Ак не ви чинит не идајте

P

Princ

Гостин
Не бе Пчелка, стриктно бизнис. Ти ги сакаш моите пари, ти мораш да ме поштујеш за да ги добиеш. Не зборам за лижење гз и такви перверзии што ги има само по порничи, доволно е пристојни цени и пристојна услуга. За другото не е проблем, наши сме, ќе си се разбериме. Ама она основното мора да го има, кое рака на срце, во моментов го нема.
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
Не си во право.

Види, јас живеам во Охрид, ама никогаш не сум ни чувал туристи ни сум се занимавал со некаква угостителска дејност.
Еве ќе ти кажам обичен пример за тоа какви се туристите.

Во моето маало има 5-6 куќи кои чуваат туристи на лето. Се наоѓаат околу мене, значи нема шанси да се избегне нешто. Од периодот од 15 јули до 20ти август јас не можам да спијам до 4-5 сабајле. Знаеш зошто? Затоа што некои нафурани копиљчиња од 16-17 години, претежно од Скопје, дошле и не можат да ги затнат муцките после 12 часот.

Згора на тоа пуштаат трансој, тупца тупца и главата мене ми ојде. Седам во 2 часот после полноќ да се опуштам со некој филм, неможам. Затоа што надвор е галама, лудница.

Е од такви туристи се нервирам. Се осеќам и јас како да сум турист.
И мене ми е скапо овде, пак се силите да кажите дека и плажите не ви чинеле. Единствената разлика во тоа што јас помалку го трошам за на плажа е што не одев со комбе, туку со точак, и не седев во кафич на плажа, туку имав земено сок и сендвич од дома.

И ова лето ќе дојдите пак овде нацртани. Ќе видите цело друштво ви заминало Охрид, мора и вие. Па ќе дојде мај/јуни, па ќе се жалите пак. Овие муабети се преслушани веќе.

Заборавив да напоменам - да, и домаќините не се во право што им дозволуваат после 12 часот да пуштаат толку гласна музика.
Убаво кажано.
Со едноставен пример.

И не викам дека скопјаните се супер, напротив.
Како што и сам си кажа, има скопјани кои се однесуваат недолично во најмала рака, т.е. се прават скопски "мангупи" во туѓ двор (не зборам за примерот со гласната музика), што предизвикува револт кај домаќините, нормално.
Од друга страна го имаш менталитетот на охриѓаните (секоја чест на исклучоците) кој пак предизвикува револт кај скопјаните.
И така се создава магичен круг од кој нема излез.
 
Член од
24 август 2008
Мислења
1.120
Поени од реакции
163
Не бе Пчелка, стриктно бизнис. Ти ги сакаш моите пари, ти мораш да ме поштујеш за да ги добиеш. Не зборам за лижење гз и такви перверзии што ги има само по порничи, доволно е пристојни цени и пристојна услуга. За другото не е проблем, наши сме, ќе си се разбериме. Ама она основното мора да го има, кое рака на срце, во моментов го нема.
Стварно не знам како да објаснам појќе.
Кажав јас дек за услуга толку непристојна не сум сретнала, еднаш само ито безвезе беше, во цел живот шо сум овде. Кј најџвите незнам ама океј. За цени фантом си кажа споредбата со спрајтот на кеј во Скопје и спрајтот овде, покрај езеро.
Ама то не ми е поентава. Значи поентава ми е од прилика ова:

Ево вака да ти појаснам пошо не ти текна претходниве постој да ги прочиташ.
АКУ СМЕ ОД ОХРИД НЕ ЗНАЧИТ ДЕК СМЕ УГОСТИТЕЛИ.
Доволно јасно? Ние никакви пари не зеаме од вас, плачете им на оние шо давет соби/румс/зимер и шо „ви наплаќет едно кафе двеста денари“.

