Ако мразите некој...

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Не мразам никој.Опериран сум од тоа.
 
Член од
15 април 2008
Мислења
27
Поени од реакции
0
Би требало да мразам мноооогу една личност но не би сакала да се замарам- да обрнувам внимание на некој кој тоа воопшто не го заслужува.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Mислам дека сите забегавте од темава. Колку што гледам, не е темава прашање дали мразите некого или не. Се бара друго. Ако мразите некој, тогаш да се изјасните што мислите во врска со прашањето што го постави Lady. Вака како што тера, ќе треба да се спои со старата тема.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Ако мразите некој, го мразите делот што го поседувате кај вас.
Што мислите, точно или не?
Не точно. Тоа што јас го поседувам, си го сакам. Добро де не се`, ама повеќето работи да. Истото кога го забележувам кај некој друг, може само повеќе да го засакам него, а и тоа што заедно го поседуваме. Дури може преку другиот појасно да согледам како тоа изгледа да се прави или има, па уште повеќе да го ценам истото.
Е сега, за негативните работи, може да е и точно. Моите мани кои сама не си ги сакам, доколку ги има некој друг ги мразам уште повеќе. Но дека се помалку, се задржувам на првиот дел од муабетот.:podsmev:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Мразење, не, ама да не сакаш некого или да ти е антипатичен, тоа ок.
не мислам дека мразиме некого зошто поседуваме исти особини, па тоа не нервира, ниту пак затоа што ги немаме неговите.Омразата е револт, или потреба да се истури бес, асоцијација за неред, нешто што може и колективно и индивидуално да си го препишеме, но не значи дека секој може да мрази, исто како што не секој може да сака.
Мразењето ми е некако трауматско, што знам, еве јас мрзам математика зошто никогаш не успаев да ја совладам...:pos2:
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
75
Поени од реакции
0
да мразам некој ... хм не знам мислам дека не можам да мразам некој колку и да ми нанел штета ... ме повредил или ако веке идеме на таа тема да мразам некого па и да сакам да му наштетам и ја со исто ... шо знам не сум мразољубива ... едноставно се повлекувам ... не комуницирам повеке со таа личност и крај ... нема потреба да се замарам со секој и сешто ... животот е премногу краток да се мразиме... :salut:
 

Kirov95

• GoD •
Член од
30 ноември 2007
Мислења
1.001
Поени од реакции
5
Не мрзам никој и не лагам да мрзам само да се љутам на некој ..
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
НЕ се замарам да мразам некој кој не е во мојот живот.Ако не ми се допаѓа некоја личност ја игнорирам и гототво.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
А кој ве праша дали мразите некој или не?
Темата не е во тој концепт......


Ако мразите некој, го мразите делот што го поседувате кај вас.
Што мислите, точно или не?
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
:helou: Мразење е прејак збор за тоа дали си препознаваш некои особини или ги немаш.Пореално е да се каже антипатични или љубоморни .Некогаш ни е криво зошто не сме како некој особи ,особено ако сме свесни дека немаме храброст за тоа. по мене пореално е да посакуваме да ги имаме особините што ни се допагаат кај друга особа ,ама да ја мразиме заради тоа мислам навистина не е право. за да мразиш некого треба многу поголема причина .:smir:
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Незнам што е мразење, зашто не сум била доведена до таква ситуација. Но сепак, кога не сакам некој, што не е еднакво на мразење, не го сакам заради спротивноста на неговите постапки или други карактеристики, со моие уверувања за правилниот кодекс на живеење и постапување. И така отприлика..
 

--**ЕмА**--

take me as i am
Член од
14 ноември 2007
Мислења
380
Поени од реакции
11
Има 2 личности што НЕ ГИ САКАМ у животов ама мразење ми е нешто многу посилно што уште не сум го осетила и се надевам нема ни да го осетам...
 

Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Од омраза до одбивност има мнооогу голема разлика. Затоа пазете што зборувате. Мене многу личности ми се одбивни, но не ги мразам. :toe:
Како што рече Анкица, омразата не е мала работа, за да мразиш некого треба навистина да имаш голема причина. Одбивност е само некој да не ти се допаѓа, а омраза е...еве пример: некој те силува и после чувствуваш голем бес и омраза. Е, тоа е тоа. :toe:
Без да имам некоја јака причина, никого не мразам, туку само не сакам. Поготово не мразам поради глупости како што пишува во поговорката. Да мразам некого затоа што не сум како него?!
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
:helou: Мразење е прејак збор за тоа дали си препознаваш некои особини или ги немаш.Пореално е да се каже антипатични или љубоморни .Некогаш ни е криво зошто не сме како некој особи ,особено ако сме свесни дека немаме храброст за тоа. по мене пореално е да посакуваме да ги имаме особините што ни се допагаат кај друга особа ,ама да ја мразиме заради тоа мислам навистина не е право. за да мразиш некого треба многу поголема причина .:smir:

Не ми го менувај постот...Убаво е пишана мислата...Баш како што треба....

Од омраза до одбивност има мнооогу голема разлика. Затоа пазете што зборувате. Мене многу личности ми се одбивни, но не ги мразам. :toe:
Како што рече Анкица, омразата не е мала работа, за да мразиш некого треба навистина да имаш голема причина. Одбивност е само некој да не ти се допаѓа, а омраза е...еве пример: некој те силува и после чувствуваш голем бес и омраза. Е, тоа е тоа. :toe:
Без да имам некоја јака причина, никого не мразам, туку само не сакам. Поготово не мразам поради глупости како што пишува во поговорката. Да мразам некого затоа што не сум како него?!

Која поговорка ако може?:)
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.640
Поени од реакции
16
Ако мразите некој, го мразите делот што го поседувате кај вас.
Што мислите, точно или не?
Ако е вака,тогаш значи дека кај мене ништо не ми смета.Никој не мразам,туку само ме нервираат одредени личности.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom