Се-вер-на, Се-вер-на... Ма-ке-до-ни-ја, Ма-ке-до-ни-ја!!!
Кај ми е сонцетоооооо? Сонцето мое кај ми е? Абре сонцетооооооо! Ќе ми кажит некој кај ми е сонцето? А? Сонцееееееее?!? Страмотилациииии! Ај скопјанишчана знам дека отсекогаш биле против нас ама сега и битолчани? Аааааааааа, не е ова на арно. Не знам како е сега дур го читаш ти ова ама јас си знам како ми беше дур го пишев и денојте пред то. Сонцено со потерница од Интерпол да го бараш. Ќе се појавит тро, така скриено зад некоја зграда, од овие новокомпонираниве во Охрид шо ги имаме на кило, ќе посејт тро, и оп – зафатило преку граница Албанија, ко емигрант некој. И плажине празни, немет гости, немет пари од пиење, немет пари од лежалки, нишо немет! И за све то се битолчанине криви. Ја не знам шо му текна на онај Граон да барат сонциња, сонце, сонце, кај ми е, шо ми е, и ни го сроза в корен. Страмотааааа, страмотаааааа! Да ти кажам право, се појќе за вервење ми е дека скопјанишчана ги имет поткупено битолчанине за да ни ја срозат сезонава. Зато ја чуди се ко ќе се жалат овие со хотеливе и плаживе, послаба им била, пак после рецесија било, криза било, ова било, она било... а то просто ко грав. Ете кај лежел зајакот. Иначе ова клишево со зајаков ич не го сфаќав ко мал. Раскажвит некој нешо, и другиов наместо аплауз се огласвит – „Ахааааа, значи тука лежел зајакооооот!“ И ја чуди се, џари се долу, барај зајаци во низок старт, то метафора да ти било. А ти бате ак не ја сфаќаш метафорава со сонцево, тогаш морам да те известам дека си, ќе ги цитирам скопјанишчана, „тапа фраер“. То ти е исто ко „Маја ми требит“, или ко „Госпоѓоооо, петти пат се јавувам“, или ко „Не карај мајка бре волу! Ти прв ми окара“, или „Кај е жената ти“ или миљон други такви, шо ак не ги знајш стварно си тапа фраер.
Али зато по Охридов летово мојш да најш катаљон вистински фраери. Море мачомени, море ѕверој! Иту ѕверој ко оние од планина. Им даваш соба за 300 денари, ги расфрлет куферите, одат на плажа, се мочет в езеро, и на враќање ги собирет сите жардиниери шо ќе ги најдат по пат, и по некоја гранка од дрвана по градов и си ги носат в стан. Ги редат околу кревети, по ходници, вециња и си се осеќет ко дома. Гранките од дрвата шо ги откорнале ги поврзвет со ортома шо си ја зеле од дома и се претворет во Тарзан, па излегвет на тераса да ја барет Чита. Пола од нив не знает ни да читет али то не е битно. Битно е да се дружиме! И после тргвет по кафанине, и таму „Сва моја песма је од бола, а та је песма живот мој“ во комбинација со две, три кригли и спремни се за свиркање и викање „шц малааа“ на икс женски персони. И после од ко ќе добијат по два, три шамари и од ко ќе сфатат дека се персони нон грати , се враќет во своето претходно хоум-мејд џунгла-стајл станче и ја фаќет она од Гоцета – „Ќе пијам ќе лумпувам, сум платил триста за станов, ак требит и ќе го уништам...“. И од ко ќе влезат во тој филм, лесно мојт да ти се десит ко мене пред некој ден. За малку шо не ме погоди еден душек ко поминвев под една зграда. Се изнервирало детето малце па фрлањето душеци од кревети на изнајмени станој му било нешо ко терапија. И не само душеци... све шо му е отпојќе. Освен гранките, пошо со нив се осеќал ко дома. Ја се кладам, да можеше да излезит в ходник и низ пенџере да го зафрлит станот на улица, гарант то ќе го напраеше. И ќе го качеше на некое дрво повисоко, за ептен ко дома да се осеќат. Си платил бе чоекот 300 денари, шо сакат ќе прајт. Така е! Браос! Добро сега, да бидиме тро сериозни, не викам дека сите се вакви, али и не те лажам за ова со душеков. Жими тебе така беше. Не знам дал ти теквит на лектирана за второ – „Приказни по телефон“ али во нејзе имаше приказна за некој деца шо биле ептен немирни и све кршеле, па се собрале возрасниве и решиле да им напрает некоја зграда шо ќе требит да ја уништат. Им ја напрајле и ги пуштиле внатре со чекани, казми, лопати, и батињава почнале да и онакват матер. И после недела дена конструктивност се откажале, им дошло преку гла и ја остајле така недокршена. И после биле мирни ко бубачки. Па си викам вака, во делов на туристички атракции во Охрид да напрајме и нешто такво. За симболична цена, ќе пуштаме внатре Тарзановци со вишок енергија и по некој чекан, па нека се забавувет. И после ко ќе се уморат мојме да ги пуштаме на Охридско лето да гледет некоја претстава. Е сега дали ќе најдат неоткажана претстава, то е друг муабет, али сепак мојме да пробаме.
Веќе не се ни бројат откажаните претстави на годинашново Лето. Сигурно не спремет за в година, за јубилејот – 50 години Охридско лето. Сигурно планирет да ни дает програма на 136 страници, со најголемите музички и актерски имиња и на крај да ни речат – Супраааааааајз, немат Охридско лето годинава. Се шалевме со вас, така малце јубилејно. Е така се прајт јубилеј бе брат. Ко овие од ФФМ за сто години фудбал во Македонија со влезнициве. Не знам шо се дешават пошо весников е веќе отпечатен овие дур игрет фудбал али то со влезниците стварно им беше јако. Еј дечки, ние трибина напрајвме, видете ја шуба е, ја ишаравме, ко знаме иста е. Види, види, најуба на цел свет. Ене и шпанцине ви ги викнавме, дојте да ја видите. Дојте, дојте, и на крај, бап – пола влезници в штаб. Митинг се прајт или шо. Имат да се знајт бреееееее! Исто ко – Љубчо крадеше ама имаше и за народот, само сега новокомпонирано – Грујо градеше ама карти немаше за народот. Ма шо ќе ти се карти. Шо ќе ти е и публика. Да беа попаметни ќе го земеја Грујо, ќе го исклонираја едно 10.017 пати, колку шо имат и седишта и ќе го ставеја да ја красит новава Северна трибина. На Јужна ќе донесеја митингаши со знамиња вмровски и ко ќе си го видеја лидерот од другата страна ископиран во платинест тираж ќе се развикаа – Јави се Се-вер-на, јави се Се-вер-на! И Грујовциве од спротива – Ма-ке-до-ни-ја, Ма-ке-до-ни-ја... На чичконо шо продават алкохол после седум во близина до стадионон, пардон, националнана арена, ќе му се слушаше ко Се-вер-на, Се-вер-на... Ма-ке-до-ни-ја, Ма-ке-до-ни-ја!!! Таман ко генерална проба пред сменава на имево. Боки Тринајска ќе пееше „Оооооо сооооолееее мииииооооооо“ а маестро Борис Трајанов „Сакам севернооо да ми е сееееее, и целиот свет воли диско, дискооо, а Боки коловоџа, воџа, воџаааааа...“ На Каролина не и дававме да пејт, нејзе ќе и даевме фалш влезница ненумерирана па после да се враќат дома по лична карта за да ја сменит. И на крај ќе истрчаше некој патриот со бугарски пасош гол на трева, ко шо биват на фудбалски натпревари, полицајциве ќе се фрлеа да го бркет, и на крај ко ќе го фатеа ќе напраеше прес конференција кај шо ќе кажеше дека го фатиле пошо бил бугарин, а тој сакал само да се подружит со Касиљас малце...
Јас пак чуди се зш ги запирале луѓено ко ќе поминет на црвено. Зш се бугари бе брат. Дискриминација, сТрамота... Ти теквит на онај нашион, Лазе Радески, серискион убиец од Охрид? Шо мислиш, зш го осудија него? Зш опрал луѓе? Ма немат врска, дискриминација ти е то бе брат. Го откриле дека на вечер пред да си легнит гледат бугарски певаљки на кабловска и оп – затвор. Абе седи, све то ти е смислена работа. Какво време дојде, да не мојш чоек да опериш ак имаш бугарски пасош...
Туку остај ти бугарски пасоши и црвени светла. Весников праеше две недели пауза па пошо не се имавме читано тро подолго време, да ве прашам како сте ми, како си поминвевте без нас, дали сте ми живи, здрави, арни... Еве да го прашам и преседников Џоле дали е арен. И онај дечконо од партијана негова, шо всушност не е негова, пошо беше независен кандидат, како шо е сега независен прецедател. Бичиклиски де, за него ти зборвам. Јас го мислев колегана негов, Емилијан, за шегаџија, тогаш ко ни викаше – во Струмица победивме,во Куманово победивме, во Вранешница победивме, во Струмица победивме, во Куманово победивме, во Вранешница победивме, а победивме и во Струмица, па во Куманово победивме, и во Вранешница победивме, и во... Ама ништо, Бичиклиски да ти бил поголем шегаџија. Од ко го премислија, пардон, од ко се премисли Џоле за Ламбета, излегвит Емилијан и викат – Бранко е крив. Демек сега на Бране му е криво шо за него немаше вила ко за Џолета шо имат па ојт одвреме навреме да барат таен влез за да осетит и тој малце од новиот преседнички кабинет. И демек вечерта му се посреќило, го нашол влезот, влегол, и патем решил да го додајт и Ламбета во листата за помилување. Паметно, доста паметно. Јас вака искрено, се си мислам дека Бранко е крив и шо се расипа времево во градов минатата недела. Се премислив. Не се криви ни скопјанишчана, ни битолчанине. Бранко е крив! И сега чекам некој ден ко ќе му снемат бензин во колана на Бичиклиски да излезит на прес и да речит – Луѓе, ја сабајле си влегвам в кола за да дојдам на прес за да го обвинам Бранко за глобалното затоплување, кога гледам не ми пали колата. Гледам на инструмент таблана, потенциометарон за бензин на нула. И веднаш ми текна, пак Бранко ми направил некоја саботажа. Замислете колку подмолен потег. Во четири сабајле, ми влегол во гаража и го испил цееееел бензин. Па зарем не е срамота тоа. Па до кога вака...
И јас то прашвам бе брат. До кога вака море. Појќе ти зборвиш за него отколку кај него в партија шо го прает муабет. И ако се вратит на власт, ми се чинит, ти најголеми заслуги ќе имаш. Ќе требит орден после да ти дават, ко Џоле на секој странец шо идат во државава шо му дават. Туку заеби ти ордени, ојдов ја сонцено да си го барам, за да можам на плажа да појдам. Или Бранета да го најдам и да го истепам пошо ми го зеде сонцето... Не, не, сепак ќе одам на Фејсбук да го решам квизон „Колку ја сакаш Македонија?“ и да ми испаднит „Македонец до коска!! Браво!“ и така горд дека сум напрајл нешо за земјава да одам да се развикам на стадион: Се-вер-на, Се-вер-на... Ма-ке-до-ни-ја, Ма-ке-до-ни-ја!!!
(ак не се приметвит, авторот е охриѓанец)(Колумната е објавена во неделникот Сега на 13 08 2009)
(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 20 08 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 25 08 2009 )