*Не сум изнервиран. Сериозно.
Дека цело време 5-6 месеци редовно, секоја година, слушам какви сме ние по карактер и каков е градов грд и глупости. То навреда е ако не осеќаш. Пошо ај охриѓани и сите исто сме... безвеза е многу. И смачено ми е и морав да коментирам.
 
P

Princ

Гостин
Ама ти ептен осетлива, поосетлива и од џим кери во Yes Man. Имам многу (премногу, ако плеснеме паралела со тоа колку вкупно пријатели имам) луѓе што ги сакам, охриѓани, луѓе што не се купуваат со пари. Пријатели со години.
Ама тоа не е поентата на темава.
5-6 месеци, редовно, ние збориме за УГОСТИТЕЛИТЕ, охриѓани по некоја случајност. Не за пчелка, пчелка е добро девојче. Значи за угостителите зборуваме (и оние што изнајмуваат соби), значи за оние коишто имаат директна врска со туристите. И имам спиено во 500 денари соба од ноќ, и од 50 евра од ноќ. Односот према муштериите ви е катастрофа (иако велам ви е, не мислам на тебе, бидејќи ти апсолутно никаква врска немаш со угостителите). Да не знае човек како да им украде пари, како да го натера повторно да дојде кај него. Го сакам охрид како град и само таму одмарам, па кога одам да одморам одбивам да бидам со луѓе, газдарицата на собата минатото лето 2 пати ме виде - кога ја изнајмив собата и кога и платив после 6 дена за нејзе, па и одбивам некако да ми го пренесат нивното лошо расположение и однос, лош.
 
Член од
24 август 2008
Мислења
1.120
Поени од реакции
163
Да се надеваме дек ги просветли пошо тие неколку страни наназад не знаеа шо прајме муабет а и сите незадоволни туристи, општо не на форумов, баш нас, тие шо неаме никаква врска ни раскажвет за такви глупости ко ние да им сме криви шо се сечеле на остри камења по плаживе, во случајов.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
но офенс, немам нишчо против Охрит ама едно да прашам

зошто цело време го браните Охрид а паролата на колумната е "ак не ви чинит не идајте"
Насловот а и поголемиот дел од колумната е ироничен :pipi:
Не си во право.

Види, јас живеам во Охрид, ама никогаш не сум ни чувал туристи ни сум се занимавал со некаква угостителска дејност.
Еве ќе ти кажам обичен пример за тоа какви се туристите..................
Џими се е ова океј ама за примерот со дечките шо пуштале гласна музика и шо се забавувале... немој да ми кажиш дека ти ко ќе ојш на одмор, или еве екскурзија низ Македонија нека било, не се опушташ така... мислам, ај да беше некој на возраст од дедо ми да те разберев ама и ти си на таа возраст, и јас, и... шо знам... ваљда ти требит да ги сфатиш дека дошле да се журкаат и да си поминат убаво тие неколку дена, а очигледно и немаат пари за журкање по дискотеки па барем во собата/шоидае би требало да си се позабавуваат ако не на друго место... обично таквите собираат пари само за смештајот и многу малку џепарац за трошење по градов па таквите журки се доста разумни...

Единствено решение би било да забраниме издавање соби во населени места ама кај би ги носеле туристиве... Велесто...?
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.659
Поени од реакции
34.091
Ако темата е ориентирана кон угостителите, незнам зошто, вие, што не издавате соби се борите во нивно име?
Исто како, јас, кој не сум земјоделец, да се борам за струмичките земјоделци.
Pointless.

Незадоволството и фрустрираноста од сите овде е насочена кон лошиот однос, па и sky-high цените, понекогаш, некаде.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Јован no offense, али ја имам една колумна, помала додуша да ти понудам, за некој локален охридски весник, чисто да занимаваш охриѓани на пауза од работа... :smir:

Озбилно друже, ова охриѓаниве отидоа со паметот еј. Пази сеа, се собираме ние 5 души, Кољо вози со оноа крнтијана негова од татко му со нас тројца на задње седиште изгужвани ко студентка на Водно, и идеме у Охрид на летовање. Као екскурзија, радосни као да не пуштаат преку ред у Хард Рок и стигаме некако таму, испотени, смачкани али бар со кола сме, не као задњи пут коа идев со Галеб аутобусине, морав да го раздвајам шоферот да не му скрши глава на еден тип шо купил карта ама место нема у аутобус. Бар раат сум со Кољо, и плус на Стража ми застана од пирошките да зеам, закон се!

Искачаме од кола, и ја идам до аутобуска да најдам да спиеме некаде, али после првите три прашања сфаќам дека се поебав шо и реков на девојка ми скупо ми е у Хрватска, иди ти крши глава ја до Охрид ќе идам со другари. Вадам новчаник, сметам, према овој шо ми беше најповолен иам да спијам 5 дена, а спрема првиот иам да спијам пола саат, али после ми објасни дека тоа било апартман и имал сопствен кенеф. Се праам љубезен да не рече еве го овој кења одма пошо е од Скопје, али не ми иде бе у глава, па каков е тој апартман без свое Веце?

Нема везе, морав као на Марокански пазар да се ценкам за секој динар, и се договорив еден од тие брадоњите шо мириса на лозовача да не однесе кај него. Он со кола, ние по него. У еден момент решивме да застанеме и да се вратиме пошто у тотална вукојебина не однесе, али се деси да сме стигнале. Рука на срце, типот си ја средил викендицата, он не живеел тука, имал бољи места у центар, ама не сме имале пари за нив. Сељак. Имавме две соби на спратот и му ги земавме двете, со заеднички туш, али за мочање требаше да идеме на приземје. Не му ја сфатив логикава зашо вака градел, али ваљда он си има своја математика, од кај го знам. У собата освен кревет имаше и едно чергиче од оние шо тек и баба ми ги затуцала некаде у подрум да скапуваат, али идеше фантастично со сликата на два елена у шума која ми висеше над кревет. Класика ти е тоа у Охрид, нешто као традиција на градот, ги местат сликите увек над глава за ако ти падне да те среди инстант. Гарант кај него дома само постери со салтејп има залепено, али овде рамкава бато, има 20 кила минимум.

Нема везе, средивме све, му плативме на чичово, и палиме у центар на кафица пошто тоа ти е као некоја скопски обичај, коа идеш у Охрид, прво мора да мавнеш кафенце поред езеро, па после на плажа. Возиме по онаа главнана улица, Туристичка шо ја викаат и се мислам колку иронично и го дале името. На втора раскрсница контејнерите не средени пошто странциве не им е мерак на улица да фрлаат, џабе се бунат мештаните, а комуналец поминуе тек у среда. Улицата пола не проодна пошто само еден пајак има па не стига да ги собере сите кретени кои се навикнати да си паркираат као дома, пред врата, па мислат и тука можат така, али... семафор со бројач. До ЕУ преку Охрид низ чаршија. Е пошо ја сум цепидлака и лицемер, не сакам да мислат охриѓани лошо за мене, ги дупнав да се паркираме по оноа уличкине сто километра подалеку.

Нема везе, искршивме врат по туристки, али место за кафенце у 1 попладне нема па да подмитиш некого. Коа едни станаа ја си седнав одма после нив али место другар ми Деко, седна една битолчанка шо се праеше дека не ме приметуе и им мафта на другарките да и се придружат. Овие као скептични, па и Деко дое седна до нејзе, а ја и викам, “срце, шо ќе се напиеме од тебе?“ Е тогаш ја спрашти. Увек ја грешам таа реченица, пошто у Картел ретко идам, и не научив како се кажува за да упали. А да, како знаев дека е битолчанка? Па само битолчанки се облакаат у балски фустан на пладне и идат по кафичи.

Девојчето шо работи, ја прашуем “Чивасима?“ Она ми вика на Стојчевци помалата. Ја гледам, се чудам, и повторуем али полека, као на наглув пензионер, Чи-вас... има?“ “Е шо ме прашвиш по втор пат чија сум, ти веља на Стојчевци помалана.“ И сеа, сфатив шо е бељата, кока кола си побарав, таму никад нема промашај, ама сериозно, шо има лошо у тоа да сакаме светски познати пијачки у елтниот Охрид како што сакаат да го прикажат? Нели е монденско место, кога би отишол во некое беровско село сигурно нема да им барам Карбонара шпагети, озбилно, али тафче графче... ух.

Пуци нарача еспресо али откако по половина час заради недостаток од пероснал (очигледно) ја добивме нарачката, некако магично најде семка од лимон во кафето. Пробавме во следниот половина час да го смениме, но наидовме на несогласување од страна на девојката која беше оперирана од љубезност (што воопшто не ни пречеше, ја разбираме, сама работи, премногу гужва има, и охриѓанка е) бидејќи како што ни објасни, таа немала попаметна работа од тоа да се ги слуша нашите заебанции. Сметката не ја чекавме премногу, но на Пуци не му беше дозволено да не го плати кафето кое не го нарача. Сепак, тој беше доволно љубезен и се понуди доколку е газдата тука да му даде предлог за нов тип на кафе кој очигледно го измисли, со семки од лимон и крем од дудинки (второ опционално за плус десет денари). Газдата не беше тука, а рецептот не го патентиравме.

Плажа. Плажа ти е сине, егзистенционално питање у Охрид. Паркинг - нема, место на плажа - утре а цена на пиво можеш да си дозволиш со стандардот од задутре. Исто, никад нема да ми биде јасно, зашто увек ти се плажите као депонија? Колку и да сме ние гнасни скопјани, не сме бре способни толку да напраиме лична Дрисла. Едноставно физички е неизводливо, гарант некој не си ја врши работата идеално за грижата на истата таа плажа.

Самоилова тврдина. Бев и таму дечко, не сум ја као тебе сељак само за србинки да идам на езеро. Али, се покајав. Поред тоа шо нема ни брошура да ми објасни кое шо е у тоа тврдината, нема ни чоек да те поведе, ни бутур. Згора на тоа, една од кулите која очигледно некад била место кај шо се џиткаат непослушни деца, сеа служи за џиткање послушни пластични шишиња. У сред лето дечко, ме фати параноја наеднаш, гледам двајца холанѓани идат со помаранџести насмевки (прво мислев за ВМРО се, ама странски збореа), и мафтам као авиони на носач у Црвено море да усмерувам, немојте таму, Come with me, there`s a beautiful view on the lake from here, it`s dangerous there, you might fall and become a bottle. - What? - I mean... it can be fatal.

Епа брат, оваа година, заебаај се ти со охриѓани, ја идам у Струга.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Ќе пишам и овде то шо ти пишав на репутација - Јакооооооо, јакоооооооо :) има и неколку стварно :pos: моменти.

И бај да веј, уат да фак ис чивасима? :pishtoldz
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Девојчето шо работи, ја прашуем “Чивасима?“ Она ми вика на Стојчевци помалата.
Чивас-но комент. Другпат прашај чиваснема? :) сте го реметеле девојчето.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Серијал З`ш да не... колумна втора

Коњи, чашитки и ченки варени

Некој турист од оние скопјанишчана дошол Охрид и си ја паркирал колата покрај некоја куќа и му излегла некоја баба на пенџере па му рекла „Кревет синко“ и овај и вратил „Не фала, си имам стан“. „Аморе синко кревет“ и овај пак и викат „Не ми треба сместување, си имам свој стан!“. И чоеков ошол да шетнит тро, поминале неколку сати, се враќат и глеат колата нигде. Почнал да се чудит и да пцует а бабава му излегла пак на пенџере и му викат – „Аморе синко, ти реков кревет... ги кревет со пајакон“.

