Албанија - место за одмор

Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
Denes bev blisku do ovaa plaža..i za žal vlegov vo pološata...mnogu mi se svide vaka od gore...sredeno top.
Hotel Helia.....odma pred Bora Bora( ili posle Bora Bora ako doađaš od kaj Orikum)
No ne proveriv dali puštaat i od strana ili samo za nivni gosti( obicno vo Albanija ne pravat problem...si plakas ležalka...za gostite e bezplatna)
20200903_185240.jpg
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
[mention]bakigvg [/mention] [mention]gjoko-mkd [/mention] ако налете на продавница за рилобов ако не ви е мака да прашате харпуните која цена одат

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
Vidov samo obični prodavnici ...so po nekoja trska . Specijalizirana ne vidov....no vidov edno.dete pred nekoja den so harpun i maska kako gnjureše vo plitkoto
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Дерми.

Вчера си дојдов. И да ви кажам искрено ич не сум импресиониран од местото како најубаво во Албанија. За таа километража извозена и поготово за тој пат од Валона до Дерми не се исплати да летуваш таму. Во споредба со истото возење километража/време кога би се упатил накај Грција, неспоредливо.

До Валона патот е супер, од граница до излез на Елбасан се вози низ градчиња и селца, ако имаш среќа да не спори некој камион или комбе или трактор можеш комотно да возиш 70-80, од излез на Елбасан до центарот на Валона патот е топ, асфалтиран, автопат, 200 ако можеш да возиш, вози. И до тука е све супер, влагаш у Валона супер град голем убав, ама ти продужуваш за Дерми нели, искачаш од Валона и почнува патешествието наречено милион километри успон. Не знам како да ви ја доловам височината што треба да ја искачиш а од другата страна на превојот да ја спуштиш. Неаме ние вакви превои, Стража е мало дете за ова, у една лента се вози, престрмно е и ако не се улеташ ко што треба ќе го јадеш. Мене ми се погоди еден автобус да вози пред мене, среќа го поминав во еден момент иначе ќе ми експлодираше колата. Ваљда ова не би требало да биде проблем за тие со појаки коли, ја иам Пежо 307 и никад више не би го возел таму.

Нема нешто УАУ у Дерми за ваков пат и вакво трошење на колата.

Дерми е мало ридско местенце, доста високо и ако не најдеш смештај ниско доле до плажите ондак не е изводливо да идеш пешки. Нека не ве лажат километрите што ги пишува на сместувањата од типот на 1.5-2км до плажа па да си речеш ај бе можам ја пешки да идам. Не можеш. Високо е и далеку. Ние сме такво друштво и најдовме смештај на 2км од плажите, хотел Хоризонт. Цело време со кола идевме на плажа. Барајте смештај на помалце од 1км до плажите, има доле фини апартмани.

За паркинг нема никаков проблем, има 2-3 паркинзи што се плаќа ама и тоа не е многу, некои 200 денари за цел ден. Можете и покрај улица да паркирате, никој не прави проблеми и има место.
Плажите се секаде исти, од тоа што јас бев да видам, Дерми бич, Дримадес и Ѓипе. Ситен песок-каменчиња, и мене посебно што не ми се свиѓаше е длабочината, на 4-5 метри од плажата одма е длабоко над 2 метра. Не е за деца ова место. Има и доста бранови. Водата е преубава стварно.
Дерми бич е огромна и на места каде кафичите немаат поставено чадори и лежалки (кои иначе не беа скапи, 500 леќи а тоа се некаде 250 денари за 1 чадор со 2 лежалки) можеш комотно да си донесеш свој чадор и што сакаш да праиш.

Истото е и на Дримадес бич.

Е сеа Ѓипе, мала дива плажа, коа ја гледаш на интернет мислиш дека тоа е рајот, дека нема поубаво место на планетата, дека си на Малдиви и слично. Треба да идеш со кола таму, некои 5-6км е од Дерми, се паркираш на паркинг и почнуваш да идеш пешки и така идеш пешки околу 5км по стрмен терен со остри камења. Ќе умреш од одење доека стигнеш на плажата која е потпуно иста како и другите, ситен песок-каменчиња, на 4-5 метри од плажата предлабоко и ништо посебно. Ок местенце за журки и слично ама според мене не нуди нешто невидено и не се исплати ринењето низ ридот пешки за да видиш песок и вода што ја има и у Дерми.

Цените се скоро исти како кај нас, јас не осетив дека сум у туѓа држава. Со 20-30 денари дали се разликуваме со цените. Храната во рестораните е убава, барем од тоа што јас јадев, не сум некој гурман па да пробувам различни јадења, пицата ми беше топ, ама другариве јадеа и салати малати и сл и беа задоволни. Ми сметаше што голем дел од персоналот нема поима од англиски јазик, нема теорија да се разбереш. А и не се многу активни, као да не знаат да се понашаат како угостители.
Маски тоа регулативи здравствени не постои, полиција не постои, едноставно не се замара со туристи. Народот, локалците се фини, шофери дифтари и горе доле тоа е тоа.

Да беше отворена Грција и другите места, искрено никад не би отишол таму. Не би отишол ни вака во иднина, ок место ама сеуште далеку од регионов. Не се искусни во туризмот.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
Prv pat koga vozev za Dermi i jas imav takvo mislenje...no sega mi e zadobolstvo da vozam za Dermi. Bev pred nekoja den vo Jale...čisto radi uzivanje vo vozenje pokraj more. Normalno...slikanje po vidikovcite
Inace sega ne mi e problem da vozam i da slikam so mobilen i na najlošite mesta...dur ne napravam belja
20200904_142700.jpg
Автоматски споено мислење:

Denes na koja plaža si?
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.959
Поени од реакции
1.234
Јас еве втор ден, втора промашена плажа :( Повторно камења во водата. Значи овој потег од Радиме до Орикум е само камења, обавезно со кондури во вода, а исто и чистотата на водата не е како што треба премногу е матна.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Минатата година бев за прв пат на одмор во Албанија. Впечатоците ми се многу позитивни и ја препорачувам секому, нема да зажалите. Според цените е далеку поефтино од Грција а исто така има многу што да се види.
Патот ме водеше преку Грција каде имаш современ автопат се до границата со Албанија.
На одење од Јанина фатив кон граничниот премин Какавиа од каде што по еден прилично живописен и предизвикувачки пат стигнав до Саранда. Овој пат не би го препорачал секому, туку само на луѓе со нерви и доста возачко искуство. Доколку ги поседувате тие работи тогаш овој пат ќе ви понуди доста живописни глетки, авантуристички спомени и адреналин. Понекоја коза или овца на патот како и долга колона на возила можат да бидат дел од вашето патување по тој пат пропратено со завои и долнини или нагорнини во зависност од насоката на патување кои попрво наликуваат на некоја рели трка.
Во Саранда беше прилично лесно да го најдам местото каде бевме сместени со помош на гугл мапс. Вила Орхидеја ја најдов преку букингс.ком и според коментарите не зажалив. Домаќините беа маж и жена во години кои беа многу гостопримливи и се погрижија нашето гостување да го направат да се чувствуваме како да сме дома. Англискиот не го знаеја, таму воглавно италијанскиот најмногу се познава но со нозе, раце како и со гугл транслејт се разбравме некако. За доручек имавме шведска маса и можевме да избереме се и сешто. Се беше многу вкусно и без забелешки. Чистотата беше беспрекорна и се беше како наведеното на букинг.ком. Местото се наоѓа близу градската плажа а наоколу има и кафе барови и ресторани од каде навечер доста често се свиреше и пееше традиционална Албанска музика од тој крај која рака на срце е многу убава и поинаква од тоа што го знаеме во Македонија. Но штом дојдеше 11 саатот се се стишуваше така да местото е добро за одмор.
Првиот ден бевме на градската плажа која додуша не е нешто посебно па затоа веќе вториот ден ја запаливме колата и решивме да ги истражуваме плажите по патот кон Ксамил. Има доста мали плажи на некои од нив има и ресторани кои не се воопшто скапи а ќе може да опитате некои од локалните специјалитети. Водата е преубава, чиста и топла. Шлагот беше во Ксамил каде плажата е најпесочна и каде на не многу оддалеченост од плажата има мали островчиња до кои може дури и да препливате или пак да достасате со помош на педалинки кои се изнајмуваат. Плажите како и живописноста на овие островчиња беа магични.
На секому би му препорачал да го посети и националниот парк и антички град Бутринт кој се наоѓа недалеку од Ксамил. Археолошкиот локалитет е многу голем и таков археолошки локалитет со таква големина нема во Македонија. Датира од хеленистичко и римско време. Во склоп на локалитетот има и музеј со голем број на експонати. А природата како и националниот парк се незаменливи.
Исто така не заборавајте да ја посетите и тврдината Лекурси која се наоѓа на една височина недалеку од Саранда и од каде може да го видете цел град и крајбрежје. Посебно е убава глетката кога сонцето заоѓа. Таму во склоп на тврдината се наоѓа и преубав ресторант каде за наша среќа тој ден кога го посетивме имаше некакви представи на традиционални ора и носии од тој крај.
Од Саранда исто така може да се качите на фериброд кој ќе ве однесе на островот Крф кој се наоѓа недалеку од Саранда.
Единствена забелешка за Саранда би рекол е ѓубрето. Може да се погрижат малку повеќе за ѓубрето за време на летниот период кога има многу гости и кантите се преполни.
Кога си одевме, го возев патот кој поминуваше покрај Кониспол и Игуменица. Овој пат е далеку полесен и подобар за возење од претходниот но исто така има и повеќе патарини.
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.959
Поени од реакции
1.234
Трет ден во Албанија, поточно околина на Валона. Како по обичај бевме нај прво до Бојо ресорт бидејќи сме сместени преку патот и овде ни е најблиска плажата. Комплексот е интересен, добар, со сите потребни елементи да го направи вашиот престој задоволувачки но и покрај се водата и плажата се катастрофа. Денес имаше багер кој пробуваше да среди нешто на плажата, но покрај камењата од кои нозе ќе искршите денеска нов елемент беше и калта. Не ни требаше многу време цели две минути и одлучивме да одиме до Марина беј хотел луксури и спа, по препорака. Овде се плаќа влез и од човек е 1000 леки. Топ место, полно со танги :) и луксуз. Вреди да се посети барем на еден ден. Има базен, ресторани, барови и плажа која е на три спрата. Значи се спушташ по скали и на секоја платформа има лежалки. Плажата е мала нормално со камења, но водата е чиста за разлика од другите места. Добра музика и опуштена атмосфера.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.959
Поени од реакции
1.234
Еве ви една прекрасна плажа за оние кои се наоѓаат или ќе се наоѓаат во и околу Радиме, Орикум, Валона, Hotel Paradise Beach одлична плажа со чиста морска вода, без бранови, со песок во водата. Цена за лежалки со чадор изненадувачки најниски до сега само 400 леќи.
Останати цени во ресторанчиња:
Пици 250-300 денари
Цезар 250 денари
Шеф 300 денари
Скендербег коњак 50 денари
Грчка салата 200 денари.
Разочарувачки делува колку заостануваме зад Албанија, што инфраструктурно, што во менталитет. За возењето не видов поголеми лудаци од кај нас, за хигиента исто не сме за споредување, ни па за патишта. Така да доста наоѓавме замерки за другите дај ние да си ги зачистиме нашите л_ња.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
Горе доле веќе се е пишано ама еве и мои впечатоци
јас скоро да не осетив дека сум во Албанија освен на моменти кога ке почнеа да урлаат талибанци на плажа, булки не видов освен две што влегуваа во вода цели облечени ама као некој специјален костим како шушкавец
иам впечаток дека грци си доминираат од дерми па се до лукова каде што и свињи видов еден како си ги пасеше, цркви колку сакаш оние у грчки стил, џамија ни за лек
Полиција имаше посебно на влез и излез од градовите и селата ама туристи не застануваат ама тоа не е причина да се дивее
Кој возел по грчки е острови патот нема да му е нешто екстремно тежок, можеби кога ке доаѓате ради доста изминати км да ви дојде ко многу иначе за возење накај плажи не е нешто напорен
Химаре како база е најиделно место, буквално има се плус подобрите плажи се во близина, турите со бродчиња се од тука (500ден од човек/ Ѓипе, пештерата, кророза итн по саат време или па те остава на една плажа па те зима во 4)
би сакал да ја спомнам [mention]cholismo [/mention] за грчките села и да ја прашам ако Калитеа, Сарти или пак Пефкохори се села тогаш што се Борш, Ќепаро, елитното ххх Дерми?
од плажите што бев најмногу ми се допаднаа Дримадес и Лукова а општо за плажите иам впечаток дека не се чистат доволно, канти за отпадоци мисловна именка и нормално какви туристи такви манири
Гиро ке јадете за 110денари или пица за 250-300 ама не се лажете дека ке се давите у морско за џабе зашто цените им се ко у грчка
Маслинки во изобилство имаат а не пробав добри, мислам у Дојран ке најдам подобри
што се однесува на англискиот катастрофа, овие измислиле нов јазик ДИГИТРОН абе ни младо ни старо да гукне, исто разочарување што мнооогу ретко можете да платите со картица само да ви доловам у сред центар у Валона во продавница на водафон може само со кеш да се плати
при пејд бројче купив за 400ден од водафон со 15г нет плус 5г за јутјуб, нетфликс плус 10минути во роаминг имате и смс и мин у албанија ама тоа небитно, брзината на нетот екстра
послем Химаре во порто палермо има еден замок, влез 50ден на некој си Али Паша кој вреди да се посети каде воедно е закачена оваа карта

Бев на два дена и во Валона, навистина преубаво среден град ама само за шетање освен ако не си вљубеник во паралија и неи пори е тогаш е вистинското место за тебе одмор да истераш

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
066.jpg

Химаре, 2010...последниот пат кога бевме во Албанија...во Химаре со автобус дојдовме

002.jpg
тука бевме сместени, блиску до ДЕА Ресорт, Радиме
004.jpg 061.jpg
017.jpg
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442

Kajgana Shop

На врв Bottom