Пред закажаната светска премиера на салонот во Женева, достапни се официјалните информации за новата генерација Hyundai i30 Караван, вториот член на семејството на новата генерација на i30...
Иако на прв поглед караван верзијата на i30 е нешто помалку елегантен автомобил во однос на хечбек моделот, јужнокорејскиот производител тврди дека се работи за најпространиот модел во својата класа, посебно кога е во прашање багажниот простор, чиј капацитет изнесува 528 литри. Со спуштањето на задните седишта, оваа бројка се утростручува, достигнувајќи 1642 литри, што е за пофалба.
Врз основа на овие податоци, се чини дека i30 Караван ќе има одлично стратно место во трката со конкурентите. Должината на новиот модел изнесува 4485mm, што е за 50mm подолг од ривалот Golf Караван, и 35mm пократок од Ford Grand C-Max со седум седишта. Golf Караван има волумен на багажниот простор од 505 литри, а Ford Grand C-Max – 475 литри.
Новиот i30 ќе биде достапен на европскиот пазар со истата понуда на мотори како и моделот со пет врати – три бензински, со директно вбризгување и три дизелски агрегати, со сила од 93 до 132 КС, соодветно.
Како и секој модел од семејството на Hyundai за Македонскиот пазар ќе поседува 5 годишна гаранција, 5 години помош на пат и 5 години бесплатна проверка вo сервис.