И после некој ќе речит охриѓани не чинеле. Ем најгостопримливи, ем вака да ти се најдат ко ќе си во незгода, ем све. А скопјанишчана секогаш викет демек ко ќе дојделе кај нас полицајцине им ги ваѓале таблицине од по колине ко ќе виделе „СК“ и казни им пишеле. А еве сами си признавет дека тие си се криви. Вицов шо мислиш, ја дан го измислив... Од скопјанишчана е овај, демек нас ќе не заебавет ама уствари сами си се заебале. Виде бабичкава, одма да му се најт, да го предупредит, ама кој му е крив на овај шо не разбират. Е пак нек се смејт на дијалектов да го видам, ко ќе се опрчит онаму в полиција некоја иљадарка.

А пак и најде кој да кажвит за дијалектов. Како се нервирам на лето ко ќе слушам по градов „Кај ќе искачаме по дискачиве...“ Ам ако ви е за скачење, могли би да скачете и од Канео мор другови и другарки. Се наполнале со србизми онаму и тие мене ќе ми продавет приказни за јазиков. А од овде и Климче и Наум и универзитети и писменост и све си почнало. А ко ќе дојдат кај нас трчет да се сликет со Климчета на плоштад и со Кире и Мето понака на кејон. А да ги прашаш ни знает ни кој биле ни шо биле, и плус не знает да зборвет македонски и на крај тие ќе прает вицој за дијалектов наш... Абе од такви... баш од такви луѓе ни пропаѓат нас државава, не од друго, од нив...

Зато и во Европска Унија уште не сме влезени. Да беше до Охрид уште од четрс-друга ќе бевме таму туку... Ние шо можевме да напрајме напрајвме, ој на листана од УНЕСКО, први сме по убајни, а другиве шо... шо имет напраено за државава?!? И после пак се жалет скапо им било во Охрид, зато не идале. Ваш проблем бе, појќе езеро за нас. И пак шо, лошо дан ни е со бугаркине... мх, мх, мх, какви имат баче, ја за вас ќе плачам...

И ај шо ти велам во УНЕСКО сме, туку и за него гледам овие скопјанишчава прает некој дубари за да не тргнет од листата таму. Се жалеле чичковците таму многу се градело, многу се загадувало... Дека никој немат храброст да кажит мислите не знајт некој кој е крив... Еве ја ќе кажам бе, скопјанишчана се криви, кој мојт друг. Сине згради шо се изградени и шо ни пискет од УНЕСКО за скопјанишчана се изградени, им прает станој за после да можат да ги издавет, пари од туризмов наш да прает. Мислите некој трева пасит, ние не знајме шо се дешават... и после ќе слушаш „охриѓани го запустија градон и езероно“ а за све тие се криви. И шо викет за загадвењево... и то ти е све од скопјанишчава бе брат. Ој на лето на некоја плажа и глеај колку од скопјанишчана одат во вецињана по плажине. Николку! Сите намерно ни го мочет езероно за после ко ќе дојдат од УНЕСКО да мерат да речат сте го загадиле. Стратегија... стратегија ти е то бе брат. Ама дур си ќутиме ние ќе си мочет тие. Требит бе да се станит, да се кренит глас, ако требит и некоја улица да се блокират. Кајчињата и ждранк Подмоље, да не мојт никој да поминит навака. И ќе ги чуваме, не ќе ги пуштаме ни од коли да излегвет, па ко ќе им дојт за мочање да требит внатре да се помочет, да видат како е... Тие мислат езероно така е, кој како стигнит ќе се мочат... Не бе брат, морат нешто да се напрајт, до кога вака...

А за многу работи да ти кажам вака искрено немат правда. Ене види Скопје шо прает, прво компјутер на секое дете па после споменик на секој чекор. Кај нас ништо... А шуба замисла иам вака да ти кажам право, како мојт да се напрајт Охрид со споменици, по, по, пооооо, Рим кисела вода со лимон да ни носит... Пази планов – почвиш од кај Чинарон, до фонтанана онде – бам еден динусаурус. Поголем ќе е од бикон Скопје, ем поубав. И плус порано Охрид стварно имало динусауруси, а не ко Скопје шо ги лажат со бикојне.

Динусаурус клаен? Клаен! Следно – скопјанишчана имет шмизла? Имет! Е шо, ние да не не мојме да стајме некој споменик на женско со чудно име... мојме, иту како... ти бе дете, да те прашам вака, си чул за варошка чашитка? Не си чул?!? Ој фрли се од Кукуле ак не! Не знајш кај е Кукуле? Ти дете дан не си од Охрид случајно??? Кукуле бе, од кај шо се фрлавме тогаш море, од Канео она карпана море, ти теквит? Е шуќур кај ти текна, туку шо ќе ти велев, не е едно, све морат да ти објасвам, ништо ич да не се знаело... Е де, за варошка чашитка ќе ти кажвев. То ти е дете онаму во Варошон горе, знајш де, куќине ко шо се збиени една до друга да прдниш ќе се чует, не пак друго. И уствари овие чашиткиве ти се жените таму шо стоеле на пенџере излезени и глеале, слушале све шо се дешават и после се збирале и раскажвеле кој шо напрајл, со кого напрајл... Е, и сега е останато то чашитка... и чашитлама де, то ти е изведено од првово, требит ја тебе речник да ти дам да ги проучиш тро охридскиве термини, пошо те гледа не пара ме разбираш... Е сега, шо ќе ти велев, ко шо имет скопјанишчана шмизла ние мојме да опниме една варошка чашитка, онаму наспроти црквана Света Софија.

Динусаурус клаен? Клаен! Чашитка клаена? Клаена! После, ти теквит на онај фраерон наспроти шмизлана онаму Скопје? „Ехеј“ го имет него крстено, демек и викал на шмизлава а ова ич рецка не му мавала... Е сеа, ако прајме споменици со викање ние Охрид мојме уш шес пати пубав да напрајме. Ти ги соберам оние од кај автобускана шо викет „Смештај дечко, смештај дан требит?!?“, да ти испозирет за еден споменик ќе виш шо е туристичка атракција после... Мојш и „Смештај“ и „Соби“ и „Станоиздавачи“ и како сакаш да го крстиш, и пак поубав ќе е од тој фраерот демек Скопје. И плус мојме да исценираме некоја ситуација кај шо му се имет собрано на некој туриста и го тргет за мајца за да ојт кај нив. Кај нас море секој туриста е важен, ој на други места да виш, слегвиш на автобуска никој ни да те пречекат, ни да те прашат смештај дан ти требит, ни да ти понудит нешо, ни за мајца да те тргнит... А сум шетал, стварно многу сум шетал по светов, негде немат ни куче да те каснит, не пак за соба да те прашет, ама пак скопјанишчана се неблагодарни... Туку остај ти скопјанишчана, имаме ние побитна работа, требит градов да го разубајме со некој споменик.

И до кај стигнавме паше... Динусаурус клаен? Клаен! Чашитка клаена? Клаена! Смештај клаен? Клаен! Скопјанишчана имет „Ретардирано девојче на пешачки“, шо никако не мојт улицана да ја преминит. Епа ние овде си имаме кајчари со пенти, со све, и не само шо можат пешачки да ти преминат, без проблем и граничен премин ти преминват и Албанија ак сакаш те носат. Значит... едно кајче ќе бапниме онде на кејон и ен кајчар ќе извајаме со ракана на пентана а горе ќе го остајме бесплатно за да мојме да ги заебаваме туристине ко на песнана од Ка-петнајс. И ќе му монтираме еден звучник на тој кајчарот, ќе му снимиме и ќе му ставиме на секој 2 минути да викат „Ај една тура до Канео“ за поавтентично да е. Ете ти уш ен споменик.

Значит... ај уш еднаш. Динусаурус клаен? Клаен! Чашитка клаена? Клаена! Смештај клаен? Клаен! Кајчар клаен? Клаен! Ова ти се вака овие помаливе споменичиња. Е сеа, скопјанишчана ќе го носат Ацета соси Букефал на плоштад. И си мислев ја, да мојме ние, пошо овие ќе имет само еден коњ, да напрајме еден хиподром на плоштад Охрид, и да донесиме бар печеес коњи па нека се тркет, после ќе мојме и од кладење на туристине пари да им земаме. „Колку рече дечко? Иљадарче на тројка? Арно, арно, еве ти и една ченка варена гратис“ Ете ти, ем пубав споменик од скопјанишчана, ем туристичка атракција – кладење на коњи со ченки варени гратис... на сред плоштад!

Црква на плоштад не ни требит, си имаме ние, ехееееј, уше од кога, во Скопје тогаш ни плоштад немаше... Да не почвам муабет и за идејава шо ни ја украдоја... Иту приватна сопственост е она кај нас, ама бар знајш кој ќе ги земит парите шо ќе ги остајш. По другине не си сигурен, ова епархија, она епархија... Охрид барем си знајш. Не знајш? Еми ако не знајш распрашај се по градов, ќе ти кажат одма чива е и кој ги земат парите од таму, глупо е сега вака по весници да кажвам. Значит плоштадон исполнет... мислам дека ќе останат уш неколку метри квадратни така празни ама тие ќе му ги дајме на некој кафич да стајт уш некоја маса за да не се жалет туристине дек место немало кај да седнат и оп полн плоштад, убајни!

Триумфална капија исто не ни требит, си ја имаме Горна Порта ние, не ни требет други порти. И плус уш една порта имат горе кај тврдинана од Самоила... и една долу кај црквана Канео, ехеееееј, саде порти сме Охрид, немат потреба, фала ви...

Само уш една желба имам вака да си кажам... ако се мојт некако да ја зејте Статуана на слободана од Њу Јорк и да ни ја донесите Охрид, негде на сред езеро да ни ја клајте. Ја мислам дека ептен убо ќе си дојт. Сеа ко можевте во Скопје бикон од Вол Стрит (улицата на волојте) од Њу Јорк да го соберите, ќе мојте и теткана со факелон да ни ја донесите в езеро. Таман ќе ви светит да ви се гледат за да мојте и на вечер да ни го мочате езероно.

Е така малце, дај напрајте нешо и кај нас, шо било то, само Скопје споменици, види шубај идеи ви дадов, иту ја ни пари не ви барам, само напрајте ги овие рабојќе па ќе јајме по една пастрмка од оние шо се забранети и шо никој ни ги ловит, ни ги продават...

(ак не се приметвит, авторот е охриѓанец)
(Колумната е објавена во неделникот Сега на 09 07 2009)
(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 16 07 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 21 07 2009 )
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Јако, јако. Браво Јован.

П.С.
Само уш една желба имам вака да си кажам... ако се мојт некако да ја зејте Статуана на слободана од Њу Јорк и да ни ја донесите Охрид, негде на сред езеро да ни ја клајте. Ја мислам дека ептен убо ќе си дојт. Сеа ко можевте во Скопје бикон од Вол Стрит (улицата на волојте) од Њу Јорк да го соберите, ќе мојте и теткана со факелон да ни ја донесите в езеро.
PRICELESS !!! :)
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Триумфална капија имало во Охрид на влезот од чаршијата кај чинарон.Иам видено на слика од 1917 г.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Јако, јако. Браво Јован.

П.С.

PRICELESS !!! :)
Фалаааааа :)

Триумфална капија имало во Охрид на влезот од чаршијата кај чинарон.Иам видено на слика од 1917 г.
Интересен податок... не сум знаел, да знаев ќе напишев дека и то од нас го ископирале :tv:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom