Охриѓанец сум ама би упатил една добронамерна критика до угостителите: се знае дека оваа сезона ќе имаме барем за една третина помалку туристи од лани, не може цените на пијалоците да се исти на сред економска криза пиво, кока кола и нескафе да се 80/90 денари, хамбургер 80 и сл. Ако сакаме да искористиме повеќе од оваа сезона која како што ми се чини ќе биде една од најлошите (во однос на обртот), мораме некои цени да ги намалиме и прилагодиме на ситуацијата и условите.
Истото важи и за услугата која не секаде е на врвно ниво, бидејќи сепак угостителите (не сите охриѓани) живеат од тие туристи, така да услугата и почитта кон туристот треба да се на највисоко ниво. Знаеме дека постојат арогантни и каприциозни туристи, било тоа да се скопјани, битолчани, Срби, Бугари и слично, меѓутоа ние како домаќини треба да покажеме великодушност и љубезност и со нашата почит и толеранција да ги "освоиме" нивните срца. Убавиот збор железни врати отвора.
Тоа би биле моите добронамерни критики во поглед на цените и услугата, а не би било лошо и луѓето кои плукаат по Охрид и охриѓани да сфатат дека лошите угостители не се вистинската слика на градот и дека поради одредени луѓе (кои што сакаат да остварат поголем профит, но и да понудат полоша услуга) не треба да се чувствува омраза или одбивност кон целиот град, синоним за македонската културна и духовна убавина. На крајот на краиштата парите што ќе се потрошат за вашиот одмор остануваат во Македонија, во Охрид и со тоа на директен начин се потпомага развојот на туризмот, но и на самиот град, за разлика од парите потрошени на одмор во странство каде "вложувате во развој на туѓ туризам."