Ак не ви чинит не идајте

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Зашо шес бе теле?
зожто
Коа 200 е по:pipi:
„Станоиздавачи“
Конечно измисли збор јеје,
ни за мајца да те тргнит...
Као се смеев на овааа(ко она смајлино на мсн,Е!)
А сум шетал, стварно многу сум шетал по светов, негде немат ни куче да те каснит
:nesvest::pos2::pos2:
„Ретардирано девојче на пешачки“, шо никако не мојт улицана да ја преминит.
Ретардирано бе:pos::pos::pos:
Ти цел си ретардиран па не те пишуаме по новини..
на сред плоштад!
на среееееееееееед плоштад :pipi:

Ѕверски се колумниве мора да признаам, шер праам меџу људима...
Бравос, iProud!
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Ова станвит вистинска локална војна :pos2:
Еве ги и Утрински со колумна за охридскиот туризам:

Туризмот во колапс

Охрид личи на монденско одморалиште, со плажи преполни со гости од Грција, Србија, Германија, Чешка и од Русија, вода чиста како солза и рибни специјалитети со неверојатен вкус и пристапните цени. Богата понуда на плажите, водени лудории, тобогани, аквапаркови, тури до недопрената Галичица. Бродска прошетка до Поградец и еднодневна екскурзија во Албанија за авантуристите кои првпат ги откриваат овдешните убавини.

Дали сето ова ви звучи премногу добро за да биде реално? Посакувате веднаш да го запалите автомобилот и да проверите дали навистина постои ваква дрим-дестинација во земјава? Не мачете се. Ваква понуда во Македонија може да добиете само на едно место – во вашите соништа! Кога ќе се разбудите, за жал, и ова лето ќе треба да се соочите со реалноста. Туристичката понуда е повеќе од лоша - очајна е!

Изминативе неколку лета како да го навестуваат залезот на туризмот во градот со 365 цркви. Надлежните при крајот на секоја неуспешна сезона ветуваат дека следната година ќе биде подобро, дека ќе се работи на интензивна туристичка промоција и, пред се', на привлекување на домашните гости во Охрид, кои се и најбројни. Ама сето тоа е со краток здив.

Впечаток на многумина од посетителите е дека Охрид од година на година се' повеќе го губи приматот на македонски бисер. Крајбрежјето се задушува во лесковачка скара, „пера–ждера“ киосци каде што се пржи „роштиљ на кило“, викенд-посетители и годишноодморци кои како сардини ноќеваат во „брако“-приколките. Плажите преку неделата се празни, а со наплив на туристи градот не може да се пофали ниту за време на викендите.

Хотелите се пусти, а во подобро уредените комплекси пристап имаат само оние со подлабок џеб. Бавната услуга некако може и ќе пројде, ако не се изгор цените кои само ќе ви го засоленат престојот во градот. За да не биде дека зборуваме напамет, ќе посочиме само неколку примери. Викендов на терасата на еден познат хотелски комплекс крај езерото на гостите им се искриви насмевката од чудење истиот момент кога келнерката наплати 540 денари за коктелот „sex on the beach."

Во Охрид се' поретко се наоѓаат ресторани каде што можете да ручате или да вечерате за помалку од 10 евра (тоа е пристојна цена за обичен ручек што ќе ја платите во повеќе европски метрополи, во Прага, на пример).

Факт е дека охридското крајбрежје изминативе неколку години драстично го смени изгледот. Се градат комплекси што воодушевуваат со својот јадрански и медитерански шмек, ама тоа не значи дека сопствениците со високите цени треба да ни наплатат за цела година.

Охрид станува скапа дестинација за одмор за домашните туристи, а странците се' почесто не' заобиколуваат. Тоа е сосема разбирливо кога на сите страни имате понуди за одмор на грчките острови, Јадранското крајбрежје, па и езготичните Египет, Турција и Тунис, кои во сите пресметки излегуваат дека се поприфатлива варијанта за одмор.

Поради нашата неможност да се соочиме со вистината в очи, охридските плажи и годинава може да останат празни, а концесионерите што вложиле огромни пари да останат со куси ракави.

За привлекување на туристите не треба само удобни лежалки и силна музика. За Охрид да личи на сонот од оваа приказна, треба да се средат многу работи. Плажи без спасувачки екипи, езеро во кое владее хаос од педалинки и скутери, простор за пливање кој е толку ограничен што им дава чувство на пливачите како да се риба на суво, таксисти кои во сезона не работат по таксиметар, туку си наплаќаат од ѓутура, не смеат да ни се случуваат. Се' додека „немојт“ и „не можит“ се главните зборови во речникот во Охрид, сезоната ќе биде препуштена на пропаст, а гостите ќе си заминуваат со горчлив вкус во устата.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Абе ај поарно Шчиприја ќе одам :vozbud:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.400
Поени од реакции
25.255
Џими се е ова океј ама за примерот со дечките шо пуштале гласна музика и шо се забавувале... немој да ми кажиш дека ти ко ќе ојш на одмор, или еве екскурзија низ Македонија нека било, не се опушташ така... мислам, ај да беше некој на возраст од дедо ми да те разберев ама и ти си на таа возраст, и јас, и... шо знам... ваљда ти требит да ги сфатиш дека дошле да се журкаат и да си поминат убаво тие неколку дена, а очигледно и немаат пари за журкање по дискотеки па барем во собата/шоидае би требало да си се позабавуваат ако не на друго место... обично таквите собираат пари само за смештајот и многу малку џепарац за трошење по градов па таквите журки се доста разумни...

Единствено решение би било да забраниме издавање соби во населени места ама кај би ги носеле туристиве... Велесто...?
Абе добро, се журкаат тие. Ама, во 3-4 сабајле? Забави можат да се прават какви било, ама такви нешта за какви објаснував се претерани. Ќе разберев ако пуштеа рок музика, отколку оние трансој, тупца тупца.
Пак се напикале 5 машки и тоа е забава? Не велам дека можат да си приуштат да одат на отварање на Планет, или на плажа Немо, на Армин, на овај онај. Ама пак се знае редот каков е.

Јас ги кривам домаќините. Не се сите исти, ама, и тие претеруваат, јас после 12 не би дозволил некаква галама да се прави, било каква. На крајот на краиштата, не живеам сам оддалечен од цивилизација. Еве сега Кискино ќе дојдит кај мене 4 дена на спиење, па ќе го видам дали ќе нашамарит некого ако му дојдит преку гла:icon_lol:.

Како и да е, вчера си зедов еден слободен ден да се рашетам, а и можност да видам како се движат цениве. За Градиште со комбе, цената е 60 денари во еден правец. Истата беше и пред една година, и пред две години.
Бев со * BawbiiE * на плажа и со VeS и Емкаа. Имате голем поздрав од нив три:back:.

Плажата, еден куп луѓе, не можев пешкир да постелам, немаше место. Се рашетавме низ плажа, мислев дека ќе видам барем задоволителен број охриѓани, ама испадна да видам само двајца - спасувачите од Црвен Крст поставени тука.
Сакам да кажам дека цела плажа беше само од туристи. Кој од Скопје, кој од Свирипичино, кој од Ново Коњарево, од сегде.
Во продавницата на плажа цените беа горе-долу исти како и во град. Пола литар кока кола беше 40 денари.
Е сега, нормално во Буренце јадењето е поскапо, али ниеден охриѓанец никогаш таму да видам. Мамата, лани со другариве чекавме 1 саат за да ни донесат пица. Си велам, да ти ебам услугата. Изреволтиран. Од тогаш на кампување Градиште одиме со тегли ајвар, мајонез, мармалад и др.

Али то не е битно, битно си поминав супер. Не ме ни интересираше колку ќе потрошам, не ме ни интересираше каква е послугата, затоа што не ни стапив во контакт со некој угостител таму.
Водава во езерово е стоплена, седев едно добри 45 минути во вода. Навечер кон 8 фатив комбе за назад, исто 60 денари.
Се израдвав ко видов дека до Градиште идале комбиња и во 12 на полноќ. Следниот пат нема да се вратам порано.

Милена ич не се испече, а јас во лицево сум ептен црвен, на грбов сум испечен, лајно сум напраен, ама прекрасен исполнет ден. Полнење батерии. Вечерта одма заспав. Денес паузирав, ама утре одам пак. Гранит, Горица 2, баш фини плажи за одмор. Дур е водана топла, ништо друго не ме интересират.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Со Вип за 2 денари до плажите во Охрид

Во екот на туристичката сезона во Охрид, Вип оператор обезбеди превоз од центарот на градот до плажите за само 2 денари (со вкучен ДДВ). Два минубуса обележани со брендот на Вип, во перидот од 15-ти јули до 15-ти август, секојдневно, од 10 часот наутро до 20 часот навечер, ќе ги превезуваат грѓаните од улица “Туристичка” во центарот на Охрид, па се до плажите на кампот „Градиште“ и обратно за симболична цена.
“За нас во Вип, корисниците и нивните индивидуални потреби секогаш се на прво место. Остануваме доследни во нашата определба секогаш да понудиме нешто повеќе за нашите постојни и потенцијално нови корисници, а притоа секогаш внимаваме да бидеме секогаш пријатели на нивниот џеб. Ги поканувам македонските граѓани да уживаат во убавините на Охрид и да се возат за 2 денари долж охридското крајбрежје и се разбира да зборуваат за 2 денари минута кон сите мрежи со Вип припејд“, истакна Марио Цвитковиќ, Главен маркетинг директор на Вип оператор.
Извор: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=59123&kategorija=2
Барем некој да мисли на нас туристиве...
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Абе добро, се журкаат тие. Ама, во 3-4 сабајле? Забави можат да се прават какви било, ама такви нешта за какви објаснував се претерани. Ќе разберев ако пуштеа рок музика, отколку оние трансој, тупца тупца.
Пак се напикале 5 машки и тоа е забава? Не велам дека можат да си приуштат да одат на отварање на Планет, или на плажа Немо, на Армин, на овај онај. Ама пак се знае редот каков е.

Јас ги кривам домаќините. Не се сите исти, ама, и тие претеруваат, јас после 12 не би дозволил некаква галама да се прави, било каква. На крајот на краиштата, не живеам сам оддалечен од цивилизација. Еве сега Кискино ќе дојдит кај мене 4 дена на спиење, па ќе го видам дали ќе нашамарит некого ако му дојдит преку гла:icon_lol:.

Како и да е, вчера си зедов еден слободен ден да се рашетам, а и можност да видам како се движат цениве. За Градиште со комбе, цената е 60 денари во еден правец. Истата беше и пред една година, и пред две години.
Бев со * BawbiiE * на плажа и со VeS и Емкаа. Имате голем поздрав од нив три:back:................................................................................
По по пооооооооо извештаааааааааај :tv:

Ти болдирав нешо шо мислам дека ќе го сфатиш...

ако не... за вкусови не се дискутираааааааа... и за музика, и за друштво, па и за сексуална ориентација :tv:

Барем некој да мисли на нас туристиве...
Лоповка една... јас ја раширив вества... плати ваму пари сеа :tv:

Тукуууууу... демек за нас не-туристиве без пари беше досега пак само вие плаќавте пари за одење на плажа... бреееееееј скопјанишча... :tv:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Лоповка една... јас ја раширив вества... плати ваму пари сеа :tv:

Тукуууууу... демек за нас не-туристиве без пари беше досега пак само вие плаќавте пари за одење на плажа... бреееееееј скопјанишча... :tv:
Баш тоа денес дискутиравме со Вештица... Како живеете вие таму летно време, коа 30 денари ви е леб? Знам, не јадете леб.
И да, веста ти ја рашири, веб порталите твои се.
Еве ти плаќам:

П.С. Нормално дека не ти го кажуам пинот!:pipi:
 
P

Princ

Гостин
Убава е промоцијата на ВИП, само треба да бараат лични карти на сите што ќе се качат на бусот. Охриѓани сите ги знаеме какви се, одма до нива ќе му рече однеси ме или по тоа езерото да лови пастрмка.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Баш тоа денес дискутиравме со Вештица... Како живеете вие таму летно време, коа 30 денари ви е леб? Знам, не јадете леб.
30 денари е лебот нон стоп... цел живот, бар колку шо јас знам :tv:
А и зборувавме на претходниве страни... Скопје не е ништо поевтино од Охрид... и тоа преку цела година... дури и поскапо е :back:
 
P

Princ

Гостин
Скопје лебот е 13 денари, и во Охрид е толку (вон сезона на Скопјанишчава)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
30 денари е лебот нон стоп... цел живот, бар колку шо јас знам :tv:
А и зборувавме на претходниве страни... Скопје не е ништо поевтино од Охрид... и тоа преку цела година... дури и поскапо е :back:
Скопје не е туристичко место, туку административен центар.:pipi:Ак не ти чинит, не идај!Учи во Охрид.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Скопје лебот е 13 денари, и во Охрид е толку (вон сезона на Скопјанишчава)
Зборвиме за оние малине лебчиња шо тежат колку пола голем леб?
Скопје дур бев купвев некој леб од Унилукс беше ми се чинит, сечен на парчиња, за 24 денари.

Охрид сечен на парчиња ќе најте само од црнион, а белиот мислам дека го има по цени од 20-30 денари...
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Ова станвит вистинска локална војна :pos2:
Еве ги и Утрински со колумна за охридскиот туризам:

Туризмот во колапс

Охрид личи на монденско одморалиште, со плажи преполни со гости од Грција, Србија, Германија, Чешка и од Русија, вода чиста како солза и рибни специјалитети со неверојатен вкус и пристапните цени. Богата понуда на плажите, водени лудории, тобогани, аквапаркови, тури до недопрената Галичица. Бродска прошетка до Поградец и еднодневна екскурзија во Албанија за авантуристите кои првпат ги откриваат овдешните убавини.

Дали сето ова ви звучи премногу добро за да биде реално? Посакувате веднаш да го запалите автомобилот и да проверите дали навистина постои ваква дрим-дестинација во земјава? Не мачете се. Ваква понуда во Македонија може да добиете само на едно место – во вашите соништа! Кога ќе се разбудите, за жал, и ова лето ќе треба да се соочите со реалноста. Туристичката понуда е повеќе од лоша - очајна е!

Изминативе неколку лета како да го навестуваат залезот на туризмот во градот со 365 цркви. Надлежните при крајот на секоја неуспешна сезона ветуваат дека следната година ќе биде подобро, дека ќе се работи на интензивна туристичка промоција и, пред се', на привлекување на домашните гости во Охрид, кои се и најбројни. Ама сето тоа е со краток здив.

Впечаток на многумина од посетителите е дека Охрид од година на година се' повеќе го губи приматот на македонски бисер. Крајбрежјето се задушува во лесковачка скара, „пера–ждера“ киосци каде што се пржи „роштиљ на кило“, викенд-посетители и годишноодморци кои како сардини ноќеваат во „брако“-приколките. Плажите преку неделата се празни, а со наплив на туристи градот не може да се пофали ниту за време на викендите.

Хотелите се пусти, а во подобро уредените комплекси пристап имаат само оние со подлабок џеб. Бавната услуга некако може и ќе пројде, ако не се изгор цените кои само ќе ви го засоленат престојот во градот. За да не биде дека зборуваме напамет, ќе посочиме само неколку примери. Викендов на терасата на еден познат хотелски комплекс крај езерото на гостите им се искриви насмевката од чудење истиот момент кога келнерката наплати 540 денари за коктелот „sex on the beach."

