу 5км по стрмен терен со остри камења. Ќе умреш од одење доека стигнеш на плажата која е потпуно иста како и другите, ситен песок-каменчиња, на 4-5 метри од плажата предлабоко и ништо посебно. Ок местенце за журки и слично ама според мене не нуди нешто невидено и не се исплати ринењето низ ридот пешки за да видиш песок и вода што ја има и у Дерми.
Цените се скоро исти како кај нас, јас не осетив дека сум у туѓа држава. Со 20-30 денари дали се разликуваме со цените. Храната во рестораните е убава, барем од тоа што јас јадев, не сум некој гурман па да пробувам различни јадења, пицата ми беше топ, ама другариве јадеа и салати малати и сл и беа задоволни. Ми сметаше што голем дел од персоналот нема поима од англиски јазик, нема теорија да се разбереш. А и не се многу активни, као да не знаат да се понашаат како угостители.
Маски тоа регулативи здравствени не постои, полиција не постои, едноставно не се замара со туристи. Народот, локалците се фини, шофери дифтари и горе доле тоа е тоа.
Да беше отворена Грција и другите места, искрено никад не би отишол таму. Не би отишол ни вака во иднина, ок место ама сеуште далеку од регионов. Не се искусни во туризмот.