- Член од
- 12 март 2009
- Мислења
- 20.753
- Поени од реакции
- 16.976
на времето, пред 5-6 години, внукот од баџото беше со друштво на Крф, со автобус, а од таму со брод до Саранда на еднодневен излет. Не сум возел подоле од Орикум со моја кола, а имам идено со автобус на Крф.Минатата година бев за прв пат на одмор во Албанија. Впечатоците ми се многу позитивни и ја препорачувам секому, нема да зажалите. Според цените е далеку поефтино од Грција а исто така има многу што да се види.
Патот ме водеше преку Грција каде имаш современ автопат се до границата со Албанија.
На одење од Јанина фатив кон граничниот премин Какавиа од каде што по еден прилично живописен и предизвикувачки пат стигнав до Саранда. Овој пат не би го препорачал секому, туку само на луѓе со нерви и доста возачко искуство. Доколку ги поседувате тие работи тогаш овој пат ќе ви понуди доста живописни глетки, авантуристички спомени и адреналин. Понекоја коза или овца на патот како и долга колона на возила можат да бидат дел од вашето патување по тој пат пропратено со завои и долнини или нагорнини во зависност од насоката на патување кои попрво наликуваат на некоја рели трка.
Во Саранда беше прилично лесно да го најдам местото каде бевме сместени со помош на гугл мапс. Вила Орхидеја ја најдов преку букингс.ком и според коментарите не зажалив. Домаќините беа маж и жена во години кои беа многу гостопримливи и се погрижија нашето гостување да го направат да се чувствуваме како да сме дома. Англискиот не го знаеја, таму воглавно италијанскиот најмногу се познава но со нозе, раце како и со гугл транслејт се разбравме некако. За доручек имавме шведска маса и можевме да избереме се и сешто. Се беше многу вкусно и без забелешки. Чистотата беше беспрекорна и се беше како наведеното на букинг.ком. Местото се наоѓа близу градската плажа а наоколу има и кафе барови и ресторани од каде навечер доста често се свиреше и пееше традиционална Албанска музика од тој крај која рака на срце е многу убава и поинаква од тоа што го знаеме во Македонија. Но штом дојдеше 11 саатот се се стишуваше така да местото е добро за одмор.
Првиот ден бевме на градската плажа која додуша не е нешто посебно па затоа веќе вториот ден ја запаливме колата и решивме да ги истражуваме плажите по патот кон Ксамил. Има доста мали плажи на некои од нив има и ресторани кои не се воопшто скапи а ќе може да опитате некои од локалните специјалитети. Водата е преубава, чиста и топла. Шлагот беше во Ксамил каде плажата е најпесочна и каде на не многу оддалеченост од плажата има мали островчиња до кои може дури и да препливате или пак да достасате со помош на педалинки кои се изнајмуваат. Плажите како и живописноста на овие островчиња беа магични.
На секому би му препорачал да го посети и националниот парк и антички град Бутринт кој се наоѓа недалеку од Ксамил. Археолошкиот локалитет е многу голем и таков археолошки локалитет со таква големина нема во Македонија. Датира од хеленистичко и римско време. Во склоп на локалитетот има и музеј со голем број на експонати. А природата како и националниот парк се незаменливи.
Исто така не заборавајте да ја посетите и тврдината Лекурси која се наоѓа на една височина недалеку од Саранда и од каде може да го видете цел град и крајбрежје. Посебно е убава глетката кога сонцето заоѓа. Таму во склоп на тврдината се наоѓа и преубав ресторант каде за наша среќа тој ден кога го посетивме имаше некакви представи на традиционални ора и носии од тој крај.
Од Саранда исто така може да се качите на фериброд кој ќе ве однесе на островот Крф кој се наоѓа недалеку од Саранда.
Единствена забелешка за Саранда би рекол е ѓубрето. Може да се погрижат малку повеќе за ѓубрето за време на летниот период кога има многу гости и кантите се преполни.
Кога си одевме, го возев патот кој поминуваше покрај Кониспол и Игуменица. Овој пат е далеку полесен и подобар за возење од претходниот но исто така има и повеќе патарини.
Се разбира дека е прескапо да се вози и колата со Фери од Грција до Саранда и назад, но можеби има некој резон, ако се оди на одмор во Грција, на пример Сивота или Игуменица, по престојот таму да се остаи колата и неколку дена, без кола да се оди со фери во Саранда и после пак назад во Сивота со фери ??
Всушност комбиниран одмор е опција, посебно може прво во сезона во Саранда, а после септември во Грција, сепак појужно е...
Е сега друго прашање е, дали имаат редовни бродски линии Грција и Албанија и што цена се, бидејќи се меѓународни ?? А имам видено словенци на одмор на Крф кој од Словенија со фери дојдоа ( без коли)...