Во Охрид се' поретко се наоѓаат ресторани каде што можете да ручате или да вечерате за помалку од 10 евра (тоа е пристојна цена за обичен ручек што ќе ја платите во повеќе европски метрополи, во Прага, на пример).

Факт е дека охридското крајбрежје изминативе неколку години драстично го смени изгледот. Се градат комплекси што воодушевуваат со својот јадрански и медитерански шмек, ама тоа не значи дека сопствениците со високите цени треба да ни наплатат за цела година.

Охрид станува скапа дестинација за одмор за домашните туристи, а странците се' почесто не' заобиколуваат. Тоа е сосема разбирливо кога на сите страни имате понуди за одмор на грчките острови, Јадранското крајбрежје, па и езготичните Египет, Турција и Тунис, кои во сите пресметки излегуваат дека се поприфатлива варијанта за одмор.

Поради нашата неможност да се соочиме со вистината в очи, охридските плажи и годинава може да останат празни, а концесионерите што вложиле огромни пари да останат со куси ракави.

За привлекување на туристите не треба само удобни лежалки и силна музика. За Охрид да личи на сонот од оваа приказна, треба да се средат многу работи. Плажи без спасувачки екипи, езеро во кое владее хаос од педалинки и скутери, простор за пливање кој е толку ограничен што им дава чувство на пливачите како да се риба на суво, таксисти кои во сезона не работат по таксиметар, туку си наплаќаат од ѓутура, не смеат да ни се случуваат. Се' додека „немојт“ и „не можит“ се главните зборови во речникот во Охрид, сезоната ќе биде препуштена на пропаст, а гостите ќе си заминуваат со горчлив вкус во устата.

Се е кажано :vozbud:

30 денари е лебот нон стоп... цел живот, бар колку шо јас знам :tv:
А и зборувавме на претходниве страни... Скопје не е ништо поевтино од Охрид... и тоа преку цела година... дури и поскапо е :back:

Можеби е поскапо, ама затоа коа ќе се качиш во такси и тоа компанија кај и да идеш сегде куца исто. А и во сите кафичи не е 100 ден нес кафе. Постојат и кафулиња каде цените се попристапни за граѓаните....
Лично јас кога би напрвила споредба Охрид Дојран со задоволство Дојран ќе изберам. Можеби езерото не е исто меѓутоа цените се попристапни и секако нема да ги гледам "VIP" фаците како седат на славија и мрчат за секој што ќе помине. Струмица ( одалечена 15 мин со кола од дојранско езеро) поготово во август има многу туристи и од Бугарија и од Грција и иселеници што доаѓаат преку лето. Па цените не им рипаат до небо и нашиве од Македонија можат топ да си поминат. Така да во секој случај според мене одмор значи одмор во вистинска смисла на зборот. Да одмориш од се и секој. А не Охрид коа ќе отидам се осекам по два дена престој, како у Скопје да сум....
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Скопје лебот е 13 денари, и во Охрид е толку (вон сезона на Скопјанишчава)
Немат шанси 600-грамски леб 13 ден.
Иначе Охрид иаме убав селски(на дрва печен) прилепски леб за 29 ден.Мљаццц...
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Иначе да се демантирам самиот себеси од еден претходен пост кај шо повикав на намалување на цените :smir:

Плажа Елешец, (во сопственост на Лоте компани) годинава ги имат намалено цените на лежалките за 50%, лани една лежалка се наплаќаше 100 денари, сега се по 50че. Некои пијалоци се намалени за по десет денари, пример: нескафе од 80 на 70, кока кола, фанта, 7up од 70 на 60, и сл.

(п.с. имат место и за паркирање ако сте со кола, секако за без пари)

И ова да не не ви чинит? :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom