Затоа што треба да си голем шутрак на возило од 30 илјади евра кое е направено за воени цели и алтернативно се користи за курташање ако си голем богаташ. А да го купиш и да го бушиш моторот за да ставиш плин - катастрофа.
Видов и една Х5 4.4и исто на плин.
Нашиот народ не ја разбира филозофијата на голем мотор. Тој е направен да биде поиздржлив од останатите слични во серијата автомобили каде се продаваат (повеќе цилиндри итн) да пружа поголема сила пред се за влечење глисер, бродче, камп приколка, едрилица итн (В6, В10, В12) и при нормално возење да троши незначително повеќе од помалите мотори, бидејќи на помали вртежи остварува поголем обртен момент па нема потреба со голема туража да се вози на автопат. Вака, си имаш супер количе кое е удобно, доволно големо да го сместиш целото семејство внатре, да закачиш камп приколка или бродче и да одиш на викенд или одмор.
Ама овие коли не се направени да се возат нон стоп на резерва на балканот и да се возат 0-100 од семафор до семафор. Па кога ќе види кабадајата дека колата троши 40 литри на сат тогаш дај да му туриме плин, ќе го избушиме моторот, ќе туриме плинска боца во багажник. И што си добил, унаказен мотор кој нема теорија да ги извози оние километри за кои е способен и направен, немаш багажник бидејќи ти треба 120 литри боца да извозиш 300 км на автопат. Имаш Франкештајн од кола.