Ако во човекот има душа, тогаш каде се наоѓа таа?

F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Под здраворазумни, подразбирам поеднинци на кои умот не им е оптеретен со „научни„ предрасуди за ова или за она. т.е. под здраворазумни подразбирам поединци кои не се инаетат на вистините кои ни се од Бога откриени и на тој начин остават можност за поинакви вистини од вообичаените.
Никаде не споменав „нездраворазумни„ па незнам зашто ота го земаш толку лично. Никаде не напишав дека ти лично си нездраворазумна.
да не се правиме на тошо, наглупи иликако сакаш океј твое си е тоа дека веруваш во Бога.И јас не се инаетам,барем не во оваа дискусија.Ти велиш дека се вистини, за мене се обични тези кои никогаш не биле научно докажани.И да се потпирам на науката затоа што ми е посигурна и поверодостојна отколку религијата.Тоа е мојот личен став и поради тоа неожеш да ме класифицираш како нездрава/нездраворазумна.А бидејќи го опишуваш здраворазумниот со спротивности од мојот став, логично е да велиш дека јас сум нездраворазумна.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Логиката е рационална а не верска категорија. Верата е духовна а не рационална. Така се „размислува„ во христијанството па според тоа, нема потреба да се правам „на тошо„ и „на МИКИ1„
Ако Бог го одредил Апостолот Петар за прв меѓу еднаквите, што е тогаш со другите-сите други Апостоли се „втори„? Ако Христос Бог најмногу го сакал Апостолот Јован, значи дека другите Апостоли ги мразел? Ти текнува?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Па ако нешто не е рационално, тогаш е ирационално, па за оние што се однесуваат ирационално има отворено посебни установи (не се црквите...да нема забуна):kesa:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ако не е рационално, незначи дека е ирационално. А што ако нерационалното е духовно? Мора ли нерационалност да асоцира на „бардовци„?
Онака, за да нема забуна и овде...
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Не, јас никогаш не сум слушнал за трасплантација на срцето......се шегувам, нормално.
Трансплантацијата на срцето, според медицинските ( а не според моите ) сознанија, значи воедно и ЦЕЛСОНО менување на личноста и нејзините ОСОБИНИ. Ти текнува? Тоа само по себе е показател дека во срцето има „нешто„ кое , кога ќе се пресади срцето, се пресадува и „нештото„ па така, оној пациент на кого му е пресадено срцето, стекнува особини кои до пред пресадувањето не ги ни познавал, значи , ПОПРИМИЛ „нешто„ со пресаденото срце.
Приказни за мали деца. Или, уште еден производ на Холивуд. Луѓето сакаат внимание, сакаат да ги има во весник, и, ајде, направил операција на срце, и ќе кажува дека оттогаш прави работи кои никогаш порано не ги правел... Јеее рајт. Последно читав дека некој направил трансплантација на рака, и станал музичар:pos2:

А тоа со вештчкото срце е веќе видено, имајќи во предвид колку трае животот од пациентот со вештачко срце. Но тука нема никаков проблем, оти душата/духот животен не е само во срцето туку и во мозокот човеков, па така, пациентот со вештачко срце може да живее некое време и да биде свесен за својата состојба.
Технологијата оди напред Микица. Првото вештачко срце (во шеесетите) траело 20-30 сати. Во 70тите десетина дена, па неколку месеци... Последните сеуште траат. Луѓето далеку дека останале без душа, далеку дека не се повеќе истите тие.
 
BlaCk FiRe

`Going NoWhere`
Член од
21 март 2008
Мислења
637
Поени од реакции
18
А АКО ТИ ГО СМЕНА МОЗОКОТ ВО НЕКОЕ ДРУГО ТЕЛО ? Ќе се смени и душата ? Дали ? :)
 
TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Ме интересира што мислите за свите важи ... :)
Јок , и моментално не е можно пресадување на мозок кај човек , како шо знам .. на мајмун да , али кај човек не сум сигурен ...

Инаку , нема везе тоа со трансплатацијата , црквата е иста на ова прашање как ои абортусот и клонирањето итн...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ако не е рационално, незначи дека е ирационално. А што ако нерационалното е духовно? Мора ли нерационалност да асоцира на „бардовци„?
Онака, за да нема забуна и овде...
ирационално=нерационално, само преведено

образложи го тоа духовно, не општо, од твој аспект(религиозниот)
во најголем број случаи:kesa:

Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Во човекот НЕМА душа. Човекот Е Душата. Во него има Дух кој заедно со телото ја сочинуваат Душата.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Православието познава дихотомно и трихотомно објаснување за човековата структура.
Дихотомното, како што и кажува изразот, е дводелно: човекот е составен од душа и од тело.
Трихотомното учење се надоврзува на претходното и е малку подетално елаборирано: вели дека човекот е структуиран од дух животен, душа и тело. Духот животен го дава Светиот Дух, при зачнувањето на новиот човек од неговите родители, кои на новозачнатиот му даваат тело. Душата е дел од духот животен и претставува „спона„ помеѓу духот животен и телото. Телото пак, е материјална структура која е дел од овој, материјалнов свет, за разлика од духот животен, кој е дел од духовниот свет.
Духот е етичен (распознава и расудува), душата е емотивна (чувствува, доживува) а телото е материјално и контактибилно со физичкиот свет.
Затоа, во православието, човекот е „над„ ангелите, оти тие имаат само дух (тие се само духови), а човекот е комбинација си „делови„ и од духовниот и од материјалниот свет.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Приказни за мали деца. Или, уште еден производ на Холивуд. Луѓето сакаат внимание, сакаат да ги има во весник, и, ајде, направил операција на срце, и ќе кажува дека оттогаш прави работи кои никогаш порано не ги правел... Јеее рајт. Последно читав дека некој направил трансплантација на рака, и станал музичар:pos2:

Технологијата оди напред Микица. Првото вештачко срце (во шеесетите) траело 20-30 сати. Во 70тите десетина дена, па неколку месеци... Последните сеуште траат. Луѓето далеку дека останале без душа, далеку дека не се повеќе истите тие.
Во својот пост, нагласив дека сознанијата се медицински, што значи, се работи за научни а не за црковни сознанија (иако тие сознанија за Црквата не се ништо ново) па сега, која е потребата од инаетење? Ако напишам црковен став-не е добар. Ако напишам научен став-и тој не е добар. Според тебе, која е вистината? Што уште треба напишам за да биде убедливо?
А тоа дека вештачкото срце станувало се подолготрајно-јака работа! Уште малку па човекот ќе го претвориме во механизам на кој по потреба ќе му се додаваат и одземаат делови-МОДУЛАРНО!!! Ха-ха-ха!
 
trickster

Remember the name …
Член од
19 август 2007
Мислења
452
Поени од реакции
14

Тебе ова ти е смешно ццц не би сакал ни блиску да да осетиш како делуваат тие механизми.За разлика од твојот господ кој неможе да ги спаси лугето на кои им откажува срцето или на деца кои имаат ампутирани раце или нозе тој механизам може.На милиони луге тие механизми во најмала рака им ја имаат вратено желбата за живот а не некоја фикција....
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Ne postoi dusha.
Toa e laga so koreni od asiro-vavilonskiot misticizam.
Samiot covek e dusa.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom