Да не е затоа што нема доволно шофери у државата и ради одредени глупави правила и прописи кои што истата држава ги има воспоставено?
Сите се гласни против газдите, ама отворете фирма и издржете 1 година па ќе збориме. За вадење на лиценци се бараат вработени шофери во редовен работен однос и пензионирани шофери се пуштаат на кратки релации (возење фабрика или погон).
Истата држава за која што збориш дека као им попушта на газдите внесува одредени правила кои се косат со логиката и те обрзуваат на дупли трошоци на уште непочнато вршење на превоз. Пример за лиценца да извадиш потребни ти се мин 2 автобуси со 2 шофери у редовен работен однос тоа значи мин 60 000-80 000 месечно на плати и придонеси (сите забораваат дека фирмата ти плаќа данок и здравство у државава). А ти пример имаш работа само за 1 автобус кој ти носи 150 000 месечно. Што значи дека треба да плаќаш дупло придонеси + оддржување на возило кое што ќе лежи у гаража а работиш по смешни цени со кои што едвај си овозможуваш минимална заработка со 1 автобус.
Да не зборам што плаќаш огромни давачки при регистрација, пример дупла патарина (ја плаќаш еднаш кога регистрираш возило и плаќаш втор пат кога се движиш по автопат зашто ги посејаа на 20 км).
Не може така еднодимензионално да ги гледате работите, зашто дури ти како работник имаш задача да завршиш одредено нешто за 8 саати и си бегаш дома, некој мора да пази и внимава на секој детал 7 дена у неделата. Зашто еве сеа една беља газдата го бркаат сите, иако може да немал појма дали шоферите пренасаат нафта, петарди, вода, кокаин, хероин или слично. Затоа што многу пати шоферите на своја рака си зимаат пакети на пријатели да пренесат за некој познаник у странство.